Tuesday, December 15, 2015

Мали промени во распоредот на часови за оваа седмица

Почитувани студенти од прва година,
Должен сум да ве потсетам дека оваа седмица ќе има мали промени во распоредот на часови и наставата ќе се одвива на следниот начин:

Во четврток во 09:00 часот започнува прва група вежби ФФА. Во 11:30 часот или кога ќе пристигнам почнуваме со предавање ХГ до 14:15 часот и потоа некаде до 16:30  би требало да имаме вежби прва група ХГ.
Во петок во 08:15 часот започнува втора група вежби ФФА. Во 10:30 часот ќе имаме предавање ФФА. Во 13:15 часот втора група вежби ХГ и најдоцна до 15:30 часот ќе треба да завршиме.
За идната седмица договорете се со доцентката од понеделник до четврток да ги одржите вежбите ФФА кои се задолжителни.
Предметен наставник

Saturday, December 12, 2015

Физиологија на учење и меморија

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви го давам линкот за предавањето Физиологија на учење и меморија. Од разбирливи причини истиот ќе биде активен до утре наутро. Кој нема да успее да го симне предавањето, ќе треба да се снајде и да го побара од некој колега или колешка кои успеале да го направат тоа.
Предметен нставник

15 ЕКТС поени - 14.12.2015

Почитувани студенти,
Ги поканувам сите вонредни студенти од прва година и сите останати студенти од другите генерации кои ја немаат завршено обврската 15 ЕКТС поени да дојдат во понеделник на 14.12.2015 година кај мене во кабинет во периодот од 10:00 до 13:00 и да ги предадат и одговараат задачите кои им беа дадени во изминатиот период. Напоменувам дека без овие 15 ЕКТС поени, тие нема да можат да полагаат испити кај мене.
Предметен наставник

Thursday, December 10, 2015

Термини за испити прв циклус на студии - зимска испитна сесија 2016

Почитувани студенти,
Знам дека ве интересираат термините за зимската испитна сесија 2016 година. Ако досега не сте почнале да учите, сигурно дека е крајно време да го сторите тоа. Тоа се следните рокови:

Прва декада:
12.01.2016 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:15 часот
13.01.2016 ХГ и МОИ во 08:15 часот

Втора декада
26.01.2016 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:15 часот
27.01.2016. ХГ и МОИ во 08:15 часот

Нека е со среќа учењето!
Предметен наставник

Friday, December 4, 2015

ВИДЕО: Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија

Почитувани колешки и колеги,
Веќе ве информирав за одржувањето на тркалезната маса која се одржа на 2 декември во ЕУ инфо центарот во организација на канцеларијата на Народниот правобранител на РМ. Тема на тркалезната маса беше: „Аутизмот во редовното основно образование", а насловот на мојата презентација беше „Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија". Слајдовите од предавањето можете да ги прегледате овде. На следниот линк можете да ги погледнете сликите од настанот. Претпоставувам дека ќе ве интересира и самото видео од предавањето кое ќе можете да го проследите во продолжение на овој пост. Благодарност до Стојан Андонов и Филип Јуртоски за видео снимката.
Претседател на МНЗА


Надополнување на пропуштените предавања ХГ и ФФА

Почитувани студенти,
Утре 05.12.2015 година на ФЗФ во слушална 11 ќе се одработат пропуштените предавања од минатата седмица додека бевте на теренска настава. Предавањата ќе се реализираат со почеток во 09:00 часот и тоа прво по Хумана генетика 3 часа, а потоа и Физиологија со функционална анатомија 3 часа. Истите би требало да завршат во периодот меѓу 14:30 и 15:00 часот. Присуството е задолжително како и за сите други редовни часови.
Предметен наставник

Thursday, December 3, 2015

New citations to my articles in Chineese journal

Драги читатели,
Нов цитат на наш труд во кинеско списание. Со клик на синиот линк се отвора трудот во ПДФ.

Scholar Alert: Documents citing "Higher Plasma Concentration of Food-Specific Antibodies in Persons With Autistic Disorder in Comparison ..."

[PDF] 饮食对自闭症的影响研究进展

段云峰, 吴晓丽, 金锋 - 科学通报, 2015

摘要自闭症是一种发育障碍类疾病, 患者常出现严重的行为异常, 丧失语言能力和社会交往能力,
生活基本不能自理, 并且可能需要持续一生的治疗. 随着发病率的攀升, 自闭症已经给患者家庭和
社会造成了严重的社会和经济负担. 自闭症的病因和机理尚未完全明晰, 尚缺有效的治疗或

Tuesday, December 1, 2015

Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети

ДНЕВЕН РЕД
Децата со аутизам во редовното основно образование

10:30-10:50 Состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со аутистичен спектар на нарушување во основните училишта: податоци од истражувањето спроведено од Народниот правобранител
г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа-заменик народен правобранител

10:50-11:20 Аутистичен спектар на нарушување и австрискиот училишен систем
проф. Ернст Бергер (Австриски омбудсман борд)

11:20-11:50 Активностите на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во однос на образованието на деца со аутизам
г-ѓа Снежана Трпевска-советник за воспитание, образование на деца со посебни потреби

12:00-12:30 Дискусија

12:30-13:00 Пауза за кафе

13:00-13:30 Аутистичен спектар на нарушување и австрискиот училишен систем-современата ситуација и поглед во тековната пракса
г-ѓа Катарина Марес Шранк (Австриски омбудсман борд)

13:30-13:50 Предизвици на инклузивниот процес во ОУ Ѓорѓија Пулевски од Скопје
г-ѓа Елизабета Петровиќ-наставник и национален обучувач за инклузија

13:50-14:10 Позитивни практики за работа со децата со аутизам во ООУ Јан Амос Коменски
г-ѓа Соња Казакова-педагог и г-ѓа Елизабета Иванивиќ-психолог

14:10-14:30 Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија
проф. д-р Владимир Трајковски, Институт за дефектологија

14:30-14:50 Домника Кардула, родител

14:50-15:30 Дискусија и заклучоци

New citations to my articles

Почитувани читатели,
Уште една цитираност на нашиот труд:
Trajkovski V, Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O. Higher plasma concentration of food-specific antibodies in persons with autistic disorder in comparison to their siblings. Focus Autism Other Dev Disabl 2008; 23:176-85.
во трудот

[PDF] Microbiota disorders and food hypersensitivity in autism spectrum disorders; what do we know?

од авторите P Szachta, A Bartnicka, M Galecka… во списанието Journal of Experimental and Integrative Medicine, 2015 DOI: 10.5455/jeim.160615.rw.013 

Авторот

Monday, November 30, 2015

Предавањето ХГ за овој четврток поместено на ФЗФ

Почитувани студенти,
Со повеќето од вас што предававте денес семинарски трудови зборевме за предавањето по Хумана гентика што треба да се одржи на 3 декември. Бидејќи слушална 11 на ФЗФ е слободна тој ден ве информирам дека треба да дојдете во неа 08:00 часот и ќе гледам до 10:30-10:40 да завршиме со часовите. Потоа имате куса пауза и од 11:00 часот почнува програмата во аулата на ФЗФ по повод 3 декември - меѓународнито ден на лицата со инвалидност. Со тоа ќе заштедиме на време.
Предметен наставник