Почитувани постдипломки,
Третото предавање по АСН ќе се одржи во вторник 01.11.2022 во слушална 11 со почеток во 16:00 часот. Се гледаме на предавањето.
Со почит,
Предметен наставник
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Почитувани постдипломки,
Третото предавање по АСН ќе се одржи во вторник 01.11.2022 во слушална 11 со почеток во 16:00 часот. Се гледаме на предавањето.
Со почит,
Предметен наставник
ABSTRACT
Почитувани постдипломки,
Почитувани постдипломки,
Почитувани студенти,
Јас навистина жалам што некои од вас во изминативе седмици се болни: (вируси, бактерии, други болести, други причини за отсуство). Како што ви кажав на воведните предавања дозволени ви се два минуси за таква намена. Тоа не значи дека при секоја болест треба да ми пишувате е-пошта и да се правдате. Водете си грижа да не направите повеќе од два минуси. Јас бев културен и на сите досега одговарав, но нема повеќе да дозволам на празници, во неработни денови да ме вознемирувате. Од денес натаму нема да ви одговарам на е-пошти во кои ме информирате дека сте болни. Јас секое отсуство морам да го евидентирам како минус и никако поинаку, без разлика што е причината за вашето отсуство. На сите болни што нема да дојдат во среда и четврток на настава им посакувам поскоро опоравување!
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
Почитувани постдипломци,
Сакам да ве информирам дека првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 29 и 30 октомври 2022 година со почеток во 9:30 часот во слушална 11 на Филозофскиот факултет во Скопје. Искрено се надевам дека нека да има никакви виши сили кои би ме спречиле во тоа. Бидејќи е формирана група од 7 постдипломци, нема никаква потреба од консултации со најновата генерација. Според силабусот треба да одржам 18 часови, а тоа се 6 денови по 3 академски часа со пауза. Кога држам предавања со физичко присуство, обично држам сабота и недела, за да не се правдате дека сте имале друга работа. Но, некогаш можеби ќе треба и да одржам некое попладне во работен ден на платформата Мајкрософт Тимс.
Задолжително приклучете се во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 15 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Особено постдипломците кои се запишаа во февруари и октомври годинава мора да бидат присутни на сите 18 часови. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.
Предметен наставник
Почитувани студенти,
Во последниов месец добив бројни е-пошти со слични прашања, па за да не се повторувам и да не морам да го трошам времето на едни те исти одговори, решив некои работи да ги укажам овде на мојот блог. Сите повозрасни студенти кои ги презапишале моите предмети ФФА, ХГ, ХГФ, доколку во својата генерација добиле потпис од мене, или административен потпис од Деканатот на ФЗФ и притоа освоиле 15 ЕКТС поени немаат никакви обврски да доаѓаат на предавања со физичко присуство, да прават семинарски трудови, да обработуваат трудови, или да симнуваат интернет ресурси. Доколку немаат освоено 15 ЕКТС поени треба веднаш да ми пишат е-пошта со тоа што ќе го назначат предеметот, бројот на индекс и колку поени имаат за да им дадам задача која мора да ја завршат до 30 ноември годинава.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник
Почитувани студенти од ИП,
Во прилог е списокот на семинарски теми по предметот Хумана генетика и физиологија. Менување на темите не е можно. Рокот е 30 номеври 2022 година до 23:59 часот на платформата Мајкрософт Тимс во Ворд формат. Ви посакувам пријатно пишување на истите. Поради проблеми со читање на табелата во ХТМЛ документ, списокот ви го давам како ПДФ фајл.
Предметен наставник
Почитувани студенти од ИСЕР,
На барање на една студентка од вашата генерација, а наводно во договор со целата генерација, заради можен штрајк на ЈСП и заради тоа што секој од вас нема возило или нема можност да плати такси принуден сум утрешното предавање и вежби да ги одржам онлајн на платформата Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК. Вие сте должни да го прочитате третото предавање според силабусот и вториот дел од вежба број 1. Предавањата ќе бидат од 8:00 часот, а вежбите заедно за прва и втора група во 10:45 часот. Присуство и отсуство ќе си се евидентира како и со физичко присуство. Нема да признавам никакви изговори дека не сте знаеле или немате интернет, или не сте влегле на време во тимот. Потребно е најмалку 5 минути пред 8 часот да бидете на платформата.
Со почит,
Предметен наставник
Почитувани студенти од ИСЕР,
Ви го проследувам списокот на семинарски теми по предметот Физиологија со функционална анатомија. Менување на тема не е возможно. Краен рок за предавање на семинарската во платформата Мајкрософт Тимс е 30.11.2022 година до 23:59 часот. Се предаваат во Ворд програмот, а за да ги напишете добро треба да го следите водичот за пишување на семинарски трудови кој ќе го најдете на овој блог во полето за пребарување на содржините. Ви посакувам успешно подготвување на семинарските трудови.
Реден бр |
Број на индекс |
Тема |
1 |
25930/22 |
Хомеостаза |
2 |
11098/22 |
Клеточна мембрана и мембрански потенцијал |
3 |
11091/22 |
Физиологија на меморија и учење |
4 |
25836/22 |
Клеточни транспортни
механизми |
5 |
11151/22 |
Водата како клеточна течност и осмотскиот
притисок |
6 |
11115/22 |
Електролити и нивно значење |
7 |
11145/22 |
Ликвор |
8 |
11118/22 |
Бели крвни клетки |
9 |
11134/11 |
Крв и крвна плазма |
10 |
25841/22 |
Црвени крвни клетки |
11 |
25819/22 |
Хемостаза |
12 |
11144/21 |
Анатомија и физиологија на скелетните мускули |
13 |
11100/22 |
Анатомија и физиологија на мазните мускули |
14 |
25806/22 |
Овариум и негови хормони |
15 |
25844/22 |
Комуникација
во нервниот систем-синапса |
16 |
11131/22 |
Голем
мозок-теленцефалон |
17 |
25852/22 |
Меѓумозок-диенцефалон |
18 |
25820/22 |
Среден
мозок-мезенцефалон |
19 |
11097/22 |
Мал мозок-церебелум |
20 |
25831/22 |
'Рбетен мозок |
21 |
11154/22 |
Периферен нервен
систем |
22 |
11102/22 |
Автономен нервен
систем |
23 |
25834/22 |
Сензорен нервен систем и соматосензорни
патишта |
24 |
25808/22 |
Моторен систем |
25 |
11122/22 |
Вестибуларни сензации и чувство за рамнотежа |
26 |
11143/22 |
Анатомија апаратот за говор |
27 |
11095/22 |
Анатомија на сетилото за вид |
28 |
11107/22 |
Физиологија на сетилото за вид |
29 |
11129/22 |
Анатомија на сетилото за слух |
30 |
25803/22 |
Физиологија на сетилото за слух |
31 |
11138/22 |
Физиологија на апаратот за
говор |
32 |
25840/22 |
Анатомија и физиологија на хипофиза |
33 |
11136/22 |
Тромбоцити |
34 |
11112/22 |
Анатомија
и физиологија на панкреас |
35 |
25802/22 |
Простагландини |
36 |
11125/22 |
Анатомија и физиологија на надбубрежни
жлезди |
37 |
25837/22 |
Тестис и негови
хормони |
38 |
11105/22 |
Анатомија и физиологија на тироидна жлезда |
39 |
11106/22 |
Анатомија и физиологија на паратироидна
жлезда |
40 |
11108/22 |
Цитоплазма
и клеточни органели |
41 |
11099/22 |
Болка |
42 |
11110/22 |
Својства
и артикулација на гласовите |
43 |
25931/22 |
Коагулација
на крвта |
44 |
25800/22 |
Анатомија
и физиологија на ларинкс |
45 |
1137/22 |
Миеленцефалон |
46 |
11096/22 |
Крвно
мозочна бариера |
47 |
11092/22 |
Организација
на соматските сетила |
48 |
25796/22 |
Базални
ганглии |
49 |
25816/22 |
Физологија
– поим, дефиниција, задачи |
50 |
11121/22 |
Мускулен замор |
51 |
11113/22 |
Глија
клетки |
52 |
25805/22 |
Мембрански и акциски потенцијал |
Предметен наставник