Од денес 1 септември 2018 година, сакам да изјавам дека моето #Бојкотирам го пуштам на најјако. Веројатно ова ќе биде месецот кога најмногу сум бојкотирал некого или нешто. Ќе #бојкотирам безобразни, невоспитани, подли и некултурни студенти. Морам да ги #бојкотирам сите нелојални колешки и колеги на кои доминантен интерес им се парите, а не почитувањето на мене како професор и ментор. Ќе ја #бојкотирам нашата/мојата конференција по повод 25 години постоење на Институтот за дефектологија во Република Македонија од 13-15 септември во Охрид, заради „перверзни игри" и непринципиелни коалиции на одредени колешки и колеги. #Бојкотирам корумпирани и безрбетни политичари кои секојдневно го менуваат својот став и мислење. #Бојкотирам раководства на кои им е побитна „легалната" провизија, отколку условите во кои работам и заработувам за мене и моеото семејство. Ќе ги #Бојкотирам сите несреќни пријатели и пријателки кои сакаат да се исмејуваат и подигруваат со мојот дигнитет, интегритет и морални принципи. Ќе бидат #бојкотирани сите неидентификувани и мизерни лица кои се обидуваат да ме добијат на мобилен со префиксот "Private number". #Бојкотирам било каква промена на името #Македонија заради геноцидни и умоболни причини на јужните соседи. Конечно на 30 септември денот на „Вера, надеж и љубов" ќе го #Бојкотирам консултативниот референдум со кој се сака да се промени нашето вековно име, да се смени националниот идентитет, јазикот, итн. Што ќе биде од 1 октомври? Па, почнува новата академска година и бојкотирањето ќе го ставам на минимум само за одредени лица и категории во горенаведениот текст.
#Бојкотирачот
п.с. Нема да го #Бојкотирам роденденот на ќерка ми Донатела која овој септември ќе наполни 9 години!
No comments:
Post a Comment