Почитувани студенти,
Ве известувам дека во понеделник, 30 ноември, во периодот од 12:00 до 13:00 часот, ќе имате можност да ги завршите сите преостанати академски обврски поврзани со исполнувањето на условите за стекнување 15 ЕКТС-кредити, преку усно одговарање и презентирање на предвидените задачи. Ова е особено важно за студентите кои планираат да ги исполнат условите за полагање на испитите во јануарската испитна сесија.
Предвидениот термин може да го искористите и за дополнителни консултации, разјаснување на нејаснотии во наставниот материјал и добивање насоки во врска со исполнувањето на останатите студиски обврски.
Ве информирам дека до крајот на календарската година ќе бидат организирани уште најмногу три вакви термини. Затоа, ве советувам навремено да ги искористите овие можности и да не ги оставате своите обврски за последен момент.
Ве молам задолжително да ги проверувате известувањата на блогот пред да дојдете на консултации, со цел да бидете навремено информирани за евентуални промени во распоредот или организацијата на термините.
Со почит,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.