Утре е втори април, меѓународниот ден на лицата со аутизам. Оваа година канцеларијата на Народниот правобраниетел организира работилница под наслов Состојбата на децата со аутизам и нивниот третман во Република Македонија-здравствен, образовен и социјален. Како здружение добивме покана да учествуваме на настанот и се разбира дека без двоумење ја прифативме. Со потпретседателката м-р Јасмина Трошанска ќе говориме на тема: Аутизмот во Република
Македонија-актуелни состојби, дилеми и предизвици. За жал поради малата сала, настанот е од затворен карактер и јас во оваа пригода не би можел да упатувам покани. Само би сакал со пошироката јавност да ја споделам програмата од настанот.
10:00-10:15 Поздравни
говори
- г-ѓа. Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен
правобранител
- г. Јаромир Левичек, раководител
на одделението за оперативни работи 1: економски односи, јакнење на
институциите и претпристапно известување-Делегација на Европската Унија во
Република Македонија
10:15-10:30 „Инклузивноста
на децата со аутизам во редовното образование“-г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен правобранител
10:30-10:45 „Образованието
на децата со посебни потреби“-претставник од
Министерство за образование на
Република Македонија
10:45-11:00 „Аутизмот во Република
Македонија-актуелни состојби, дилеми и предизвици“-проф.д-р.Владимир Трајковски-претседател на Македонското научно
здружение за аутизам
11:00-11:15 Презентација
на г. Ерол Рахим, социјален работник, Завод за ментално здравје на деца и
младинци „Младост“, Скопје
11:15-11:30 „Практични проблеми во наставата кај деца со аутизам“-г-ѓа Александра Арсовска-Белчовска, психолог и г-ѓа Тина Симиќ-Ацковска,дефектолог,
ОС „Блаже Конески“-Скопје
11:30-11:45 „Воспитно
образовниот процес на учениците со аутизам во ПОУ „Иднина“ Скопје“-г-ѓа Ивана Василева-Петровска, дефектолог
наставник, ПОУ „Иднина“-Скопје
11:45-12:15 Дискусија
12:15-12:45 Пауза
за кафе
12:45-13:00 „Третман на децата со аутизам“-г. Никола Костадинов-психолог и г-ѓа Елена
Степаноска-логопед, Меѓуопштински центар за социјална работа-Скопје
13:00-13:15 „Локални
одговори на потребите на граѓаните“-г-ѓа
Елеонора П. Николовска-раководител на Одделение за социјална, детска и
здравствена заштита, Град Скопје
13:15-13:30
„Македонска национална коалиција на граѓански организации за унапредување и
заштита на правата на лицата со аутизам-потреби, цели, задачи и предлози“-г-ѓа Весна Стојановска, потпретседател на Здружение
на граѓани „Во мојот свет“ Скопје и г. Горан Петрушев-Сојуз на дефектолози на
Република Македонија
13:30-13:45 „Инклузијата на
децата со аутизам во системот на Република Македонија“-г-ѓа Ребека
Јанковска-Ристески-претседател на НВО „Дајте ни крилја“ и г. Драган
Даскаловски-дефектолог, соработник на НВО „Дајте ни крилја“
13:45-14:00 „Преземени
активности и планирани чекори кон отворање на центар за аутизам“-г-ѓа Василка Салевска-Трајкова-државен
советник, Министерство за здравство на Република Македонија
14:00-14:15 „Воведување
на нови дијагностички процедури и техники за рана интервенција кај децата со
аутизам“-д-р на науки Татјана Зорчец-спец.
по медицинска психологија, ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје
14:15-15:15 Дискусија
15:15-15:30 Заклучоци
и препоракиМотото под кое настапуваме годинава е ВРАБОТИ ЛИЦЕ СО АУТИЗАМ!
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment