Денес 9 септември 2018 година, се навршуваат точно 30 години од завршувањето на мојот воен рок во ЈНА. Ден за паметење, како вчера да беше (за некого фраза, за мене вистина). Сигурно сте ги слушнале оние машки приказни дека во војска е најтешко. И јас сум еден од оние кои често се навраќа на нив. Тогаш сметавме дека е тоа една загубена година. Донекаде и ние од нашата генерација бевме во право. Се покажа дека тоа потоа е туѓа армија, сме служеле војска за држава која три години потоа престана да постои. Но, гледано од овој агол војската имаше една позитивна страна што психолошки ги очеличуваше оние стабилните млади лица. Тие полабилните завршуваа со некакви ментални нарушувања, а поретко и извршуваа суициди. за среќа овие беа многу поретките типови. Знам на многумина млади сега оваа приказна ќе им изгледа чудна, смешна, или не знам каква. Како вчера паметам и тогаш 9 септември, таа 1988 година беше прекрасен сончев ден. Во раните утрински часови со огромна задоволство ја напуштив касарната во Куршумлија каде што го служев поголемиот дел од војниот рок во санитетската служба. Со озарено лице и голема доза на оптимизам се упатував кон градската автобуската станица да го фатам првиот автобус за Приштина. За оние кои не ја познаваат добро географијата, Куршумлија (град во Србија) се наоѓа блиску до Подујево, денешно Косово. Тогаш немаше граници и непречено минувавме граници, а еве токму денес каков парадокс претседателот на Србија господинот Вучиќ не му е гарантирана безбедниоста за влез во Косово каде што се` уште жиевеат Срби. Замислете во 21 век да не можете слободно да се движите, а притоа да сте претседател на една суверена држава. Парадокс кој вирее само на Балканот. Но, да оставам дневна политика. По купувањето на картата до Приштина, веднаш се упатив кон задните седништа од автобусот каде обожувам да седам кога сум во тоа превозно средство. Кратко време потоа, сосема случајно до мене седна една прекрасна русокоса девојка на моја возраст 19-20 години, со која ги поминав тогаш најубавите мигови во таа 1988 година. Патот до Приштина каде што живееше таа ми летна за еден миг. Посакав во тој миг растојанието до Приштина да биде барем уште 100-200 км подолго. Таков спонтан пријатген разговор мислам дека никогаш не сум имал во животот. Во Приштина фино и културно се збогувавме и иако разменивме телефони, од нашето познанство ништо не испадна. :) Гледано од оваа дистанца зажалив што тогаш немаше Фејсбук и Твитер.:) Кога пристигнав во Скопје на старата автобуска станица на местото каде што сега се наоѓа Музјеот на Холокаустот (за помладите читатели на овој блог), би кажал највалканото место во Скопје ми одеше да ја изнаљубам земјата. Но, преовладеа она медицинското во мене, иако имаше и случаи што по 365 дена отсуство од дома (речиси како затвор) го чинеа и тоа. Дома на радоста и немаше крај, средба со родителите, со сестрата, со другите блиски, а веднаш потоа и со другарите од основно и средно училиште. Големи моменти за мене, никакви за историјата на човештвото. Непосредно потоа започнаа и летните олимписки игри (ЛОИ) во Сеул со кои на еден начин се рехабилитирав од психолошкие тешки мигови во тогашната ЈНА. Иако, го очекувавме златото во кошарка, сепак во финалето СССР ги наруши сметките на СФРЈ и моравме да се задоволиме со олимпиското сребро. Три седмици по овој историски ден за мене на 1 октомври го започнав Медициснкиот факутлет во Скопје. Сето потоа е историја од која дел ви е позната од моите јавни биографии. Ете денес, ми дојде да споделам едно мало парче од мојата приватна биографија. Се надевам нема да ми забележите поради тоа... :)
Раскажувачот
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.