Thursday, May 31, 2018

Impact of Parent Education on Families in South-East Europe

Abstract

D. R. Preece1, J. Stošić2, E. Theodorou3, J. Troshanska4, K. Mavrou3, L. Symeou3, J. Frey Škrinjar2and V. Trajkovski5, (1)Faculty of Education and Humanities, University of Northampton, Northampton , United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland, (2)Department of Inclusive Education and Rehabilitation, University of Zagreb, Zagreb, Croatia, (3)School of Humanities, Social and Education Sciences, European University Cyprus, Nicosia, Cyprus, (4)Macedonian Scientific Society for Autism, Skopje, Macedonia, (5)Faculty of Philosophy, University of Ss Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

Background: Autism challenges traditional parenting styles, and can make parents feel deskilled and disempowered, especially if little information or support is available to them. Providing accurate information about autism to parents, and teaching them to adapt their parenting using good autism practice has been shown to be effective in improving personal, educational and social outcomes for individuals with autism and their families (Bearss et al 2015, Farmer and Reupert 2013). However, such support is extremely limited or non-existent within some south-east European countries.

Objectives: A three-year European Union-funded project has been established involving family members, professionals and academics. Its objectives are to develop a core parent autism education curriculum and locally appropriate parent education materials and methods; to provide parent education in three diverse south-eastern European countries (Croatia, Cyprus and the Former Yugoslav Republic of Macedonia) where diagnosis and service provision are emergent; to develop local parent education teams within these countries to ensure sustainability; and to evaluate the impact of the parent education events upon families attending.

Methods: After reviewing the literature and surveying parental priorities in the three countries, a 12-hour parent education programme and locally differentiated training materials were developed. In total, five cohorts of approximately 20 parents each will receive parent education within each of the three countries. A combined process and outcome mixed methods evaluation methodology (Royse et al 2009) is being used to evaluate the project. Data are gathered via pre-attendance, post-attendance and follow-up (3-month) parent questionnaires – incorporating the CarerQoL quality of life scale (Hoefman et al 2014) – from all participants, semi-structured interviews with a purposive sample of parents, trainer focus groups and reflective diaries, and document analysis. We here report on quantitative (n = 108) and qualitative data (n = 20) from parent cohorts 1 and 2.

Results: Quantitative data identify that >90% of respondents have improved their understanding of autism, >80% report improved child communication and >75% report improvements in overall family life, their ability to predict their child’s behaviour and their ability to respond to concerns and comments from the broader family. Carer QoL data indicate increased parental happiness following attendance (p=.001). Key themes from qualitative data are the positive impact of attending the parent education programme, increased awareness regarding sensory and communication issues and improvements in everyday life. Parents also reported that attendance provided opportunities to meet other parents and reduced social isolation.

Conclusions: Data from parent cohorts 1 and 2 identify that parents who have attended the parent education programme have found it beneficial, and that it has had a positive impact on their family life. Key areas of impact have been improvements in communication and improved management of sensory and behavioural issues. This supports the continued and wider provision of parent education within these countries. Further data from cohorts 3 and 4 will have been collected and analysed by the time of INSAR 2018.

Source: INSAR

Wednesday, May 30, 2018

15 ЕКТС поени и друго - 01.06.2018

Почитувани студенти,
Како што знаете испитите во првата декада од јунската сесија започнуваат во понеделник и вторник. Вие треба да се пријавите кој испит во која декада ќе го полагате кај одговорните студенти по генерации најдоцна до вечер до 20.00 часот, а тие треба најдоцна до утре во 12:00 часот да ми го достават списоците за да можам да направм доволен број на копии од тестовите. 
Ви излегувам пресрет со уште еден термин за консултации, собирање 15 ЕКТС поени и потписи во петок на 1 јуни во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Потоа додека трае испитната сесија за ваква намена нема да можам да ви бидам достапен како што вие сте си замислиле.
Доколку има потреба за одговарање за 15 ЕКТС поени можам да ви дадам само уште еден термин во јуни во периодот меѓу 21 и 30 јуни.
Предметен наставник

Tuesday, May 29, 2018

Список на ЕКТС поени по предетот МОИ - 2018

Почитувани студенти,
Како што ви ветив утрово, ви го проследувам списокот со освоени ЕКТС поени по предметот Медицински основи на инвалидноста. Само пет студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и тоа една 8-ка, три 7-ки и една 6-ка. Честитки до нив! За да го симнете списокот мора да го имате програмот Microsoft Excel. Сите студенти што се означени со црвена боја имаат право на потпис кој веќе го земаа, но немаат право да полагаат испит се` додека не земат задача и додека не ја одбранат истата и се` додека не освојат 15 ЕКТС поени. Сите студенти што се означени со зелена боја немаат право на потпис, или се вонредни студенти, или се откажале од студирање.
Предметен наставник

Резултати втор колоквиум МОИ - 29.05.2018

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот втор колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. За жал само една студентка не успеа да го положи и ќе мора да се јави на целосен испит. Честитки до положените студенти и напомена дека оцена ќе може да земат од 06.06.2018 година во ден кој ќе биде предвиден за пишување оцени.

Reden broj
Broj na indeks
Bodovi
1.       
8555/14
27
2.       
24560/17
25
3.       
24529/17
24.5
4.       
24062/16
24.5
5.       
9487/16
21.5
6.       
24048/16
20.5
7.       
8941/15
20
8.       
24054/16
19.5
9.       
9480/16
18.5
10.   
23782/15
18
11.   
24522/17
18
12.   
24543/17
7

Предметен наставник

Sunday, May 27, 2018

За електронската книга: Autism: is there a place for ReAttach therapy?

Почитувани колешки и колеги,
Имам особено задолство да објавам дека завчера излезе во ПДФ формат електронската книга со наслов: Autism: is there a place for ReAttach therapy? A promotion of natural self-healing through emotions rewiring во која уредник е д-р Paula Weerkamp-Bartholomeus од Холандија, a соработници се: Soren Petter, Ashutosh Srivastava, Michael Fitzgerald, Donatella Marazziti, Alexander B. Poletaev и Vladimir Trajkovski. Книгата е издадена од италијански издавач со седиште во Рим и има свој ISBN број 978-88-98991-71-6 како што си е редот. За голема среќа на моите читатели книгата може да се симне од интернет без материјална надомест доколку одите на следниот линк. Мора да признаам дека ми направија голема чест странските колеги, за разлика од некои овдешни.


Коавторот

Friday, May 25, 2018

Потписи преслушувачи МОИ - 2018

Почитувани студенти преслушувачи,
Сите вие кои го преслушувавте предметот МОИ, треба да дојдете по потпис во среда на 30.05.2018 година во библиотеката на нашиот институт во период од 11:30 до 12:30 часот, Молам за почитување на терминот заради тоа што за таа намена немам други термини.

Предметен наставник

Втор колоквиум МОИ, семинар МОИ и потписи

Почитувани студенти,
Сите вие кои го положивте првиот колоквиум МОИ треба да дојдете на 29.05.2018 година (вторник)  во 08:00 часот да го полагате вториот колоквиум во лабораторија на Педагошки факултет (т.е. 10-15 минути порано). Другите студенти што нема да полагаат треба да бидат 10-15 минути пред 09:00 часот за да го слушаат семинарот и за тоа ќе добијат плусови за присуство на предавања. Потоа, се делите во групи како за вежби на кои ќе добиете потписи. Индексите задолжително да се носат со себе.
Студентите кои пријавија презентација на семинар се должни до недела во 18:00 часот да ми ја достават истата на мојата службена е-пошта.

Предметен наставник

За трибината „Културолошка инклузија на лицата со инвалидност во РМ" - фото + видео

Драги колешки и колеги,
Веќе беше објавено на моите социјални медиуми дека на 22 мај во 18.00 часот во објектот Чифте Амам во организација на Националната галерија на Македонија се одржа првата трибина од ваков карактер насловена како:  „Културолошка инклузија на лицата со инвалидност во РМ". На трибината присуствуваа следните дискутанти:
Г-ѓа Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика
Проф. д-р Арбр Адеми, Заменик Министер за образование и наука
Проф. д-р Дита Старова - Ќерими, Директорка на Националната галерија на Македонија,
Проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет
Проф. М-р Синоличка Трпкова, Факултет за Драмски уметности
Г-дин Денис Јанкуловски, Невладина организација Аутизам МК
Г-ѓа Домника Кардула, родител
Модератор на трибината беше Огнен Јаневски.
Меѓу другите присутни имаше 5 членови од МНЗА и 15-тина студенти од Институтот за дефектологија на кои им благодарам за присуството.

Министерката и Заменик Министерот си кажаа што имаа да си кажат, одговрија на 2 прашања и си заминаа околу 19.00 часот. Малку некултурно и некоректно кон останатите, но ова беше очекувано за нас. Такви се нашите политичари. Море добро и пто дојдоа да кажат нешто на трибината. :)
Би издовил некои поенти од моето излагање за оние кои не беа дојдени.

Постојат докази дека арт терапијата кај децата со аутистичен спектар на нарушувања во специјалната едукација придонесува за позитивни промени на нивното социјално однесување и нивниот фокус на внимание. Арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување. Арт терапија може да придонесе за ублажување на две главни проблематични области: социјални комуникациски проблеми и ограничени и повторувачки шеми на однесување. Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам.
Музејот и галеријата може да биде позитивно искуство за лицата со аутизам, бидејќи постојат различни стилови на учење кои музеите можат да ги постигнат. Колку повеќе музеите споделуваат знаења за аутизмот, толку се подобри шансите лицата со аутизам да се вклучат во средината која е добредојдена за нив. Ако повеќе луѓе станат свесни за музеите и за заедницата со аутизам, светот ќе биде подобро место за живеење. Фотографијата како вид на арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување.

Но, за секој случај тука  е моето снимено излагање за што бескрајно му благодарам на мојот колега и пријател од МНЗА г-дин Стојан Андонов.




Доколку сакате да погледнете слики од настанот ќе треба да одите на Фејсбук страницата на Македонското научно здружение за аутизам.

Претседател на МНЗА

Thursday, May 24, 2018

За вебинарот со колегите од Индија

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе објавив, вчера 23.05.2018 година се одржа вебинарот насловен како: „Етиологија и патогенеза на аутистичниот спектар на нарушувања" кој го организирав за колегите од Универзитетот од Кандахар во Индија. Вебинарот во амфитеатар на универзитетот во Индија го проследија 50-тина гости, а видеото на мојот јутјуб канал има досега за 24 часа 73 прегледи. Ќе ви проследам размислувања на двајцата колеги професори кои ме поканија да го одржам вебинарот:
„Dear Dr Trajkovski
Thank you so much for taking out time out of your busy schedule and address the gathering here in Chandigarh. Your lecture was very comprehensive and it updated everyone. All the participants were very satisfied. They have more questions that they will post on YouTube live. We have shared your social media links with the audience". - Prof. Dr. Priti Arun

"Dear Prof Vladimir,
Thank you very much for the wonderful lecture yesterday. Although, I could not attend the complete lecture and had to leave for an urgent meeting, however, the immediate feedback is that it went very well and was very useful. However, Prof Priti will send you a detailed feedback. Thanks once again". - Prof. Dr. B.S. Chavan 

Би сакал со вас да го споделам со вас уште еднаш видеото за оние кои немале можност да го следат во живо. Овде би напоменал дека видеото треба да почне да го гледате од 6:15 минути, бидејќи претходно колегите има технички проблеми со интернетот, а јас вчера речиси цел ден се обидував на Јутјуб да го исечам тој дел, но засега бесуспешно.


Колегите од Индија беа љубезни, па ми проследија слики од атмосферата во тамошниот амфитеатар:




Доколку сте заинтересирани да ги погледнете слајдовите од моето предавање, истото ќе можете да го сторите овде.
Среќен ден на сесловенските просветители „Светите Кирил и Методиј"!

Претседател на МНЗА

Tuesday, May 22, 2018

18 години МНЗА

Почитувани колешки и колеги,
Денес, 22 мај 2018 година, МНЗА го прославува својот 18-ти роденден или своето полнолетство. Како вчера да беше основачкото собрание кога група ентузијасти предводени од професорите Љ. Ајдински, М. Спироски, Д. Копачев, К. Василевска и јас тогаш асистент како основачи на здружението го одржавме собранието заедно со уште десетина колеги од Институтот за дефектологија при ФЗФ и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при МФ, каде што и се одржа состанокот. Оттогаш наваму поминат е долг пат исполнет со многу премрежја, со многу опструкции, но и со многу радости и постигнувања. Ние сме најстарото здружение кое се занимава со проблемите на лицата со аутизам и нивните семејства. Реализиравме 15-тина значајни проекти во овој период. Од наши членови се објавени 100-тина трудови во меѓународни списанија. Наши трудови се цитирани во престижни списанија. Во последната декада организиравме 4 крупни настани за подигање на јавната свесност. Покрај научните проекти кои што не` красат, организираме и социјални проекти за поддршка на семејствата кои имаат лице со аутизам. Многу соништа, остваривме, но имаме уште многу пат да изодиме до подобрување на квалитетот на живеење на децата и лицата со аутизам и нивните семества. Моментно здружението брои околу 45 членови. Во него продефилираа околу 100-тина членови кои од разно разни причини не го продолжија патот со нас. Но, нас најупорните не` краси мотивот да помогнеме на овие семејства без материјална надомест. Сите семинари и конференции што сме ги органзирале досега, а биле десетици на број не сме наплатувале котизација и партиципација од учесниците, нешто со што да не можат да се пофалат други здруженија. Сме извршиле прегледи на повеќе од 170 деца и младинци со аутистичен спектар на нарушувања. Организирани се 7 обуки на родители на деца со аутизам во последните 2,5 години. Има уште доста работа да завршиме во наредниот период. Но, констатација и на други неутрални лица е дека сме го положиле испитот на зрелоста и преставуваме еден бренд во оваа област. Повеќе за резултатите на веб страницата.
Нека ни е честита годишнината од постоењето и да ни се множат успесите.

Претседател на МНЗА




Friday, May 18, 2018

Од мој агол - Изложба на фотографии создадени од деца со аутизам

Почитувани колешки и колеги,
Имам пријатно задоволство да ви ја најавам изложбата „Од мој агол“, која ќе се одржи денес на 18 мај, со почеток во 13 часот во објектот Чифте амам, а во организација на Националната галерија на Македонија. Изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии кои децата со аутизам ги изработија во текот на организираното фотографирање на различни локации низ Скопје. Тие низ нивна призма и од нивен агол ни го доловија амбиентот од тоа што го доживеаја. 
Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам. Терапевтите ги опишуваат ефектите на уметничката терапија врз тие деца како способни да ги развијат своите компетенции за да го насочат вниманието, да ја подобрат флексибилноста, да се однесуваат на поструктуриран начин и да ги изразат своите искуства вербално. Верувам, дека фотографирањето може да биде од неверојатен интерес за лицата со дијагнозата на АСН. Тоа е форма на уметност која вклучува технички елементи (рачна изложеност - во која корисникот ги дефинира сите поставувања на фото апаратот) и примената на знаењето (составот, светлината, хармонијата на боите, предметот итн.).
Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од страна на Холандската амбасада во Република Македонија. 
На отварањето на изложбата ќе имаат настап и професионалните танчери со Даунов синдром од студиото Dancers United МК.

Претседател на МНЗА

Wednesday, May 16, 2018

Invitation for a Webinar: ETIOLOGY AND PATHOGENESIS OF AUTISM SPECTRUM DISORDERS

Dear readers,
I would like to invite you for free webinar about "Etiology and pathogenesis of autism spectrum disorders" next Wednesday on my YouTube channel. I would like to thanks to Prof. Dr. B.S. Chavan and Prof. Dr. Priti Arun from Department of Psychiatry, Govt Medical College and Hospital, Chandigarh in India. Here is invitation for their colleagues at their university:

INVITATION TO ATTEND WEBINAR
BY
PROFESSOR VLADIMIR TRAJKOVSKI
ON
‘ETIOLOGY AND PATHOGENESIS OF AUTISM SPECTRUM DISORDERS’

Dear Colleague,
On behalf of Department of Psychiatry, Government Medical College and Hospital, Chandigarh, you are cordially invited to join us at a guest lecture by Prof. Vladimir Trajkovski titled ‘Etiology and Pathogenesis of Autism Spectrum Disorders’.
Professor Vladimir is a full professor in Autism Spectrum disorders, Human Genetics, Physiology and Functional Anatomy and Medical Aspects of Disability at University of St. Cyril and Methodius, Skopje, where he works within the Institute of Special Education and Rehabilitation. He is also the President of Macedonian Scientific Society for Autism. He has numerous publications on autism spectrum disorders and is the editor- in- chief of Journal of Special Education and Rehabilitation. He is former editor- in- chief of Journal of Special Education and Rehabilitation and curent editor-in-chief of Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities .
The lecture will be delivered through live streaming on YouTube, on the link provided below. Prof. Vladimir Trajkovski will be discussing the advances made in the area of understanding the etiology and pathogenesis of autism spectrum disorders. It promises to be an interesting lecture/ discussion on the current understanding related to the topic.

When: 12:00 Noon (India time), 08:30 (CET and Macedonian time) on 23rd May 2018
Where: Auditorium, Level 7, Block- E, GMCH
Link to Live YouTube.

I would like to invite all interested my colleagues, students and friends to watch me next Wednesday.
I will try to answer on questions send on my YouTube channel in real time.
Thank you for your attention.

The Presenter

My articles cited in CrossRef

Dear readers,
Please find my articles cited in CrossRef database with DOI numbers.
Cheers

Monday, May 14, 2018

Термини за полагање испити за втор циклус студии - летна сесија 2018

Почитувани постдипломци,
Ви ги давам на увид термините за полагање на моите испити од втор циклус студии за февруарската испитна сесија. Тоа се следните датуми:

11.06.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

26.06.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

Ве молам да ме известите по е-пошта за декадата во која сакате да ги полагате моите испити. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Нека е со лесно подготвувањето на испитите.

Предметен наставник

Friday, May 11, 2018

15 ЕКТС поени - мај 2018

Почитувани студенти,
На сите вам што ви фалат 15 ЕКТС поени по моите предмети, сакам да ви укажам дека постои уште многу малку време за да ги освоите. Посебно се обраќам кон вонредните студенти кои се` уште не се појавиле да земат задачи. Не знам што чекаат? Овие термини важат и за повозрасните генерации кои додека биле прва година не освоиле 15 ЕКТС поени. Имајќи предвид дека понеделник и среда ми се денови за консултации и тоа од 10:00 до 11:30 часот, на располагање им остануваат само уште 5 термини и тоа: 14, 16, 21, 28 и 30 мај. Сето ова ќе се реализира под услов некоја „виша сила" да не ме спречи. Сакам да ви укажам дека во јуни нема да има термини за 15 ЕКТС поени, бидејќи тогаш треба да се посветам на испитите и на многуте други обврски кои стојат пред мене.
Ви благодарам на разбирањето
Предметен наставник

Thursday, May 10, 2018

One of mine articles have been cited in Ph.D. thesis from San Diego

Dear readers,

I want to share one interesting Ph.D. thesis entitled: Examining the Correlation Between American Students’ Cultural Intelligence and their Social Distances from their International Peers at a Private Midwestern University" by Sami Mejri from Northcentral University, School of Education in San Diego, California.
She have been cited this article: Trajkovski V. How to select appropriate statistical test in scientific articles. J Spec Educ Rehab 2016; 17(3-4):5-28. doi: 10.19057/jser.2016.7

Cheers,
Cited Author

Saturday, May 5, 2018

New web site of JRTDD launched May 4th

Dear readers,
We want to inform you that we already launched new web site of Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities today May 4th, 2018. You are kindly invited to submit papers which are in scope of the journal. You can click on the link above and visit our new web site.
Cheers,
JRTDD Editor-in-chief

Thursday, May 3, 2018

Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities on social media

Respected colleagues,

Our new Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities is already present on social media. You can follow the journal on the those social media:
Facebook page: Journal for ReAttachment Therapy and Developmental Diversities
LinkedIn Company: Journal for ReAtachment Therapy and Developmental Diversities
Twitter: Journal ReaAtt Ther Develop Divers @jrtdd

Cheers
JRTDD Editor-in-chief

Wednesday, May 2, 2018

Zero percents of people with autism in employment, Macedonian study says

Dear colleagues,
During the #ReAttach conference 2018 in Eindhoven I gave an interview for independent journalist @Catalina George from Romania who lives in UK last seven years. It was my pleasure to talk about the state of art with autism in #Macedonia and #ESIPP project as well. Bellow you can find what she wrote at her youtube channel.

In Macedonia, local organisations, in partnership with similar European entities, support families of children with autism more than the government does. Prof. Dr. Vladimir Traikovski, the president of the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), talks about high standards of research, with little government support. He gave Landinside an interview at the first international ReAttach conference on autism in Eindhoven, April 2018. According to him, a study conducted with a group of undergraduate students in 2010 revealed zero people with autism in employment in Macedonia. Recently, MSSA ran a project in the Balkan country, in partnership, among others, with University of Northampton, Autism Europe and other organisations in the region. Called "Equality and social inclusion through positive parenting", the project offered training and support to parents of children with autism. 


President of MSSA