Friday, April 18, 2014

Збор-два за трибината во Штип

Почитувани колеги и колешки,
Некако чувствувам потреба да искажам збор-два за завчера одржаната трибина за аутизам во Штип. Пред извесно време ми се јави пријателот Горан Радојев-претседател на Националната асоцијација за аутизам и ме покани да гостувам на трибината посветен на аутизмот, како пред 3 години во мај. И покрај тоа што имам непријатно искуство со администрацијата на УГД која ми остана должна на хонорар од 25.000 денари за одржани предавања и испити по Физиологија на ВЗШ во Штип во 2008 година, без размислување прифатив. Има уште убави луѓе во Штип. Не погрешив, салата во општина Штип беше преполна, нешто над 100 луѓе присутни и желни да чујат нешто ново за аутизмот, родители да најдат надеж за своите деца, колеги доктори и дефектолози желни за научно усовршување. Трибината доцнеше половина час заради доцнењето на Градоначалникот, несвојствено за него, но тој сосема културно се извини. Импонираше неговата желба да помоне на оваа ранлива категорија граѓани, го најави новиот дневен центар во Штип во наредниот период и замислете остана за време на целата моја презентација која траеше 65 минути. Досега моето искуство кажува дека политичарите доаѓаат, поздравуваат, седат 15-20 минути и си одат. Но, господинот Илчо Захариев покажа нов момент дека можело да се биде трпелив и посветен на една ранлива популација. Блазе си му на градот со таков градоначалник. Манифестацијата беше поддржана од локалниот Лајонс клуб „Изгрев„ чиј претседател е токму организаторот и претседател на НАА, кој како татко на дете со аутизам ги поздрави присутните со мошне стручен говор. Покрај него, како гувернер на Лајонс клубот Македонија говореше господинот Небојша Давидовски кој укажа дека тие се секогаш подготвени да помогнат со конретни материјално финансиски средства. Конечно, дојде и мојот ред и зборував на тема: „Аутизмот во Македонија од маргините до центарот на вниманието„. Ако аутизмот во Македонија во 90-тите навистина беше на маргините на општеството заради тоа што имало: l објавено само 2 стручни труда,l бил одржан еден симпозиум во Струга, l постоело едно родителско-професионално здружение за аутизам и ималоl ретки појавувања на стручњаците на ТВ и во печатени медиуми, денес ситуацијата е сосема поинаква. Имено, во последните пет години аутизмот полека но сигурно го зазема централно место кај оние што треба да се грижат повеќе. Денесl постојат 4 здруженија за аутизам;l објавени се 5 стручно-научни трудови за аутизмот,l објавен е еден учебник за аутизам.l МНЗА организатор на три семинари и конференции.l Има учество на членови на МНЗА на конференции во Македонија, Србија, Хрватска.l МНЗА 4 пати го одбележува 2 април меѓународниот ден на аутизмот.l Во 2013 МНЗА со децата со аутизам и нивните родители беа на прием кај Претседателот на РМ.  По повод 2 април веста е пренесена во преку 40 портали. Беше обезбедено присуство на Министерот за труд и социјалн политика на настанот организиран од МНЗА.lОтворен е првиот дневен центар за деца со аутизам.
На крајот следуваше богата 45 минутна дискусија и трибината беше затворена во 22:00 часот.
Во прилог неколку слики од настанот. Повеќе слики овде.
Претседател на МНЗА














No comments:

Post a Comment