Saturday, November 29, 2014

Соопштение за семинарски, предавања, вежби и теренска настава за идната седмица

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам за распоредот на моите активности за наредната седмица. Во понеделник, сепак останува терминот за вашите вежби кај колегата Киткањ, а тој ќе ни го отстапи терминот најверотјано во понеделникот на 15.12. или ќе мораме обврската да ја завршиме во саботата на 13.12. Ова е така, бидејќи на 08.12. е празник, т.е. неработен ден. Вежбите по ФФА со колешките Рашиќ Цаневска и Крчаноска ќе си ги имате редовно. Ова се однесува до студентите од втора и трета година. За студентите од прва година колешката Крчаноска дополнително ќе ви го соопшти терминот, а тој најверојатно ќе биде кога и јас ќе го имам дополнителното предавање или во некој друг термин.
Распоредот на моите активности за следната седмица изгледа вака:
Понеделник и само тој ден прием на семинарски трудови во мојот кабинет од 09:00 до 15:00 часот.
Вторник останува договорот од 8.00 до 10.30 часот да го одржам предавањето по ФФА во лабораторијата.
Од среда со петок на теренска настава со студентите од прва година, така што сите останати колешки и колеги на кои им требам, нека не ме бараат во тие денови. 
Предметен наставник

Friday, November 28, 2014

Некои напомени за семинарските трудови

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да споделам некои напомени во врска со предавањето на семинарски трудови. Ве потсетувам дека семинарските трудови ќе се примаат во печатена верзија најдоцна до 01.12.2014 година во 15:30 часот, а електронската верзија најдоцна до 23:59 истиот датум. Во понеделник ќе примам семинарски трудови во периодот од 13:00 до 15:30 часот заради вонредното предавање и вежби што ќе ги имам претходно на Педагошкиот факултет. 
За да не ми праќате сите електронска пошта отворив корисничка сметка на www.gmail.com
корисничко име: defektologijaseminarski
лозинка: defekt2013
Кога ќе влезете во корисничката сметка треба да одите во делот Drive,  и да го закачите (upload-ирате) вашиот Word документ, т.е. вашиот семинарски труд и интернет ресурси за вонредните студенти. Обработките на труд не се закачуваат. Студентите од Институтот за дефектологија ќе ги ставаат своите фајлови во фолдерите ХГ-ноември 2014 за предмететот хумана генетика, ФФА-ноември-2014 за предметот Физиологија со функцинонална анатомија. Студентите од Институтот за психологија и Институтот за семејни студии ќе ги закачуваат своите фајлови во фолдерите Генетика - ноември 2014 и Физиологија - ноември - 2014, зависно од предемтот што го слушаат. Именување на фајлот треба да биде вашето целосно име и презиме-насловот на семинарската (интернет ресурсот)-кратенка за предметот. На пример: Ристана Петковска-Хромозоми-ХГ или Стојко Вранковски-Физиологија на видот-ФФА. Ве молам за прецизно закачување на трудовите да не дојде до некаква конфузија. Сите трудови што ќе стигнат по 01.12.2014 нема да бидат земени предвид за оценување.
Предметен наставник

Thursday, November 27, 2014

Десетто предавање ФФА - 28.11.2014

Почитувани студенти,
Утре (петок) со почеток во 10:30 заради вашите систематски прегледи ќе се одржи десеттото по ред предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ќе предавам за физиологија на видот. По тој повод ви споделувам неколку видеоклипови.









Предметен наставник

Wednesday, November 26, 2014

Десетто предавање ХГ - 27.11.2014

Почитувани студенти,
Утре според силабусот ќе го одржам десеттото предавања по предметот Хумана генетика. Ќе бидат довршени синдромите од деветтото и ќе започнам со генетски аспекти на глувост и слепило. Да ги прегледаме видеоклиповите.












Предметен наставник

Saturday, November 22, 2014

15 ЕКТС поени - ноември 2014

Почитувани студенти,
На сите вас редовни и вонредни кои ви недостасуваат 15 ЕКТС поени по моите предмети ве поканувам во вторник на 25 ноември во терминот од 10:00 до 14:00 часот. Ве молам за придржување за овој термин, бидејќи во овој месец немам друг за таа намена. Ве молам добро подгответе ги материјалите за да не морам да ве враќам на дообработка.
Предметен наставник

Friday, November 21, 2014

Три предавања по Физиологија

Почитувани студенти од Институтот за психологија и Институтот за семејни студии,
Сакам да ги споделам предавањата кои ви ги должам. На следните линкови ќе можете да ги најдете предавањата кои треба да ги подготвите за вториот колоквиум или за испитот Физиологија.
Пријатно учење!
Предметен наставник

New one article by our team have been cited in IF journal

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека уште еден наш колекитвен труд е цитиран во списание со импакт фактор и тоа во Clinical and Experimental Optometry кое за 2013 година има фактор на влијание 1.256. Автори на трудот се: Tanisha Watt, Kenneth Robertson и Robert John Jacob.Refractive error, binocular vision and accommodation of children with Down syndrome. Article first published online: 13 NOV 2014. DOI: 10.1111/cxo.12232
Нашиот труд што е цитиран е следниот: A. Ljubic, V. Trajkovski, B. Stankovic. Strabismus, refractive errors and nystagmus in children and young adults with Down syndrome. Ophthalmic genetics 32 (4), 204-211.
Во продолжение проследете го апстрактот од трудот.

Background

In this review of the visual development of children with Down syndrome we were specifically interested in how refractive error, binocular alignment and accommodation are different in Down syndrome from the general population. The differences and their aetiology will help practitioners make informed decisions about the visual assessment and management of these children.

Methods

Articles found using searches through Scopus, Medline and Google Scholar were evaluated by examining sample sizes, appropriate use of controls, methods of measurement and statistical significance of findings. Where the strength of evidence in an article might be weak, this is reported in the review.

Conclusion

The development of the visual and oculomotor systems is substantially different in Down syndrome compared with the general population. Assessment and optometric management of this special population need to be directed accordingly.

Keywords: accommodation; binocular vision; children; Down syndrome; refractive error; vision

Коавторот


Thursday, November 20, 2014

Деветто предавање ФФА - 21.11.2014

Почитувани студенти,
Утре на програмата е деветтото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ќе ви предавам за систем на сетила (прв дел). По тој повод погледнете ги следните видеоклипови.












Предметен наставник

Wednesday, November 19, 2014

Деветто предавање ХГ - 20.11.2014

Почитувани студенти,
Утре според силабусот следува деветто предавање по Хумана генетика. Проследете ги видеоклиповите.










Предметен наставник

Monday, November 17, 2014

За третата конференција во организација на здружението на дефектолози на Војводина

Почитувани колешки и колеги,
На 15 ноември, изминатиов викенд во Нови Сад се одржа третата по ред конференција во организација на зружението на дефектолози од Војводина под наслов: „Современа дефектолошка работа - рехабилитација, превенција на исклученоста и инклузија„. Зборникот на апстракти ќе можете да го симнете на веб страницата на здружението. Бев член на научниот одбор и пленарен предавач, што за мене претставуваше посебна чест и задоволство и тоа значи дека надвор некој ја цени мојата работа, за разлика од многу што се внатре. 
Други презентери на теми од Македонија за жал немаше. Јас во коавторство со колешките Мери Трпеска и Андријана Тодоровска ја презентирав темата под наслов: Здравствена заштита на лицата со интелектуална попреченост и аутизам во Република Македонија. Се надевам дека темата им беше интересна на слушателите кои ги имаше околу стотина во амфитеатарот на Медицинскиот факултет. Во продолжение можете да го проследите нашиот апстракт на англиски јазик што се наоѓа на страница 25 и 26 во зборникот.
Како да го цитирате апстрактот:


Trajkovski V, Trpeska M, Todorovska A. Zdravstvena zaštita osoba sa intelektualnom ometenošću i autizmom u Republici Makedoniji. Zbornik rezimea Međunarodna konferencija: „Savremeni defektološki rad – rehabilitacija, prevencija isključenosti i inkluzija“. Novi Sad, 15 novembar 2014; 24-25. 

HEALTH PROTECTION OF PERSONS WITH INTELLECTUAL DISABILITY
AND AUTISM IN REPUBLIC OF MACEDONIA
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski1, Meri Trpeska2, Andrijana Todorovska2
1 University Ss “Cyril and Methodius”, Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation,
Skopje, Republic of Macedonia
2 unemployed special educator
Introduction: Health protection is a system of measures and activities for improvement and health
nursing, prevention and inhibition of illness/disorders. The system of health protection is based on three
levels: primary, secondary, tertiary health protection. In Republic of Macedonia (RM) the health protection
of persons with intellectual disability is regulated by the law for health protection and the law for health
insurance.
Aim: The aim of this research is to determine the health protection that receive the persons
with intellectual disability and autism, is this protection fit its components (detection, prevention, early
intervention, diagnosis, prognosis, treatment, rehabilitation) and helps those persons in the protection
and care of his/her mental and physical health.
Methodology: The whole sample includes total number of 162 persons, of whom 82 persons are
health workers, 40 are parents of people with intellectual disability and 40 parents of children with autism.
For this research a questionnaire was used, intended for three groups of examiners, which contains
questions from open, closed and combined type and questions with alternation. The comparison of the
three groups of examiners is analyzed with the Chi square test and Fischer Exact test, and the differences
with p<0.05 level of significance has been taken as significant.
Results: There is significant statistic difference in the answers of the examiners regarding the
question whether persons with intellectual disability enjoy their rights (p = 0.0181), wherewith we confirm
that persons with intellectual disability do not enjoy their rights of health protection. There is no particular
statistic difference in the answers of the two examined groups regarding the question whether persons
with intellectual disability have access to health services (p = 0.0509). From the other hand it could be
noticed that 55% of autistic parents do not agree that children with autism are included in the health
protection system. Parents in 92.5% stated that in health protection package rehabilitation of children
with autism is not provided.
Conclusion: The health protection in Republic of Macedonia does not completely fulfill its obligations to the persons with intellectual disability and autism. Every patient is entitled to health protection without
discrimination based on gender, race, language, faith, origin or any other status. Persons with those
disabilities have need for more communication and information regarding their health condition, more
access to the health specialist institutions, and extension of their age limit (over age 26 years) for free
participation fee in the health institutions. Regarding the health workers, who agree that the medical
examinations of persons with intellectual disability are more frequent, was determined that they need
additional training that would help them to improve their work.
Recommendations: Improvement of the cooperation among the three levels of health protection,
cooperation with different nongovernmental organizations, opening of new health service institutions
where the health of the persons with intellectual disabilities and autism will be watched, opening a register
of persons with intellectual disabilities and autism, establishment of up-to-date methods of treatment, as
well as methods and technologies for early detection.
Key words: health protection, intellectual disability, autism, laws, Republic of Macedonia.

Во продолжение куса фотогалерија од настанот.
Член на научен одбор







Wednesday, November 12, 2014

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 12.11.2014

Почитувани студенти,
Еве по речиси 10 часа работа од кои 7 часа прегледување на 81 тест, ви ги проследувам резултатите од првиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. Со тоа го срушив стариот рекорд на прегледани тестови во еден ден :) Реузлтатите се подобри во однос на предметот Хумана генетика. Тоа делумно се должи на повторениот тест од минатата година со што особена корист имаа студентите од втора година. Има 13 положени студенти со освоени најмалку 18 поени и 11 студенти кои се условно положени. Тие што се условно положени ќе имаат услов на вториот колоквиум да освојат од 18.5 до 20 поени, зависно колку им бил првиот колоквиум, а целта е збирот од двата колоквиума да биде најмалку 36 поени. Долната граница е зацементирана на 16 поени и од неа нема отстапувања. Критериумот не се менува. Тоа значи дека тие што овој пат освоиле 16 поени наредниот пат мора да имаат најмалку 20 поени ако сакаат да го положат испитот преку колоквиуми. Ако освојат под 20 поени тоа ќе значи дека ќе мораат да одат на испит во јануарска сесија. Честитки до положените и веднаш да седнат да учат за вториот колоквиум, а останатите да учат за испитот во јануари.
Предметен наставник


Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
22827/12
24.5
2.       
23088/13
24.5
3.       
23271/14
23.5
4.       
7877/12
22.5
5.       
23115/13
21.5
6.       
23123/13
21.5
7.       
23092/13
21
8.       
23263/14
20.5
9.       
23269/14
20.5
10.   
8506/13
19
11.   
23164/13
19
12.   
8554/14
18.5
13.   
7879/12
18
14.   
22819/12
17.5 условно
15.   
7878/12
17.5 условно
16.   
23138/13
17 условно
17.   
23280/14
17 условно
18.   
23293/14
17 условно
19.   
78/73/12
16.5 условно
20.   
8200/12
16 условно
21.   
22816/12
16 условно
22.   
23191/13
16 условно
23.   
23182/13
16 условно
24.   
23532/14
16 условно
25.   
23299/14
15.5
26.   
22814/12
15
27.   
23156/13
14.5
28.   
8393/13
14.5
29.   
22798/12
12.5
30.   
8375/13
11.5
31.   
8580/14
11.5
32.   
8542/14
11.5
33.   
8577/14
11
34.   
8555/14
11
35.   
8391/13
10.5
36.   
23315/14
10.5
37.   
8370/14
10.5
38.   
8553/14
10
39.   
8585/14
10
40.   
8526/14
9.5
41.   
22133/10
 9
42.   
8575/14
8.5
43.   
23316/14
8.5
44.   
23325/14
8.5
45.   
9206/12
8
46.   
22773/12
8
47.   
23137/13
8
48.   
8493/13
8
49.   
8515/14
8
50.   
23273/14
7.5
51.   
8389/13
7.5
52.   
22803/12
7
53.   
8538/14
7
54.   
8560/14
6.5
55.   
8522/14
6.5
56.   
23336/14
6.5
57.   
8186/12
6.5
58.   
8185/12
6
59.   
22779/12
6
60.   
22774/12
6
61.   
8557/14
6
62.   
8529/14
6
63.   
23267/14
6
64.   
8590/14
6
65.   
23281/14
5.5
66.   
7896/12
5
67.   
8207/12
5
68.   
23144/13
5
69.   
8521/14
5
70.   
8512/14
5
71.   
7004/10
4.5
72.   
8189/12
4.5
73.   
23577/14
4.5
74.   
7910/12
4
75.   
23301/14
4
76.   
23342/14
3.5
77.   
7870/12
3
78.   
8218/12
3
79.   
8583/14
3
80.   
8582/14
2.5
81.   
8571/14
1.5