Thursday, January 31, 2019

Публикации со дипломци и постдипломци

Почитувани посетители,
За денес се одлучив да го постирам трудот објавен со колешката м-р Тања Станкова под наслов: Attitudes and Opinions of Employers, Employees and Parents about the Employment of People with Autism in the Republic Of Macedonia кој фактички беше дел од нејзината дипломска работа одбранета на нашиот институт пред десетина години. Трудот е објавен во списанието Дефектолошка теорија и практика во 2010 година. Инаку се работи за исклучително вредна колешка, долгогодишен член на МНЗА за која нема незавршена задача. Страшно е упорна и секогаш ги завршува добиените задачи. Не е многу наметлива, но од позадина дејствува и успешно ги завршува обврските. На 12.11.2018 година го одбрани магистерскиот труд Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни од кој подготвуваме брошура и секако еден труд за англосаксонското говорно подрачје.
Коавторот

Wednesday, January 30, 2019

Пишување оцени

Почитувани студенти,
Ве поканувам на последните два термина за пишување оцени во оваа сесија. Ќе морате да направите напори и да дојдете во тие два термина, ако не сакате да чекате до јуни оцена. Јас морам во петок најдоцна да ги предадам сите пријави и извештаи до нашиот координатор по ЕКТС. Термините се следните:

Четврток - 31.01.2019 од 11:00 до 13:00 часот
Петок - 01.02.2019 од 10:00 до 12:00 часот

Ве молам за строго придржување на термините, а особено оние студенти кои ги положија испитите преку колоквиуми и активности.
Ви благодарам на вниманието!

Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - 30.01.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инвалидноста. За нијанса нешто подобри од другите два испита. Само три студентки го положија испитот. Учено-недоучено! Уште еднаш се покажа дека кога ќе добиете нов тест, тешко се снаоѓате. Моите предмети не се учат напамет. Кога тоа ќе го сфатите можеби ќе ви биде полесно.

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
24574/17
37
7
2.       
24085/16
36.5
6
3.       
24510/17
36
6
4.       
10084/17
31
5
5.       
23115/13
31
5
6.       
24079/16
29.5
5
7.       
23164/13
29
5
8.       
24572/17
28
5
9.       
8521/14
28
5
10.   
24078/16
28
5
11.   
23577/14
25.5
5
12.   
23781/15
25
5
13.   
24093/16
25
5
14.   
8575/14
24.5
5
15.   
10039/17
23
5
16.   
8538/14
21
5
17.   
23532/14
20.5
5
18.   
8554/14
19.5
5
19.   
8590/14
15
5
20.   
24059/16
11
5
21.   
23100/13
10.5
5
22.   
9489/16
8.5
5
23.   
9478/16
7
5
24.   
23145/13
5
5
25.   
9500/16
4.5
5
26.   
9519/16
2.5
5
27.   
23137/13
1
5

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 30.01.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Честитки до положената студентка. За неколку часа следуваат и резултатите по МОИ.

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
23316/14
39
6
2.       
7896/12
24
5
3.       
24543/17
23
5
4.       
24509/17
20
5
5.       
24089/16
17.5
5
6.       
23121/13
11.5
5
7.       
8583/14
9.5
5
8.       
8524/14
5
5
9.       
23564/14
5
5
10.   
8526/14
0
5

Предметен наставник

Tuesday, January 29, 2019

Публикации со дипломци и магистранти

Драги колешки и колеги,
По претешкиот ден со два испита, дојде време и за рубриката која ги претставува коавторските трудови со моите драги дипломци и постдипломци. Денес решив да ви го споделам заедничкиот труд со мојот дипломец Александар Каранфилоски под наслов: Сексуална едукација на лицата со ментална ретардација кој произлезе од неговата дипломска работа. Дипломската работа ја бранеше пред околу 12 години, а трудот е објавен во  J Spec Educ Rehab 2008; 9(1-2):55-66. Можеби Александар според оцените не беше во најдобрите пет или десет во генерацијата, но направи одлична дипломска работа и како човек со душа со сигурност ќе кажам дека за мене е број еден во таа генерација. Затоа и подоцна му помогнав да најде работа во Хрватска каде работи и живее околу 10 години. Мислам дека таму му е одлично, добро се снајде, добро се етаблираше и не ретко го кажувам како добар пример за млад колега кој добро се профилирал во земја членка на ЕУ. Тој таму и ќе остане да ја гради кариерата и семејството.
Коавторот

Резултати од испитот ФФА - 29.01.2019

Почитувани студенти,
Успеав во нормално време да ги прегледам и тестовите по Физиологија со функционална анатомија и со тоа да соборам рекорд од прегледани 93 тестови за 6,5 часа. Резултатите се повеќе од очајни. Кога ќе играте долго и успешно и ќе ја имате упорноста на Кире Лазаров, кога ќе браните како Ландин, кога ќе бидете најдобри како Карабатиќ и ќе ја имате прецизноста во одговорите и МВП титулата на Хансен, моќе и ќе ве биде. Вака, со овие резултати ништо не правитге.

Реден број
Број на индекс
Бодови
тест
Оценка
1.       
24659/18
36
6
2.       
10202/18
31
5
3.       
24608/18
30.5
5
4.       
24624/18
28
5
5.       
24603/18
24
5
6.       
24627/18
21
5
7.       
24649/18
20
5
8.       
10206/18
19
5
9.       
24631/18
17
5
10.   
10200/18
17
5
11.   
24607/18
17
5
12.   
22143/10
16
5
13.   
7872/12
15
5
14.   
9481/16
14
5
15.   
24619/18
13.5
5
16.   
10158/18
13
5
17.   
24604/18
13
5
18.   
24645/18
13
5
19.   
7906/12
13
5
20.   
10196/18
12
5
21.   
24930/18
12
5
22.   
24639/18
11.5
5
23.   
24513/17
11
5
24.   
10207/18
11
5
25.   
24650/18
10.5
5
26.   
24657/18
10
5
27.   
24651/18
9.5
5
28.   
8538/14
9
5
29.   
24625/18
8
5
30.   
24633/18
8
5
31.   
10139/18
8
5
32.   
24642/18
7
5
33.   
10199/18
7
5
34.   
10137/18
6
5
35.   
24632/18
6
5
36.   
24680/18
6
5
37.   
10156/18
5
5
38.   
7875/12
5
5
39.   
10191/18
3
5
40.   
10189/18
3
5
41.   
22132/10
2
5
42.   
10182/18
2
5

Предметен наставник