Почитувани студенти,
Сакам да ги потврдам термините за утре и да повторам некои значајни напомени.
Испитите ќе се полагаат утре (сабота) во голем амфитеатар на ФЗФ по следниов распоред:
08:00 часот - Хумана генетика и физиологија
10:00 часот - Хумана генетика
10:00 часот - Медицински основи на инвалидноста
12:00 часот - Физиологија со функционална анатомија
- Ве молам не доаѓајте болни со покачена температура, кашлање и кивање на испит.
- Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит со 7 дена учење по 1 час на ден. Јас ќе ви ги покажам тестовите по сесијата, ако доаѓате само за да ги видите. Засега сте пријавени 114 студенти и ако дојдете сите, ќе ми требаат отприлика 2 дена по 8 часа прегледување на тестовите.
- Во молам набавете си маска и ракавици.
- Ве молам набавете се пријави денес („Студентскиот сервис“ на ФЗФ утре не работи).
- Ве молам дојдете најмалку 15 минути пред почетокот на испитот.
- Ве молам по завршување на испитот да не се задржувате и да не се групирате во објектот на ФЗФ.
- Ве молам почитувајте ги сите протоколи во борба против Ковид-19.
- Ве молам без препишување и договарање на испитот.
- Ве молам не ме прашувајте кога резултатите и не барајте консултации по испитот. Секогаш сум ги давал најбрзо што можам резултатите, така ќе биде и утре.
- Ве молам не бркајте ургенции!
Довидување до утре,
Предметен наставник