Showing posts with label август. Show all posts
Showing posts with label август. Show all posts

Thursday, July 2, 2020

Термини испити августовска сесија - 25.08.2020

Почитувани студенти,
Иако се` уште е рано за термини за августовска сесија сепак од деканатот ги побараа и јас морам да дадам со тоа што морам да нагласам дека зависно од бројот на пријавени студенти јас го задржувам правото на промена на термините. Од прва година на ИСЕР веќе задолжив студентка која треба да ми даде список на студенти (најдоцна до 1 август) кои ќе полагаат одредени предмети во одредени декади. За септември немам добиено уште простории и не можам да дадам термини во овој момент. Доколку има студенти добороволци од сите генерации што би правеле списоци, нека ми пишат веднаш е-пошта. Доколку нема, во наредниот период јас ќе задолжам претставници како тоа што го сторив минатиот пат.
Од првата декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) на 25.08.2020 по следниот редослед:

  • 08:00 ХГФ и ФФА
  • 10:00 ХГ и МОИ

Вие редовно следете го овој блог особено непосредно пред терминот за испит.
Предметен наставник

Wednesday, July 3, 2019

Термини за полагање испити втор циклус на студии - август/септември сесија 2019

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
29.08.2019 - Аутизам - 09:00 часот
29.08.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Втора декада
10.09.2019 -  Аутизам   09:00 часот
10.09.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Го задржувам правото за промена на термините заради дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Термини за полагање испити прв циклус - август/септември сесија 2019

Почитувани студенти,
Уште не попчнал одморот, а веќе мора да се подготвуваме за есенската сесија. Во прилог се термините за испити за августовско-септемвриската сесија во 2019 година. Вие имате право да полагате само во една декада. По еден претставник од секоја генерација треба да ми достави список кој студент/ка во која декада ќе полага. Вие сте должни да дојдете 15 минути пред дадениот термин пред библиотеката на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. На испит се доаѓа со пријава за испит. Ниту еден студент нема да биде примен на полагање без потпис, без освоени 15 ЕКТС поени и доколку доцни. Го задржувам правото за промена на термините заради болест, учество на конгрес или некоја друга непредвидлива виша сила. Вие сте должни да ги следите моите социјални медиуми и навреме да се информирате за сите новини и евентуални промени.

Прва декада
26.08.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
27.08.2019 - ХГ, МОИ во 08:00

Втора декада
02.09.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
03.09.2019 - ХГ, МОИ во 08:00 часот.

Предметен наставник

Thursday, June 28, 2018

Промени во термините за полагање испити - прв циклус - августовска сесија 2018

Почитувани студенти,
Согласно одлуката на Наставно-научниот совет одржан на 27.6.2018 година, есенската сесија се поместува и истата ќе се одвива во следниот период:

Прва декада:
30.08.2018 Генетика, Физиологија, (психологија) и ФФА во 08:00 часот.
31.08.2018 ХГ и МОИ во 08:00 часот.

Втора декада
05.09.2018 Генетика, Физиологија, (психологија) и ФФА во 08:00 часот.
06.09.2018 ХГ и МОИ во 08:00 часот.

Ги замолувам сите студенти да дојдат 15-тина минути порано пред библиотеката на Институтот за дефектологија и да имаат со себе пријава со уплатена такса за испит и доколку имат уплатница истата да биде уредно прикачена за пријавата. Ниту ЕДЕН студент нема да биде примен на испит без уредно средена пријава! Испитите се полагаат со претходно освоени 15 ЕКТС поени. Никакви доцнења не се толерираат! Професорот го задржува правото за промена на термините заради виша сила.

Среќно!
Предметен наставник