Showing posts with label септември. Show all posts
Showing posts with label септември. Show all posts

Friday, June 27, 2025

Термини за полагање испити прв циклус студии - септември 2025

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги споделувам термините за полагање на моите испити во сесијата септември 2025 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Во втората половина на август ќе има анкета која задолжително ќе треба да ја пополните во насока на тоа која декада сакате да полагате. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик. Испитите се полагаат само со обезбеден потпис (редовните студенти), плус освоени 15 ЕКТС поени. Ургенциите се тотално НЕДОЗВОЛЕНИ и ЗАБРАНЕТИ!

Прва декада
01.09.2025  ХГФ, ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
02.09.2025 ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот


Втора декада
05.09.2025 ХГФ и ХГ во амфитеатар 4 во 08:00 часот
09.09.2025 ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот


Предметен наставник

Tuesday, September 15, 2020

Дополнителна септемвриска сесија - 2020

Почитувани студенти,

Од деканатот ме информираа дека ќе дадат дополнителна септемвриска сесија од 24 до 30 септември. Моите испити доколку нема премногу пријавени кандидати ќе се полагаат најверојатно во сабота на 26.09.2020. Во изминатава сесија беше забележано 1/3 осипување од бројот на пријавени. Ве молам да се пријавувате само ако навистина доаѓате на испит, а не онака. Тоа повлекува просторни и човечки ресурси и трошење беспотребно на хартија за тестови. За таа цел до четврток 17.09.2020 во 16:00 часот на е-пошта следните студенти треба да ми пратат списоци на студенти кои ќе ги полагаат моите предмети.

За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 10481/19
За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 10189/18
За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 10024/17
За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9492/16
За генерација запишани 2015 година се задолжува студентката 23781/15
За генерација запишани 2014 година се задолжува студентот 8512/14
За генерација запишани 2013 година се задолжува студентката 23144/13
За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 8206/12

За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ

За актуелната прва година се задолжува студентката 25049/19
За актуелната втора година се задолжува студентката10160/18

Предметен наставник

Thursday, July 2, 2020

Термини испити септемвриска сесија - 2020

Почитувани студенти,
Иако се` уште е рано за термини за септемвриска сесија сепак од деканатот ги побараа и јас морам да дадам со тоа што морам да нагласам дека зависно од бројот на пријавени студенти јас го задржувам правото на промена на термините. Од прва година на ИСЕР веќе задолжив студентка која треба да ми даде список на студенти (најдоцна до 1 август) кои ќе полагаат одредени предмети во одредени декади. Доколку има студенти добороволци од сите генерации што би правеле списоци, нека ми пишат веднаш е-пошта. Доколку нема, во наредниот период јас ќе задолжам претставници како тоа што го сторив минатиот пат.
Од втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:

07.09.2020
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
15.09.2020
  • 08:00 МОИ и ФФА
Овој последниот термин во зависност од бројот на пријавени студенти може да претрпи расчленување на студентите по предмети. Вие редовно следете го овој блог особено непосредно пред терминот за испит.
Предметен наставник

Wednesday, July 3, 2019

Термини за полагање испити втор циклус на студии - август/септември сесија 2019

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
29.08.2019 - Аутизам - 09:00 часот
29.08.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Втора декада
10.09.2019 -  Аутизам   09:00 часот
10.09.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Го задржувам правото за промена на термините заради дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Термини за полагање испити прв циклус - август/септември сесија 2019

Почитувани студенти,
Уште не попчнал одморот, а веќе мора да се подготвуваме за есенската сесија. Во прилог се термините за испити за августовско-септемвриската сесија во 2019 година. Вие имате право да полагате само во една декада. По еден претставник од секоја генерација треба да ми достави список кој студент/ка во која декада ќе полага. Вие сте должни да дојдете 15 минути пред дадениот термин пред библиотеката на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. На испит се доаѓа со пријава за испит. Ниту еден студент нема да биде примен на полагање без потпис, без освоени 15 ЕКТС поени и доколку доцни. Го задржувам правото за промена на термините заради болест, учество на конгрес или некоја друга непредвидлива виша сила. Вие сте должни да ги следите моите социјални медиуми и навреме да се информирате за сите новини и евентуални промени.

Прва декада
26.08.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
27.08.2019 - ХГ, МОИ во 08:00

Втора декада
02.09.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
03.09.2019 - ХГ, МОИ во 08:00 часот.

Предметен наставник

Tuesday, September 4, 2018

Информација за испитите од втора декада - септември 2018

Почитувани студенти,
Како што веќе знаете утре 05.09 се полага ФФА во електронска лабораторија од 08:00 часот, а  задутре ќе се полагаат ХГ и МОИ во сала за седници на ФЗФ исто така од 08:00 часот. Вие потребно е да дојдете со заверени пријави 15 минути пред почетокот на испитот. Притоа треба да имате освоено 15 ЕКТС поени по дотичниот предмет кој го полагате и испитот мора да ви биде електронски пријавен претходно.
Ви благодарам на разбирањето
Предметен наставник

Saturday, September 1, 2018

#Бојкотирам на НАЈЈАКО овој септември 2018

Драги читателки и читатели,
Од денес 1 септември 2018 година, сакам да изјавам дека моето #Бојкотирам го пуштам на најјако. Веројатно ова ќе биде месецот кога најмногу сум бојкотирал некого или нешто. Ќе #бојкотирам безобразни, невоспитани, подли и некултурни студенти. Морам да ги #бојкотирам сите нелојални колешки и колеги на кои доминантен интерес им се парите, а не почитувањето на мене како професор и ментор. Ќе ја #бојкотирам нашата/мојата конференција по повод 25 години постоење на Институтот за дефектологија во Република Македонија од 13-15 септември во Охрид, заради „перверзни игри" и непринципиелни коалиции на одредени колешки и колеги. #Бојкотирам корумпирани и безрбетни политичари кои секојдневно го менуваат својот став и мислење. #Бојкотирам раководства на кои им е побитна „легалната" провизија, отколку условите во кои работам и заработувам за мене и моеото семејство. Ќе ги #Бојкотирам сите несреќни пријатели и пријателки кои сакаат да се исмејуваат и подигруваат со мојот дигнитет, интегритет и морални принципи. Ќе бидат #бојкотирани сите неидентификувани и мизерни лица кои се обидуваат да ме добијат на мобилен со префиксот "Private number". #Бојкотирам било каква промена на името #Македонија заради геноцидни и умоболни причини на јужните соседи. Конечно на 30 септември денот на „Вера, надеж и љубов" ќе го #Бојкотирам консултативниот референдум со кој се сака да се промени нашето вековно име, да се смени националниот идентитет, јазикот, итн. Што ќе биде од 1 октомври? Па, почнува новата академска година и бојкотирањето ќе го ставам на минимум само за одредени лица и категории во горенаведениот текст.
#Бојкотирачот
п.с. Нема да го #Бојкотирам роденденот на ќерка ми Донатела која овој септември ќе наполни 9 години!

Friday, July 20, 2018

Термини за полагање испити за втор циклус студии - есенска сесија 2018

Почитувани постдипломци,
Ви ги давам на увид термините за полагање на моите испити од втор циклус студии за септемвриската испитна сесија. Тоа се следните датуми:

Прва декада
04.09.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

Втора декада
18.09.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

Ве молам да ме известите по е-пошта за декадата во која сакате да ги полагате моите испити. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Нека е со лесно подготвувањето на испитите.

Предметен наставник