Thursday, January 11, 2024

Список на освоени ЕКТС поени по ФФА - 2023/2024

Почитувани студенти,

Во прилог е списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Само три студентки го положија испитот преку колоквиуми од кои две добија деветки, а една доби 7. Пишување на оцени по 24.01.2024 година во два термина кои дополнително ќе бидат објавени на овој блог.

Студентите што се во зелено имаат премногу минуси на вежби и предавања, или пак некои можеби се откажале од студирањето. Тие што го продолжуваат студирањето, ќе треба да го слушаат повторно предметот следната академска година. Тие студенти што се во црвена боја, имаат потпис, но немаат право да полагаат испит без освоени 15 поени.

Доколку некој студент/ка има предадено активност, а јас не сум ја евидентирал, должен/а е веднаш да ми прати е-пошта и да го каже проблемот.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment