Како што ви ветив еве предпразнично да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени по предметот Хумана генетика за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 4 студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 9, еден има 8, две добија 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа не порано од 17 јануари. Студентите што се означени во црвена боја треба да земат задача и да ја одговараат таа задача по празниците доколку сакаат да полагаат во јануарска сесија, или наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment