Monday, January 8, 2024

Распоред на активности за четврток 11.01.2024

Почитувани студенти,

На 11 јануари четврток сите активности ќе се одвиваат во лабораторијата на Педагошкиот факултет.

Од 8:00 полагање на втор колоквиум ФФА и ХГФ само за тие што положиле прв колоквиум.

Од 8:45 семинар по ФФА за сите студенти од прва година ИСЕР. Досега имам само 2 презентации добиено. Креиран е фолдер на Мајкрософт Тимс каде што треба да ги прикачите презентациите. Беа пријавени шест студентки...

По семинарот следуваат потписи каде што се делите во групи, како и во текот на семестарот. Ве молам немојте да заборавите индекс и Практикум по ФФА. Само со сите потписи во практикумот и со најмногу 2 минуси за предавања и 2 минуси за вежби имате право на потпис во индекс, кој нема врска со освојување на 15 ЕКТС поени и излегување на испит. Минусите од неактивност не се земаат предвид за потпис, но се земаат превид за полагање на испитот.

По завршувањето со потписите остануваат студентите што треба да одговараат за 15 ЕКТС поени.

Од 15 јануари нема да има веќе вакви термини и нема да имате право да полагате испит во јануарската сесија. Термини за 15 ЕКТС поени за да се полага испит во јуни може да има од 15.02. до 30.04. по претходен договор со мене.

Го задржувам правото за промена на терминот заради болест, а вие сте должни редовно да го следите овој блог.

Среќни празници!

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment