Monday, September 3, 2018

Сакате врвна НАУКА?

Почитувани посетители,
Често пати професорите се критикувани дека не пружаат врвна наука во РМ. Сакате врвна наука? Е нема! Не затоа што не сакаме, туку затоа што сме блокирани, оневозможени, парализирани. Прво од МОН, нема покачување на плати со децении. Минимални издвојувања од БДП за наука. Не сум учествувал во проект на МОН од далечната 2001 година. Не се финансираат врвни списанија, не се финансираат врвни научни проекти. Последната година и од ФЗФ е намален бодот, а платата е снижена за цели 1300 денари во период од 11 месеци.
На микро ниво работам со дупка на крвот во мојот кабинет и никому ништо. И покрај алергијата на влага која ја имам надлежните молчат, да не зборуваме за естетски лошиот изглед кога ќе влезете во кабинет на редовен професор и гледате дупка на кровот. За каков углед зборуваме тогаш а, за какви работни услови станува збор? Интернет во мојот кабинет нема 11 дена, поточно од 23.08.2018. Како да објавам резултати од испит? Дали е решение да правам хотспот интернет со мојот мобилен телефон или да молам по кабинети кому се нашло интернет. Минатата седмица на ФЗФ се` беше подредено на приемите на новите студенти. Ние останатите треба да испоцркаме од неработење така а? Како да ставам оцени во iKnow системот кога тој е зависен од интернет? Како да поднесам магистерска теза во системот плагијати на МОН без интернет? Имате одговор м? Повеќе од 2 седмици расипан ми е сплитерот кој ми овозможува да ми работи скенерот. Да не ми забранил докторот јас да скенирам, а јас не знам за тоа? Како да комуницираме со надворешниот научен свет без овие основни средства за комуникација? На крајот од втората декада на 21 век се расправаме со тривијални проблеми кров, интернет, скенер и после зашто немало врвни резултати? Па и ова што го правиме во вакви нехумани и нехигиенски услови е за Нобелова награда. Молам како Индијанец да не падне следниот есенски дожд. А ако падне и ако кабинетот ми биде како ватерполо игралиште, ќе го повикам господинот Горан од Зевзекманија, па ќе го тераме на мајтап. Па јас не барам џакузи во кабинет, како што имаат некои колеги од МФ во Скопје. Јас не барам позлатени славини на чешма која ја немам во кабинетот. Јас барам основни услови за работа, алооо Хјустон дали се слушаме? Ви личи ли ова на еден вид на мобинг? Можеби не, вие сте демократи, па се` ви е можно и дозволено...
Огорчениот

No comments:

Post a Comment