Monday, September 29, 2025

Силабус по предметот Физиологија со функционална анатомија 2025/2026

Почитувани студенти од ИСЕР,

На два дена пред новата академска година сакам да го споделам со вас силабусот по предметот Физиологија со функционална анатомија. Предавањата и вежбите се задолжителни за актуелната прва година за да добијат потпис, за сите оние кои минатите години не добиле никогаш потпис и за оние кои не положиле комисиски испит. 
Тие ќе се одвиваваат со физичко присуство во „лабораторијата“ на Педагошкиот факултет во Скопје секој четврток со почеток од 08:00 часот до 13:50-14:00 часот. Лабораторијата се наоѓа на вториот спрат во левото крило од зградата поточно на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Неопходно е да бидете пред предавалната најмалку 15-тина минути порано.
На предавања не смее да се доаѓа болен со знаци на вироза: кашлица, кивање, температура и сл. Доколку ги имате овие симтоми заради алергија или друга хронична состојба задолжително да носите со себе лекарска потврда. Во спротивно, ќе бидам принуден да ве отстранувам од предавањата и вежбите.
На предавања мобилниот телефон не смее да ѕвони или да си проверувате пораки и да испраќате пораки и било какви други активности со него. Кому ќе се случи тоа ќе биде отсранувам од часови и казнуван со неможност за полагање на испити од неколку последователни сесии.
На предавања не се оди по тренерки, кратки маички, мини здолништа и слично. Треба да покажете достоинствено академско однесување!

За секој случај имајте во вид дека алтернативно во неповолни услови ќе одиме преку платформата Мајкрософт Тимс во која треба да сте регистрирани со корисничко име и лозинка. Ги поканувам сите што го запишале ФФА да се приклучат на следниот линк.
Предавањата започнуваат на 2 октомври во 8:00 часот и ве молам да бидете најмалку 15 минути пред тоа пред лабораторијата. Го задржувам правото за промена на термините заради учество на виша сила.

ПРЕДАВАЊА

I Недела 02.10.2025
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
ФУНКЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОПШТ ПЛАН НА ТЕЛОТО

II Недела 09.10.2025
2. КЛЕТОЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА
3. ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ

III Недела 16.10.2025
4. ЕЛЕКТРОЛИТИ
5. КРВ

IV Недела 23.10.2025 (ова ќе треба да се надополни заради празникот и заради мое отсуство)
6. МУСКУЛЕН СИСТЕМ
7. НЕРВЕН СИСТЕМ прв дел

V Недела 30.10.2025
7. НЕРВЕН СИСТЕМ втор дел

VI. Недела 06.11.2025
7. НЕРВЕН СИСТЕМ трет дел

VII. Недела 13.11.2025
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 20.11.2025
7. НЕРВЕН СИСТЕМ четврт дел

IX. Недела 27.11.2025
7. НЕРВЕН СИСТЕМ петти дел

X. Недела 04.12.2025
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА прв дел

XI. Недела 11.12.2025
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА втор дел

XII. Недела 18.12.2025
9. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XIII. Недела 25.12.2025
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIV. Недела 08.01.2026
XV. Недела 15.01.2026 (се поместува колоквиумот во случај на неможност за надополнување на изгубен час)
КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ


ВЕЖБИ

I. Недела 09.10
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 1 дел

II. Недела 16.10
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 2 дел

III. Недела 23.10 (се надополонува заради празникот)
4.КРВНИ АНАЛИЗИ

IV. Недела 30.10
5.ФИЗИОЛОГИЈА НА СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ

V. Недела 06.11
КОЛОКВИУМ

VI. Недела 13.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ прв дел

VII. Недела 20.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ втор дел

VIII. Недела 27.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ трет дел

IX. Недела 04.12
7. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 11.12
8. ФИЗИОЛОГИЈА НА ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 18.12
9. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР

XII. Недела 25.12
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIII. Недела 08.01.2026
XIV. Недела 15.01.2026 (исто важи како и за предавањата)
КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

Предметен наставник

Литература по предметот Физиологија со функционална анатомија - репост

Почитувани студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација,
Ви ја споделувам литературата по предметот Физиологија со функционална анатомија:

Задолжителна:
  1. Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
  2. Трајковски В., Рашиќ О. Практикум по Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
  3. Трајковски В. Физиолошка психологија. Филозофски факултет, 2023.
Дополнителна:
  1. Гајтон КА, Хол ЕЏ. Учебник по Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012.
  2. Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, 2010.
  3. Shier D, Butler J, Lewis R. Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology. McGraw Hill, 2009.
  4. Guyton CA. Fiziologija čovjeka i mehanizmi bolesti. Medicinska naklada, Zagreb, 1995.
  5. Ganong WF. Review of Medical Physiology; 21 ed. Lang Medical Book, San Francisco, 2003.
Учебникот и Практикумот ФФА, може да се набават во Студентскиот сервис на Филозофскиот факултет во Скопје.








Предметен наставник

Friday, September 12, 2025

Пишување оцени - 15.09.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам понеделник 15 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:30 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Вакви официјални термини нема да има повеќе во оваа сесија. Има уште една опција ако не дојдете тогаш, да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена. Денес пишав 4 оцени на индекси што беа оставени во последните два дена.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Thursday, September 11, 2025

Генетика на хиперхолестеролемија и хипертензија

Хиперхолестеролемијата и артериската хипертензија се класични примери на мултифакторни заболувања – настануваат како резултат на комбинација на генетска предиспозиција и фактори од животната средина, како што се исхраната, физичката активност и стресот.

Кога зборуваме за хиперхолестеролемија, најпознат е примерот на фамилијарна хиперхолестеролемија (FH). Таа е автозомно-доминантно наследно заболување, предизвикано најчесто од мутации во генот за LDL рецепторот (LDLR), но исто така и во APOB или PCSK9 гените. Овие мутации доведуваат до намалена способност на организмот да го отстранува LDL-холестеролот од крвта, па кај пациентите уште во детска или адолесцентна возраст се јавува значајно зголемување на нивото на „лошиот“ LDL холестерол и висок ризик од предвремена атеросклероза и инфаркт на миокард. Денес постојат и генетски тестови со кои FH може рано да се дијагностицира, а тоа е многу важно бидејќи раниот третман со статини или нови терапии како PCSK9 инхибитори може значајно да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Кај артериската хипертензија, ситуацијата е уште покомплексна. Таа е полигенско заболување, што значи дека голем број на гени учествуваат во зголемувањето на ризикот. Идентификувани се над 100 гени поврзани со регулација на крвниот притисок – тие влијаат на ренин-ангиотензин-алдостерон системот, балансот на соли, функцијата на бубрезите и васкуларниот тонус. Пример за моногенски форми на хипертензија се синдромите на Лидл или апсолутниот дефицит на 11β-хидроксилаза, но тие се исклучително ретки. Најчесто хипертензијата се јавува како резултат на интеракција на повеќе гени со фактори на средината – прекумерна телесна тежина, солена исхрана, хроничен стрес, пушење и физичка неактивност.

Затоа, во клиничка практика често велиме дека генетиката ги „вчитува куршумите во револверот“, но начинот на живот ја „повлекува чкрапалото“. Пациентите со силна семејна анамнеза треба да бидат внимателно следени, да прават редовни контроли на липидниот профил и крвниот притисок, и по потреба да започнат терапија порано.

Во иднина се очекува геномската медицина да овозможи прецизна проценка на индивидуалниот ризик преку полигенски ризик-скор и со тоа да се избере најсоодветна терапија за секој пациент.

Tuesday, September 9, 2025

Генетика и стареење на кожата

Почитувани колешки и колеги,

Продолжувам со постови во кои ќе се осврнам подетално на некои прашања што ми беа поставени на Пакиграм поткасот кој премиерно беше емитуван на неговиот Јутјуб канал на 02.09.2025 година во 20:00 часот.

Генетиката игра значајна улога во појавата на брчки и другите знаци на стареење на кожата, но таа не е единствениот фактор. Стареењето на кожата е резултат на комбинација од генетски (внатрешни) и надворешни фактори (начин на живот, околина). Подолу е објаснување за тоа колку и како генетиката влијае врз брчките и знаците на стареење, како и улогата на начинот на живот.

1. Улогата на генетиката во стареењето на кожата
Генетиката влијае на неколку аспекти поврзани со стареењето на кожата:

а) Структура и еластичност на кожата
- Колаген и еластин: Гените одредуваат колку ефикасно телото произведува колаген и еластин, протеини кои ја одржуваат кожата цврста и еластична. Варијанти во гените како COL1A1 и ELN можат да влијаат на квалитетот и количеството на овие протеини.
- Дебелина на кожата: Генетиката одредува дали имате природно подебела или потенка кожа. Подебелата кожа е помалку склона кон брчки, додека потенката кожа може побрзо да покажува знаци на стареење.

б) Антиоксидантна заштита
- Гените што ги контролираат антиоксидантните ензими (како SOD2 или супероксид дисмутаза) влијаат на способноста на кожата да се бори против оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали. Луѓето со помалку ефикасни антиоксидантни гени може да имаат побрзо стареење на кожата.

в) Поправка на ДНК
- Гените поврзани со поправката на ДНК (на пример, XRCC1) влијаат на тоа колку добро кожата се опоравува од оштетувањата предизвикани од УВ-зрачење или други фактори. Послабата способност за поправка може да доведе до побрзо формирање на брчки и пигментни дамки.

г) Хидратација и бариерна функција
- Гените како FLG (filaggrin) влијаат на способноста на кожата да ја задржува влагата. Мутациите во овој ген можат да доведат до сува кожа, што ја прави поподложна на брчки.

д) Етничка припадност
- Генетиката поврзана со етничката припадност влијае на пигментацијата и структурата на кожата. На пример:
- Луѓето со потемна кожа (поголемо ниво на меланин) се природно позаштитени од УВ-зрачење и обично покажуваат побавно стареење на кожата.
- Луѓето со посветла кожа се посклони кон оштетувања од сонцето и побрзо формирање на брчки.

е) Наследни карактеристики
- Ако вашите родители или баби и дедовци имале младешки изглед на кожата подолго време, веројатно имате генетска предност за побавно стареење на кожата. Ова е познато како „внатрешно стареење“, кое е генетски програмирано.

2. Колку генетиката влијае?
- Проценка на влијанието: Истражувањата сугерираат дека генетиката објаснува околу 40-60% од варијациите во стареењето на кожата, вклучувајќи го формирањето на брчки, пигментацијата и губењето на еластичност. Останатиот дел зависи од надворешни фактори.
- Индивидуални разлики: Некои луѓе генетски имаат „предност“ за помладешка кожа (на пример, повисоко производство на колаген или подобра заштита од УВ-зрачење), додека други може да бидат поподложни на брчки поради генетски фактори.

3. Влијание на начинот на живот и надворешните фактори

Надворешните фактори, често наречени „надворешно стареење“ (extrinsic aging), можат да имаат дури и поголемо влијание од генетиката во многу случаи. Овие фактори вклучуваат:

а) Изложеност на УВ-зрачење
- УВ-зрачењето од сонцето е главната причина за фотостареење (photoaging), кое предизвикува брчки, пигментни дамки и губење на еластичност. Ова е особено изразено кај луѓе со посветла кожа, кои имаат помалку природна заштита од меланин.
- Дури и со генетска предност, прекумерната изложеност на сонце може значително да го забрза стареењето на кожата.

б) Исхрана
- Исхраната богата со антиоксиданти (витамини C и E, полифеноли од овошје и зеленчук) може да ја заштити кожата од оксидативен стрес. Од друга страна, диета богата со шеќери може да предизвика гликација, процес што ги оштетува колагенот и еластинот, забрзувајќи го формирањето на брчки.
- Недостатокот на хранливи материи (на пример, омега-3 масни киселини) може да ја направи кожата посува и поподложна на стареење.

в) Пушење
- Пушењето го забрзува стареењето на кожата преку намалување на протокот на крв и оштетување на колагенот. Пушачите често развиваат „пушачки брчки“ околу устата, без разлика на генетиката.

г) Спиење и стрес
- Хроничниот стрес зголемува нивоа на кортизол, што може да го разградува колагенот и да ја намали еластичноста на кожата.
- Недостатокот на сон ја попречува регенерацијата на кожата, што доведува до побрзо стареење.

д) Нега на кожата
- Редовната употреба на хидратантни креми, заштитни фактори (SPF) и производи со ретинол или витамин C може да го забави стареењето на кожата. Лошата нега (на пример, често миење со агресивни сапуни) може да ја влоши состојбата на кожата.

е) Животна средина
- Загадувањето и изложеноста на токсини можат да предизвикаат оксидативен стрес, што го забрзува стареењето на кожата, дури и кај оние со генетска предност.

4. Интеракција меѓу генетика и околина

- Генетска предиспозиција + лош начин на живот: Дури и ако имате генетска предност за младешка кожа, изложеноста на УВ-зрачење, пушењето или лошата исхрана може да го поништат овој ефект и да доведат до предвремено стареење.
- Просечна генетика + здрав начин на живот: Луѓе со просечна генетика можат значително да го забават стареењето на кожата со заштита од сонце, здрава исхрана и добра нега.
- Епигенетика: Надворешните фактори можат да влијаат на изразувањето на гените поврзани со стареењето на кожата. На пример, редовната употреба на антиоксиданти или заштита од УВ-зрачење може да „вклучи“ гени што ја штитат кожата.

5. Практични совети за забавување на стареењето на кожата

Дури и ако генетиката не е на ваша страна, можете да го намалите формирањето на брчки и другите знаци на стареење со:
- Заштита од сонце: Користете крема со SPF 30 или повеќе секој ден, дури и во облачни денови.
- Хидратација: Пијте доволно вода и користете хидратантни креми за да ја одржите кожата влажна.
- Здрава исхрана: Консумирајте храна богата со антиоксиданти (бобинки, зеленчук, ореви) и омега-3 масни киселини (риба, ленено семе).
- Нега на кожата: Користете производи со ретинол, витамин C или хијалуронска киселина за стимулирање на колагенот и хидратацијата.
- Избегнување на штетни навики: Престанете со пушење и ограничете го алкохолот.
- Квалитетен сон: Спијте 7-8 часа за да и дадете време на кожата да се регенерира.

Заклучок
Генетиката има значителен удел (40-60%) во стареењето на кожата, влијаејќи на производството на колаген, еластичноста, хидратацијата и отпорноста на оштетувања. Сепак, надворешните фактори како УВ-зрачење, исхрана, пушење, стрес и нега на кожата често имаат подеднакво или поголемо влијание. Дури и ако имате генетска предиспозиција за побрзо стареење на кожата, здравите навики можат значително да го забават процесот на формирање брчки и други знаци на стареење.

Пишување оцени - 10.09.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре (среда) 10 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:00 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Следната седмица ќе се обидам да ви обезбедам уште еден ваков термин. Има уште една опција ако не дојдете утре, од 11.09.2025 година да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Информација за комисиски неположените студенти

Почитувани студенти,

Ви се обраќам вам кои не успеавте да ги положите комисиски испитите ХГ и ФФА. Сите вие сте должни на е-пошта да ми пратите ваш број на индекс, име и презиме за да ве вклучам во списокот за преслушување на предметот. Студентите што не положија ФФА, ќе го преслушуваат предметот од 1 октомври 2025 година и се должни повторно да собираат 15 ЕКТС поени. Студентите што не положиле ХГ, се должни во јануари 2026 година да ми пишат е-пошта, а од 15 февруари и да го преслушуваат предметот. Важат истите принципи како и за ФФА.

Предметен наставник

Резултати од испитот ФФА - 09.09.2025

Почитувани студенти од ИСЕР,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Две студентки го положија испитот. Резултатите се конечни и неменливи. Пишување оцени од утре натаму, еден убав летен ден. Вие само редовно следете го блогот, за да не пропуштите нешто.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

11138/22

36

7

2.       

26275/24

36

6

3.       

10907/21

29

5

4.       

26165/23

28

5

5.       

11582/24

25.5

5

6.       

10199/18

20

5

7.       

25805/22

19

5

8.       

7009/20

18

5

9.       

11486/24

17

5

10.   

26115/23

16

5

11.   

11377/23

16

5

12.   

26142/23

13

5

13.   

11425/23

13

5

14.   

26166/23

13

5

15.   

26125/23

12

5

16.   

25626/21

12

5

17.   

114754/24

11

5

18.   

11484/24

11

5

19.   

25345/20

11

5

20.   

26277/24

11

5

21.   

11483/24

10

5

22.   

26283/24

9

5

23.   

10942/21

9

5

24.   

26172/23

9

5

25.   

26169/23

9

5

26.   

26264/24

9

5

27.   

26178/23

7

5

28.   

11499/24

4

5


















Предметен наставник