Бидејќи постојано се случуваат некои пропусти од ваша страна, должен сум да повторам некои работи во врска со полагањето на испити кај мене.
- На испит се доаѓа пред време 10-15 минути, а никако откако тој ќе започне.
- На испит, не се препишува, не се договара, довикува, не се користат hands free и слични помагала.
- На испит се доаѓа со пополнета пријава со сите генералии, код на предмет, ЕКТС кредити и слично. Пријавата треба да биде задолжително со захефтана уплатница, а не таа да биде слободна како би можела да се изгуби. Имате доволно време тоа да го сторите пред испит, а не по испит.
- Испитите се полагаат без ургенции!
- На испит се оди со научен материјал, а не на среќа или само со еднаш прочитана содржина. Ова правило треба најмногу да го почитувате, а вие токму спротивно најмалку го почитувате.
Ете тоа се петте златни правила, за кои сакав да ве потсетам. Ако не ги почитувате нема успех, ако ги следите и цените тогаш успехот е неминовен.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.