Thursday, January 9, 2014

Баклава - Димитријо, сине Митре

Драги мои,
Инспириран од филмот „Трето полувреме„ на Дарко Митревски кој се даваше деновиве на МТВ, решив да ја постирам екстра сензибилната нумера „Димитријо, сине Митре„ во изведба на групата Баклава. Можеме да слушнеме еден феноменален вокал на Елена Христова и одличен аранжман на нумерата. Песната едноставно не те остава рамнодушен и „ладен„. Секоја чест за изведбата. За жал има само 463 гледања на јутјуб. Вас не ви останува ништо друго туку да кликнете на линкот и да ја преслушате.
DJ Vac


No comments:

Post a Comment