Wednesday, April 9, 2014

Мементо пост: средба со Деканот на Медицински факултет-Нови Сад

Драги пријателки и пријатели,
Од денес ја воведува рубриката Мементо пост, сакајќи да зачувам што повеќе постови од стариот блог. Имено, добив порака дека стариот блог на платфомрата на оннет.мк ќе згасне на 1 мај 2014 година. Не знам од кои причини се прави тоа. Многу години постирање, многу добри постови ќе пропаднат во вода. На овој начин ќе се обидам да спасам нешто. Инаку ви ја проследувам пораката што ја добив од блог.мк

Почитувани корисници на blog.mk,
Ве информираме дека на 1.05.2014 година ќе престане да функционира сервисот blogeraj преку страната на www.on.net.mk .
Ви благодариме што бевте корисници на услугата и ве молиме да си ја преземете вашата архива од www.blog.mk, најдоцна до 30.04.2014 година.
Останете и натаму на www.on.net.mk
Срдечен поздрав,
ОНЕ Телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје

Во продолжение е постот за мојата посета на деканот на Медицински факултет во Нови Сад пред 1,5 година.

Posted ноември 4, 2012
Драги колешки и колеги,
Сакам малку да се осврнам на мојот престој во Нови Сад изминатата недела. Како што веќе објавив од 25 до 28.10.2012 во Нови Сад се одржа меѓународна конференција за церебрална парализа на која што земав активно учество. На маргините на конференцијата одржав средба со Деканот на Медицинскиот факултет во Нови Сад проф. д-р Никола Грујиќ, една извонредна личност. Пред 7-8 месеци на моја иницијатива беше потпишан договор за соработка помеѓу деканите на Медицински факултет од Нови Сад и Филозофски факултет во Скопје. За да не остане сето тоа на хартија иницирав состанок. Како што е редот се најавив една недела порано по електронски пат и за моја среќа предлогот за средба веднаш беше прифатен. Зошто го велам ова? Па, заради тоа што кај нашиот декан на нашиот Медицински факултет минатата година барав средба во два наврати лично од секретарката и не бев удостоен со никаков одговор од „големиот„ декан.
На состанокот кој траеше 45 минути (нешто што за нашите декани и непоимливо, нели тоа е губење на време„) разменивме доста идеи, малку локална политика, можности за идна соработка. Од она што можеше да се забележи е дека се работи за доста едноставен, а паметен човек кој добро ја менаџира институцијата која ја раководи, а меѓудругото и доста духовит. Големината на еден професор и декан не се гледа во тоа колку си одважен, колку повеќе одбиваш колеги толку си побитен, туку во приемчивоста, во едноставноста и во широчината на духот. На крајот од средбата јас му подарив книга Аутизам и последниот број од списанието ДТП, а тој ми подари негов учебник Физиологија на спортот и уште една книга комично сатиричен водич за студенти и успешни професори. Морам да признаам дека таа книга доста ме разоноди и ми го разубави престојот таму. Ќе споделам еден извадок од книгата на оригинален српски јазик, за што се надевам ќе ми простите.
Искрено, Владотра
VEČITI STUDENT
Večiti student je inventar fakulteta koji se ne troši.
Status večitog studenta je ustvari…
…doktorat sa kumlativnim dejstvom.
U poređenju sa doktoratom zahteva…
…više vremena…
…više poštenja…
…više ljudskih kvaliteta…
…uz identičan naučni doprinos…
Stiče se dugotrajnim studiranjem…
…gde svaki napredak mora biti…
…težak…
…zapažen…
…i prevashodno…
…slučajan.
On je spona među generacijama…
…i obaveyni konusltant…
…u pisanju monografije…
…o istoriji fakulteta.
Da bi postao večiti student…
…neophodne su preporuke ljudi…
…koji nisu profesorima…
…u cuker piksli.
Džiarju Džejajsi

No comments:

Post a Comment