Со голема радост сакам да ве известам дека е воспоставена соработка помеѓу Македонското научно здружение за аутизам и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Имено на мое барање до колешката научен соработник д-р Гордана Мирчевска да се изработат бесплатни анализи на фецес на најмалку 35 деца и младинци кои имаат аутистичен спектар на нарушување, директорката проф. д-р Каќа Поповска, позитивно одговори. На сите кои се занимваат со оваа проблематика ви е познато дека во ГИТ на децата со АСН често се наоѓа патогената Cabdida albicans и некои хелминти. Позитивниот наод ќе значи давање на соодветна антикандидијазна и антихелмитична терапија, а со тоа подобрување на симпотматологијата на вашите деца. Познавајќи ја добро материјално финасиската состојба на семејствата кои имаат дете со АСН решив да ги замолам колегите од Институтот да ви излезат пресрет. На мое и ваше големо задоволство веќе од утре 14.08.2018 година ќе можете да однесете фецес на анализа на овој институт кој се наоѓа во старата зграда на Институти, или спроти Министерството за здравство.
Каква е постапката?
Вие како родители треба да набавите стерилно шише за фесец (да го купите) или да одите лично на Институтот и да ја побарате колешката д-р Гордана Мирчевска и таа да ви даде едно шишенце. Потоа, во наредните денови кога детето ќе дефецира наутро, да земете со лажичката малку од фецесот да го ставите во шишенцето и веднаш да и го доставите лично на неа. Напоменувам дека не е потребен упат од матичен доктор, ниту била какво плаќање за услугата. Бројот на анализи е ограничен на 35 и затоа ќе мора да побрзате. На институот ќе можете да отидете секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.
За да нема грешни дијагнози и евентуално злоупотреба од други родители, сепак родителите ќе мораат прво мене да ми се јават, па јас потоа да одобрам дека навистина имаат АСН нивните деца, па дури потоа со моја препорака да одат на Институтот.
За да нема грешни дијагнози и евентуално злоупотреба од други родители, сепак родителите ќе мораат прво мене да ми се јават, па јас потоа да одобрам дека навистина имаат АСН нивните деца, па дури потоа со моја препорака да одат на Институтот.
Би сакал во оваа пригода да упатам огромна благодарност до колешките: д-р Гордана Мирчевска за подготвеноста секојдневно да биде на располагање на нашите родители и на директорката проф. д-р Каќа Поповска за непреченото овозможување на оваа соработка.
МНЗА не престанува да се грижи за здравјето на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment