Повторно едно ретро 20 години назад во времето (овој
пат во спортот) и потсетување на великанот на европската и светската
кошарка. Тоа е Дражен Петровиќ кој заедно со целата таа убиствена
генерација на Владе Дивац, Жарко Паспаљ, Стојко Вранковиќ, Тони Кукоч,
Дино Раѓа, Данко Цвјетичанин, Зоран Чутура, Јуре Здовц, Предраг
Даниловиќ, Зоран Радовиќ и др. жареа и палеа на шампионатите. На спотот
ќе видите како ги газиме Грците со триесетина кошеви разлика. Дечките
играа бравурозно и тоа е она време во кое најмногу се палевме на
кошарката. Две години подоцна со распадот на СФРЈ згасна и најдобрата
генерација во кошарка на сите времиња на овие простори. Дражен кариерата
ја продолжува во New Jersey Nets и за жал предвреме ја завршува на 29
годишна возраст заради сообраќајната незгода во Германија каде што
трагично го завршува својот живот. Беше тоа бравурозен играч, европскиот
Мајкл Џордан, по мене најдобриот кошаркар на бивша Југа на сите
времиња. Иако бев „партизановец„ и ги обожував партизановите играчи во
тоа време сепак на маестрото мора да му се признае. Изминуват 16 години
од неговата трагична смрт. Нека му е вечна слава.
Се сеќавате ли на незаборавното Хеја, хеја Цибоси?
No comments:
Post a Comment