Friday, April 11, 2014

Мементо пост: Критериуми за рецензирање докторски дисертации

Драги пријателки и пријатели,
Се навраќам на едне мој омилен пост од крајот на 2012 година, а се однесува на критериуми за рецензирање на докторатите.

Posted декември 23, 2012
Почитувани колешки и колеги,
Факт е дека на нашите универзитети не постојат критериуми за рецензирање докторски дисертации и магистерски тези. Би сакал да дадам еден скромен придоенс во таа насока со неколку препораки.
1. Најпрвин треба да се види дали тезата на истражување генерира значителни нови знаења во научната
област.
2. Дали методологијата има научен призвук и е опишана на начин што овозможува репродукција на експериментите? Дали се почитуваат релевантните меѓународните етички стандарди и правилата на добрата научна практика?
3. Дали тезата покажува солидно разбирање на состојбата во науката во областа на истражувањето и знаење стекнато од најзначајната и тековна литература?
4. Дали резултатите се прикажани јасно, со соодветни контролни случаи и дали статистичката анализа е коректно изведена?
5. Дали резултатите се дискутираат во однос на истражувањата на другите автори и дали тезата покажува добро разбирање на импликациите на работа во поширокиот научен контекст. Бидејќи современите истражувања обично се спроведуваат во тимови, задолжително е кандидатот јасно да го нагласи нејзиниот / неговиот сопствен придонес во секој аспект на тезата (концепт на идеи, експерименти) и дека таа / тој го признава соодветно секој придонес од страна на другите членови во тимот.
6. Дали придонесот на кандидатот во истражувањето и објавувањето е јасно наведено и доволно големо за да се додели на неа / нему основно авторство?

Рецензент

No comments:

Post a Comment