Многу часови, денови вложени на блогерај, многу љубов и самопрегор. Се навраќам на првиот мој пост на блог.мк објавен пред повеќе од седум години. Тој се однесува на самоевалуацијата што ја направив со студентите по предметите Хумана генетика 1 и 2. Интересна анализа, па повелете погледнете ја.
Почитувани колеги,Како предавач кој сака доследно да ги следи европските текови долгои време спроведувам анонимна анкета за студентите во врска со предметот Хумана генетика. Досега не сум имал прилика да ги пласирам јавно реузлтатите од истата. Со воведување на блогерајов, јас ги давам на увид на пошироката јавност. Мислам дека ние што предаваме на Универзитетот треба да бидеме максимално транспарентни и да ги даваме резултатите од мислењето на студентите за нашата работа. Некогаш можеби нема да ни се допаднат резултатите, но тоа не смее да биде пречка за да тие бидат објавени. Сметам дека ќе повлечам и други колеги вака транспарентно да ги објавуваат резултатите од својата работа.
Еве како одеа резултатите од анкетата.
1.Дали треба да се изучува во програмата по дефектологија предметот хумана генетика?
а) да 100% б) 0%
2. Предавањата по хумана генетика беа
а) полезни 44% б) интересни 18% в) одлични 3% г) не ми беа од корист 6% д) слабо спроведени 29%
3. Вежбите по хумана генетика беа
а) никакви 0% б) ужасни 3% в) лесни 33.3% г) одлични 15.1% д) ми беше задсоволство да присуствувам на нив 48.6
4. Во предметот по хумана генетика во иднина
а) треба да се менуваат многу работи 9% б) треба да има мали измени 75.7 в) не треба да се менува ништо 15.3%
No comments:
Post a Comment