Showing posts with label Дополнителна сесија. Show all posts
Showing posts with label Дополнителна сесија. Show all posts

Friday, September 25, 2020

Испити утре - 26.09.2020

Почитувани студенти,

Сакам да ги потврдам термините за утре и да повторам некои значајни напомени.

Испитите ќе се полагаат утре (сабота) во голем амфитеатар на ФЗФ по следниов распоред:

08:00 часот - Хумана генетика и физиологија

10:00 часот - Хумана генетика

10:00 часот - Медицински основи на инвалидноста

12:00 часот - Физиологија со функционална анатомија

  1. Ве молам не доаѓајте болни со покачена температура, кашлање и кивање на испит.
  2. Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит со 7 дена учење по 1 час на ден. Јас ќе ви ги покажам тестовите по сесијата, ако доаѓате само за да ги видите. Засега сте пријавени 114 студенти и ако дојдете сите, ќе ми требаат отприлика 2 дена по 8 часа прегледување на тестовите.
  3. Во молам набавете си маска и ракавици.
  4. Ве молам набавете се пријави денес („Студентскиот сервис“ на ФЗФ утре не работи).
  5. Ве молам дојдете најмалку 15 минути пред почетокот на испитот.
  6. Ве молам по завршување на испитот да не се задржувате и да не се групирате во објектот на ФЗФ.
  7. Ве молам почитувајте ги сите протоколи во борба против Ковид-19.
  8. Ве молам без препишување и договарање на испитот.
  9. Ве молам не ме прашувајте кога резултатите и не барајте консултации по испитот. Секогаш сум ги давал најбрзо што можам резултатите, така ќе биде и утре.
  10. Ве молам не бркајте ургенции!
Довидување до утре,
Предметен наставник

Thursday, September 17, 2020

Распоред за полагање на испити за дополнителна септемвриска сесија - 2020

 Почитувани студенти,

Како што веќе знаете кон крајот на септември деканатот на ФЗФ ви одобри дополнителна септемвриска сесија. Според бојот на пријавени, има огромна бројка на студенти и таа изнесува 114. Да биде маката поголема меѓу нив има и студенти кои освојуваа по 2-3 поени на испитите. Да не ме разберете погрешно, но за 9 дена не може да го научите материјалот по сите мои предмети. Не ви го одземам правото на полагање, но знам дека некои од вас доаѓаат само да го видат тестот, факултетот и слично. Ако дојдат сите овие што се пријавени треба да бидете среќни ако тој викенд ви издадам резултати по сите 4 предмети.

Испитите ќе се полагаат на 26 септември (сабота) во голем амфитеатар на ФЗФ по следниов распоред:

08:00 часот - Хумана генетика и физиологија

10:00 часот - Хумана генетика

10:00 часот - Медицински основи на инвалидноста

12:00 часот - Физиологија со функционална анатомија

Го задржувам правото заради „виша сила“ да го променам распоредот. Вие сте должни секојдневно да го следите овој блог заради можни нови информации. Ве молам набавете си пријави, маски, ракавици на време. Вие сте должни да бидете најмалку 15 минути порано пред вашиот термин за полагање. Вие сте должни да ги почитувате и другите принципи кои се претходно објавувани на овој блог или на ФБ (не сакам да се повторувам).

Со среќа во престојната дополнителна септемвриска сесија!

Предметен наставник

Tuesday, September 15, 2020

Дополнителна септемвриска сесија - 2020

Почитувани студенти,

Од деканатот ме информираа дека ќе дадат дополнителна септемвриска сесија од 24 до 30 септември. Моите испити доколку нема премногу пријавени кандидати ќе се полагаат најверојатно во сабота на 26.09.2020. Во изминатава сесија беше забележано 1/3 осипување од бројот на пријавени. Ве молам да се пријавувате само ако навистина доаѓате на испит, а не онака. Тоа повлекува просторни и човечки ресурси и трошење беспотребно на хартија за тестови. За таа цел до четврток 17.09.2020 во 16:00 часот на е-пошта следните студенти треба да ми пратат списоци на студенти кои ќе ги полагаат моите предмети.

За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 10481/19
За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 10189/18
За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 10024/17
За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9492/16
За генерација запишани 2015 година се задолжува студентката 23781/15
За генерација запишани 2014 година се задолжува студентот 8512/14
За генерација запишани 2013 година се задолжува студентката 23144/13
За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 8206/12

За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ

За актуелната прва година се задолжува студентката 25049/19
За актуелната втора година се задолжува студентката10160/18

Предметен наставник