Почитувани студенти,
Утре на вежбите ќе биде разработен мускулен систем. Повелете некои видеа.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Почитувани студенти,
Утре на вежбите ќе биде разработен мускулен систем. Повелете некои видеа.
Почитувани колешки и колеги,
Деновиве имаме поприлично зголемен број на активности во смисол на меѓународни вебинари, веб конференции и слично. Овој пат имам чест да ве поканам на настанот по повод: „Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024“, во која и лично ќе учествувам со свое предавање.
Овогодинешната тема го продолжува повикот да се стави „Заедницата над комерцијализацијата“ и да се даде приоритет на пристапите за отворање стипендии кои им служат на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница.
Оваа година неколку главни уредници се приклучивме кон European Association of Scicence Editors, каде што формиравме македонско поглавје. Затоа и решивме да ја одбележиме неделата заедно со нив. По тој повод, утре на 25 октомври ќе одржиме виртуелен настан на платформата ЗУМ. Повелете регистрирајте се бесплатно ОВДЕ. Во прилог програмата и учесниците на настанот, како и постерот за мојата презентација. Ве очекуваме утре во 13:00 часот по македонско време.
Почитувани студенти,
Во прилог неколку видеа од програмот PhysioEx вежба број 2 за КРВ, т.е. тоа што го работевме денес.
Почитувани студенти,
Почитувани колешки и колеги,
Имам особена чест и задоволство да ве поканам на втората годишна конференција од CUPID проектот. Имено се ближи крајот на втората година од проектот и редно е да дадеме јавен отчет за нашата работа. Веб конференцијата ќе се одржи на ЗУМ платформата во вторник на 29 октомври со почеток во 13:00 часот по македонско време. Регистрацијата и учеството е бесплатно на следниот ЛИНК. Гугл формуларот ќе биде отворен до 28 октомври во 10:00 часот. Ве молам запишете ги точно вашите е-пошти за да ви биде испратен линк за учество. За сите оние кои ќе бидат присутни од првата до последната минута на веб конференцијата ќе биде обезбеден електронски сертификат. Поканети се сите оние кои ги интересира превенцијата на карцином кај лицата со интелектуална попреченост.
Во прилог е програмата за конференцијата која е поддржана од COST програмата на ЕУ. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба! Вечна Македонија!
Заменик раководител на CUPID проектот
Раководител на WG4 групата и модератор на конференцијата
Почитувани студенти,
Во прилог се видеа објаснат кои треба да ја објаснат Вежба број 1 пто ја работевме минатиот час и ќе ја доработиме утре на часовите.
Почитувани студенти од ИСЕР,
Ви го споделувам списокот на семинарски теми по предметот ФФА. Краен рок за предавање на истите е 30.11.2024 во 23:59 часот. Не чекајте последен момент за предавање. Истите треба да се прикачат на Мајкрософт Тимс во посебен фолдер што ќе биде назначен за таа намена. Ако не добиете корисничко име и лозинка, тогаш ќе треба да ги предадете во хартиена верзија. На овој блог има постови со водич за изработка на семинарски труд и постови со најчести грешки на студентите. Имате 51 ден за изработка, што е сосема доволно. Не препишувајте, не копирајте од други и не купувајте семинарски трудови!
Предметен наставник
Број на индекс |
Тема |
11493/24 |
Хомеостаза |
11564/24 |
Физиологија на сетилото
за слух |
10918/21 |
Физиологија на меморија
и учење |
26189/24 |
Анатомија и физиологија на ларинкс |
26298/24 |
Водата како клеточна
течност и осмотскиот притисок |
26262/24 |
Електролити и нивно
значење |
26266/24 |
Ликвор |
11582/24 |
Бели крвни клетки |
11466/24 |
Крв и крвна плазма |
11571/24 |
Црвени крвни клетки |
11158/24 |
Хемостаза |
11483/24 |
Анатомија и физиологија
на скелетните мускули |
11491/24 |
Анатомија и физиологија
на мазните мускули |
26303/24 |
Овариум и негови хормони |
26283/24 |
Базални ганглии |
11495/24 |
Голем мозок-теленцефалон |
26275/24 |
Меѓумозок-диенцефалон |
26274/24 |
Среден
мозок-мезенцефалон |
11496/24 |
Мал мозок-церебелум |
11490/24 |
'Рбетен мозок |
26191/24 |
Периферен нервен
систем |
25379/20 |
Автономен нервен
систем |
26264/24 |
Сензорен нервен систем и
соматосензорни патишта |
26185/24 |
Моторен систем |
11475/24 |
Анатомија и физиологија
на тироидна жлезда |
11484/24 |
Анатомија апаратот за
говор |
26184/24 |
Анатомија на сетилото за
вид |
26269/24 |
Физиологија на сетилото
за вид |
11489/24 |
Болка |
11566/24 |
Коагулација на крвта |
Почитувани вонредни студенти и другите без 15 ЕКТС поени,
Почитувани студенти од ИСЕР,
Како што веќе ви најавив утре во лабораторијата на Педагошкиот факултет ќе се одржи првото предавање по предметот Физиологија и функционална анатомија. Покрај силабусот и основните принципи на однесување, ќе почнат и предавањата на следните теми: поим за хумана анатомија и физиологија, функционална организација и план на телото, хомеостаза, состав на човечкото тело, неоргански и органски соединенија и др. Вие, потребно е да сте на закажаното место најдоцна до 7:45 часот.
Ви проследувам неколку видеоклипови кои се во контекст на предавањето. Погледајте ги убаво за да бидат појасни предавањата.
Почитувани студенти од ИСЕР,