Thursday, April 10, 2014

Мементо пост: Убавата 2009-та

Драги пријателки и пријатели,
Се навраќам на 2009 година една од најубавите мои години во последните 10-15 години. Постот е пишуван на првиот ден од новата 2010 година.

Драги мои,
На преминот од една во друга година секогаш се прави рекапитулација на нештата од изминатата година. По неколку тешки години дојде и оваа 2009 година која ми донесе многу радости како приватни, така и службени. Оваа година пред се ќе ја запаметам по раѓањето на мојата втора прекрасна ќерка Донатела на 22.09.  Почетокот на истата не ветуваше ништо посебно. Но, се редеа професионални успеси, успешно презентирање на конференција во Белград. Мојот драг другар и колега стана декан. Потоа се објави JSER online, па излезе од печат учебникот Физиологија со функционална анатомија, ме назначија за раководител на наставно научниот колегиум на последипломски студии, станав Еразмус координатор на ФЗФ, излезе коавторски труд во престижната Acta Ophtalmologica Scandinavica со импакт фактор, беше организирана трибина „Мојот живот со Down синдром„, беше успешно реализирана годишната конференција на МНЗА. Лошите работи како рецесијата, смртта на Мајкл Џексон, свиснкиот грип, болеста која ме  нападна последните денови ќе ги оставиме назад во времето и одиме напред. Ако оваа 2010-та биде барем половина од минатата ќе бидам пресреќен.


Ваш Владотра

No comments:

Post a Comment