Showing posts with label септември 2021. Show all posts
Showing posts with label септември 2021. Show all posts

Wednesday, September 8, 2021

Втора декада - септември 2021

Почитувани студенти,
Утре, 9 септември 2021 година започнува втората декада по моите предмети. Еве го уште еднаш редоследот за полагање заедно со линковите до платформата Мајкрософт Тимс. Испитите мора да се пријавени електронски и со печатена пријава. На платформата е потребно да се биде 10 минути пред почетокот на испиот. Не е дозволено отворање на нови линкови за состанок, освен овие што сум ги назначил јас. Не ме интересира ако некој си креирал свој линк, а таму ме нема мене и потоа задоцнил за полагање на испитот. Најстрого се забранува комуникација со други луѓе во околината или преку разни месинџери и системот на копирање и пастирање. На ФИНКИ фатени се двајца студенти на кои им ги праќале точните одговори и тие се казнети со една година мирување на студиите. Ова го кажувам, за да не биде после не сум знаел/а...

09.09.2021
Хумана генетика во 08:00 часот


10.09.2021

13.09.2021

Предметен наставник

Sunday, August 29, 2021

Промена на термините за испити од прв циклус - втора декада септември 2021

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што ве информирав претходно заради зголемен број на лица инфицирани со корона вирусот, испитите не е можно да се спроведат со физичко присуство и тоа во еден ден. Затоа сум приморан да ги поместам за 9 и 10-ти септември. Еве го распоредот:

Втора декада

09.09.2021  ХГ во 08:00 часот - Мајкрософт Тимс
09.09.2021 МОИ во 09:00 часот - Мајкрософт Тимс
10.09.2021 ФФА во 08:00 часот - Мајкрософт Тимс
13.09.2021 ХГФ во 08:00 часот - Мајкрософт Тимс

Пожелно е да се биде најмалку 10 минути порано на платформата на предметот кој го полагате. Многу важна напомена е дека никој нема право да креира посебен состанок, туку само приклучување на оној состанок што сум го креирал јас. Доколку некој се` уште не однел пријава за полагање веднаш да го стори тоа кај соодветната координаторка.

Предметен наставник