Saturday, June 25, 2022

Оставка на позицијата главен и одговорен уредник на ЈРТДД

Почитувани читатели,

Пред малку го известив новиот издавач дека давам оставка на позицијата главен и одговорен уредник на списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Заради целосна транспарентност со македонската јавност го давам на увид мојата е-пошта до него:

Respected Sir Sandeep,
I want to inform you that I am stepping down from the position of editor-in-chief and you should delete my name IMMEDIATELY from the home page and everywhere from the web site. I will inform the whole editorial board and you have no right to use their names for JRTDD anymore. They all are my friends and colleagues. I am sorry but I don't want to work with predatory publishers. I asked you to not put a publication fee and you put 600 dollars. Everything you said three days ago you didn't fulfill. If you don't delete my name immediately I will inform COPE, DOAJ, SCOPUS, EBSCO, and all scientific publishers and the community that you are a PREDATORY PUBLISHER. With this way of working you will destroy the journal and my 4 years of work.
All the best,

На што ги темелам моите сознанија дека се предатори?
  1. Доцни на официјален состанок со уредник 10 минути,
  2. Говори на ЗУМ без камера (не го покажува лицето).
  3. Се претставува како Sandeep, само со едно име, што е непотполна идентификација. Којзнае како му е правото име?
  4. Ветува нова понуда за 2 часа, го нема никаде повеќе од 3 дена.
  5. На веб страницата за која вели дека е официјален издавач AGSER нема никакви податоци дека е сериозен издавач, портфолио и слично. Никаде фотографии, ниту биографии.
  6. Немаат ниедно сериозно списание зад себе досега издадено.
  7. Јас го замолувам да не става publication fee, тој веднаш става 600 долари што може да се види на почетната страница на списанието.
  8. Го интересира само и само профит.
Почитувани,
Ја нема таа пара на овој свет што може да ме плати за да работам за предатори. Имајте убав викенд. Одиме натаму...

Поранешен главен и одговорен уредник на ЈРТДД

Thursday, June 23, 2022

Резултати од испитот МОИ - 23.06.2022

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инвалидноста. Ви посакувам мирно лето проследено со многу учење.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

24208/17

7

5

2.       

10028/17

6

5

3.       

7896/12

4

5

Предметен наставник

Wednesday, June 22, 2022

Списанието ЈРТДД продадено за најмалку 80.000 долари

Почитувани читатели,

Сите што подобро ме познавате знаете дека во последните 4 години сум главен и одговорен уредник на списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities (JRTDD). Кон академското пишување и објавување имам пасија веќе 25 години. Ги поминав сите скалила од технички секретар (1997-2000), заменик уредник (2004-2008) и главен и одговорен уредник (2008-2017) на списанието Дефектолошка теорија и практика, за да во септември 2017 година самоиницијативно се повлечам од принципиелни причини и заради нарушени меѓуколегијални односи. Никогаш минималните финансиски средства што ги дава ФЗФ за оваа намена не ми биле услов за оваа работа. Сите што работеле со мене како заменици уредници, технички секретари веб администратори знаат дека во уредништвото и академското публицирање не сме знаеле што е делник, што е празник. Барем јас така работам, не знам за другите главни уредници на научни списанија. Така и со второво списание, влегов од чисто академски причини да дозавршам некои работи кои ги имав почнато со првото списание и да си докажам себе си дека ме бива за оваа работа. Успеав за 4 години да го индексирам во повеќе од 80 бази на податоци, од кои најзначајни се Scopus, EBSCO, DOAJ, ERIH PLUS, Hinari, Sherpa Romeo, Research Gate, итн. Се` ќе си беше добро да не ја примев оваа е-пошта на 19 април годинава од едикојси кој живее на релација Малезија-Индија.

Respected Editor,

I am Director of Journal acquisition and Management services company, Singapore.
One of our clients is highly interested in fully acquiring your reputed journal and is willing to grow his research career with a journal collaboration. We would like to initiate the negotiation with you from USD 80,000. We make sure the reputation of the journal isn't compromised and we maintain a high confidentiality of the discussion. Request you kindly respond to this email on your feedback/thought for the same. We can have a negotiation if you are interested in taking this conversation further. Also, request you to let us know any factor that I can convince you to proceed further with the acquisition.
I have attached a sample proposal presentation with this email. The attached file will provide details on various factors in the Journal acquisition. Also, if you or your team have any queries, I am available for the discussion anytime and I propose a Zoom meeting at your convenient time and date to discuss the possibilities.
Willing to hear from you at the soonest.

Нормално, веднаш ја информирав колешката од Холандија која е издавач на списанието и со смеење и кажав дека ова е уште една од оние "fishing" пораки кои ги примаме речиси секојдневно. Ни на крај памет не ми беше дека таа ќе „загриза“ и дека ќе преговара за продажба на овој продукт кој го подготвував и се вградив себе си во последните 4 години. Пред извесно време ме информираше дека го продала списанието на господинот и ми ги побара сите пасворди со кои работевме на платформата. Да не ме сфати некој погрешно, во списанието немав никаков сопственички удел и не земав ниту еден долар од горенаведените 80.000 долари, или можеби и повеќе (деловна тајна). Иако јас бев идеологот, реализаторот, уредникот, јас немав никаков сопственички влог, освен интелектуалниот труд. Тоа е тој суров капитализам кој не го интересира наука, туку само „гола паричка“. Не верував дека колешката за која што имав високо мислење, туку така ќе се откаже од идеалите кои ги имавме пред 4 години, но сепак западниот свет го вртат парите, нема тука пријателство, колегијалност и други духовни вредности.
Денес, имавме ЗУМ состанок со новиот издавач, сега кажа дека е во Индија, иако во е-поштата од погоре велеше дека е од Сингапур, па Малезија. Прво не ми се допадна дека доцнеше 10 минути на состанокот, целиот конфузен, брзаше на друг состанок и го водеше разговорот во стилот „сакам кажам, не знам речам“. Тој ќе бил и веб администратор и секретарка и се` што треба. Да не е трагично, ќе беше смешно. Усмено ми понуди да останам како главен уредник, на што јас му одговорив дека чекам сериозна писмена понуда во која ќе бидат наведени сите услови и дека треба да се потпише некаков евентуален договор. Ми рече дека за 2 часа ќе добијам. Поминаа повеќе од 10 часа, се` уште нема ништо добиено.
Да го завршам ова писание, во кое имам измешани чувства: криво ми е што се вложив себе си 100% и што имав сериозни планови за во иднина, односно да го индексирам во Clarivate Analytics и да добиеме фактор на влијание. Мојата соработка со колешката од Холандија ќе ја минимизирам или прекинам, бидејќи не можам повеќе да соработувам со луѓе кои би те продале за 80.000 долари. Од друга страна сум горд што сум постигнал толку висока сума на продукт кој е мое новороденче и доенче, мое чедо. Да не беше оваа купопродажба никогаш немаше да ја знам вредноста на мојот труд и на едно академско списание. Дали ќе прифатам да останам, ќе знаеме во наредните денови, но како што тргнале работиве, не сум голем оптимист. Изгледа ќе треба да почнам од почеток со ново списание, трето по ред, како што се вели во народот „трета среќа“. Ајде да видиме...
Ви благодарам за вниманието што го посветивте читајќи го овој мој пост. Го најавив како „бомба“ на мојот ФБ профил, за некого можеби нема никакво значење, но за македонската научна јавност што се занимава со академско објавување и тоа каква бомба е. Ќе бидам благодарен на оние кои ќе се охрабрат да коментираат на ФБ.

Срдечно,
Главен и одговорен уредник на ЈРТДД (сегашен или минат не е битно)

Tuesday, June 21, 2022

Улога и одговорности на менторот

Почитувани студенти и постдипломци,

Знам дека некои работи знаете, но ајде да се потсетиме на улогата и одговорностите на менторот.

Менторите обезбедуваат насоки, совети, повратни информации и поддршка на менторираниот, служејќи различно како модел, учител, советник, спонзор на знаење, застапник и сојузник, во зависност од специфичните цели и задачи за кои се преговара со менторираниот.

Кои се одговорностите?

  • Ги воспоставува со менторираниот, експлицитните цели и задачи;
  • Презема иницијатива во врската, но му дозволува на менторираниот да преземе одговорност за нивниот раст, развој и планирање на кариерата;
  • Се обврзува на негување на врската за одреден временски период;
  • Се обврзува да се состанува со менторираниот на редовна основа (не помалку од еден час месечно);
  • Активно го слуша менторираниот;
  • Обезбедува искрени и конструктивни повратни информации;
  • Обезбедува охрабрување и му помага на менторираниот да ги идентификува активностите за професионален развој;
  • Ја одржува доверливоста;
  • Ги прегледува целите и задачите на врската со менторираниот на средина и на крајот на формалната, долгорочна врска (оние кои траат 6-12 месеци);
  • Ги следи обврските преземени за менторирање;
  • Ги почитува границите на менторираниот;
  • Експлицитно ги наведува сопствените граници;
  • Препознава и работи преку конфликти на начини на грижа, поканува дискусија за разликите со менторираниот и организира трета страна да помогне, доколку е потребно;
  • На другите им дава само позитивни или неутрални коментари за менторираниот; ако се појави несогласување околу однесувањето или вредностите, ги споделува разликите со менторираниот; доколку е потребно, презема чекори за прекинување на врската и се обидува да најде друг ментор за менторираниот;
  • Одржува професионален однос кој не навлегува во личниот живот на менторираниот; не очекува да бидат блиски пријатели;
  • Ја прекинува врската во договореното време.
Менторот

Променети термини за полагање испити од прв циклус студии во августовско-септемвриска сесија - 2022

Почитувани студенти, 

Поради тоа што сум дал термини кога големиот амфитеатар припаѓа на Филолошкиот факултет, принуден сум да ги променам термините.
Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во августовско-септемвриската сесија 2022 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство. Вие сте ДОЛЖНИ да запишете од задната страна на пријавата во која декада ќе полагате (прва или втора). Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила, други непредвидени фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани.

Прва декада
22.08.2022  ХГФ и ФФА во Голем амфитеатар 08:00 часот

23.08.2022  ХГ и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
05.09.2022 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

05.09.2022 ФФА во Амфитеатар 4 во 09:00 часот

06.09.2022 ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

06.09.2022 МОИ во Амфитеатар 4 во 09:00 часот


Предметен наставник

Пишување оцени - 23.06.2022

Почитувани студенти,

Ве поканувам на 23.06.2022 година во периодот од 8:00 до 12:00 часот да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР во кутија каде ќе биде назначено моето име. Сукцесивно по групи како ќе бидат напишани оцените, ќе ги враќам во кутијата во периодот од 13:00 до 14:00. Индексите можете да ги земете назад и некој друг ден (ако не ви се чека). Ве молам НЕ доаѓајте кај мене пред кабинет. Ваков друг официјален термин можеби нема да има. Потоа, од 30 јуни до 5 јули вие можете да ги оставите индексите во библиотеката, но не се знае точно кога ќе ви напишам оцена.

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 21.06.2022

Почитувани студенти,

Во прилог резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

25676/21

36

дополнително

2.       

10189/18

25

5

3.       

24971/19

22

5

4.       

7896/12

22

5

5.       

24632/18

21

5

6.       

24625/18

20

5

7.       

22132/10

12

5

8.       

24208/17

12

5

9.       

10028/17

12

5

10.   

10196/18

12

5

11.   

24515/17

12

5

12.   

25359/20

11.5

5

13.   

10038/17

11

5

14.   

10503/19

10.5

5

15.   

10090/17

10.5

5

16.   

8575/14

10.5

5

17.   

24513/17

10

5

18.   

24649/18

10

5

19.   

10058/17

10

5

20.   

25348/20

8

5

21.   

7107/11

8

5

22.   

25343/20

8

5

23.   

8526/14

8

5

24.   

9493/16

8

5

25.   

9481/16

6

5

26.   

24994/19

5

5

27.   

10472/19

5

5

28.   

10489/19

4.5

5

29.   

10173/18

4

5


Предметен наставник

Резултати од испитот ФФА - 21.06.2022

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Нема да кометирам многу, само ќе речам дека овој тест беше даден најмалку еднаш во јуни 2020 година.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

10504/19

26

5

2.       

9453/16

19

5

3.       

10914/21

18

5

4.       

24649/18

15

5

5.       

24538/17

14

5

6.       

24509/17

12

5

7.       

25359/20

12

5

8.       

10937/21

12

5

9.       

10145/18

12

5

10.   

10472/19

11

5

11.   

24513/17

10

5

12.   

23564/14

10

5

13.   

24665/18

10

5

14.   

25608/21

10

5

15.   

9500/16

9

5

16.   

25379/20

9

5

17.   

10917/21

8

5

18.   

24535/17

8

5

19.   

10489/19

8

5

20.   

10484/19

8

5

21.   

25673/21

8

5

22.   

10503/19

7

5

23.   

25343/20

7

5

24.   

9481/16

7

5

25.   

24198/16

5

5

26.   

24645/18

4

5


Предметен наставник