Се навраќам на прослвата на мојот 39-ти роденден кога студентите ме изненадија пријатно.
ноември 13, 2007
Драги блогери,
Денес бев мошне пријатно изненаден кога на почетокот
на часовите од студентите добив торта по повод мојот роденден кој се
совпаѓа и со прославата по повод ослободувањето на градот кој најмногу
го сакам. Морам да признаам дека до крајот на денот часовите течеа во
пријатна и релаксирачка атмосфера во која и јас ги почестив моите
студенти.
Овој потег на актуелната втора година од нашиот
институт ќе остане долго во моето сеќавање, бидејќи доаѓа во период што е
особено тежок за мене. Утре следуваат и фотографии од паузите меѓу
часовите.
Драги студенти Ви благодарам за искреното изненадување и за убавите мигови.
No comments:
Post a Comment