Sunday, January 5, 2014

Топ 10 коментари од анкетата за самоевалуација

Почитувани студенти,
Решив да ги споделам топ 10 коментарите од анкетата за самоевалуација што ја спроведов на 27.12.2013 година. Ова не значи дека се најдобрите, имаше и подобри кои се однесуваа на мојата маленкост. Но, мислам дека ова се некако коментари кои реално ја отсликуваат состојбата и се прилично интересни за читање. Бидејќи сите луѓе немаат пристап во ФБ групата на прва година, решив да ги споделам со пошироката јавност, овде на мојот блог. Коментарите се пишувани во оргинал, онака како што студентите ги имаат напишано на ливчето, без никава цензура и исправка на интерпункциски знаци. Одиме со ред:

Цитат број 1:
„Порано се радував дека петок е ден за искачање, шетање, журки, едно-друго. Штета што не може секој да го има тоа задоволство! Патем имате добра смисла за хумор. Во однос на предавањата и вежбите немам никаква забелешка и мислам дека многу добар тим сте со Мануела„.

Цитат број 2: 
„Една 6 на испит, доволно е!„

Цитат број 3: 
„Се е во ред, но сепак критериумот треба да биде многу поблаг од што е„.

Цитат број 4:
„Се замолува демонстраторката да не не клевети. Предавањата треба да се направат поинтересни за да не спиеме на нив. Се најдобро среќни празници и за испит тестовите да се полесни!!„

Цитат број 5:
„-Да има повеќе видеа за предавање на темите со цел подобро за студентите ки учат визуелно.
-Да се даде можност студентот да предаде некоја тема.
-Во предавањата да има помалку слајдови. 
-5 до 10 мин при крајот на предавањата да се остави простор студентите да кажат некоја шега, виц, анегдота или тоа може да биде измеѓу предавањата, односно паузите....
 
Цитат број 6:
„Предавањата беа одлични, на ниту едно од нив не заспав, т.е. ме држеа будна. Вежбите исто така беа одлични и сите бевме вклучени во нив. Забелешка: ако може полесни тестови :)„
 
Цитат број 7: 
„Се надевам дека професорот ќе ни дојде повеќе во присрет во иднина, и дека ќе има подобар контакт со нас„.
 
Цитат број 8: 
„Професорот Трајковски е навистина стручен и професионален. Материјалот кој го предава е одлично срочен и детален и посебен впечаток ми остави книгата по Физиологија со функционална анатомија која ќе ми служи во иднина. Сепак сметам дека неговиот однос кон студентите е премногу авторитативен, што директно влијае на општата атмосфера на предавањата нивното доживување на предметот и перформансот. Иако предавањата се исклучително интензивни и детални недостасува интеракција и вклучување на студентите, а голема помош ми беа мултимедијалните материјали„.

Цитат број 9: 
„Мислам дека и двата предмети ќе ни бидат од голема корист. Лошите резултати на колоквиум не се должат на тоа дека материјалот е досаден и неинтересен, туку поради тоа што и двата предмети се доста тешки а ги слушаме во еден семестар„.
 
Цитат број 10:
„Мислам дека и професорот и асистентката беа многу добри, ми беше задоволство да присуствувам на нив. 
Професорот беше многу стриктно, ама придружен кон 5 златни правила„.

Анкетарот





No comments:

Post a Comment