Денес во МАНУ од 10:00 до 18:30 се одржа работилница на тема: „Издавачки интегритет и добри практики во
уредувањето“ на која присутвуваа околу 70-тина гости. Главни предавачи беа проф. д-р Елизабет Вагер од Англија и проф. д-р Ана Марушиќ од Хрватска кои говореа за уредување во дигиталното време, уредувачки политика за списанија од научната периферија, како да се поправи рецензирањето, етички прашања во академското публицирање. Домаќин на настанот беше биомедицинското одделение на МАНУ претставени преку акад. Поленаковиќ и акад. Поп Јорданова. Многу ми е драго што една поодамнешна идеја на проф. д-р Дончо Донев и моја денес се реализираше во целост. Од нашите предавачи учество земаа: проф. д-р Дончо Донев, проф. д-р Мирко Спироски, проф. д-р Зоран Здравковски, проф. д-р Дијана Плашевска, проф. д-р Зоран Гучев, проф. д-р Гоце Спасовски, проф. д-р Азис Положани и м-р Ленче Даневска кои главно ги преставија своите списанија или говореа за сциентометријата и авторството и биомедицинските списанија од Македонија, каде што беше споменато за дострелите и успесите на ДТП.
На крајот од работилниците се формираше Македонското здружение за медицински уредници што беше главната придобивка на настанот. Пишувачот на овие редови е еден од членовите и ќе земе учество во комисијата за информации.
Во Извршниот одбор на МЗМУ беа дадени
следниве предлози:
Претседател:
Акад. Момир Поленаковиќ
Избран иден
претседател: Акад. Нада Поп-Јорданова
Заменик
претседатели (вкупно тројца, кои ке бидат координатори на трите комисии):
Проф. Азиз
Положани, Проф. Мирко Спироски и Проф. Гоце Спасовски
Организациски/ генерален
секретар: Проф. Дончо Донев
Благајник: Г-ѓа
Силвана Марковска
Архивар/административен
секретар: г-ѓа Благица Тренчевска
За членови на Надзорен
одбор беа предложени: Акад. Живко Попов, Проф. Никола Јанкуловски и Г-ѓа
Елизабета Колчаковска.
Во продолжение неколку слики од настанот.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment