Сакам да ви дадам одредени напомени за наредните десетина дена.
Утре 06.11.2014 од 08:15 часот се полага колоквиумот по Хумана генетика (прва и втора година заедно). Потребно е 15 минути да се биде пред библиотеката на Институтот за дефектологија. Потоа од 10:00 часот на Педагошки факултет во лабораторија прва група од прва година има вежби ФФА, заедно со прва група од втора година објавена од Мануела во групата на ФБ. Во 12.15 часот имаат вторите групи вежби по ФФА. Втора година им се придружува на прва заради спортските активности денес на Водно, но часовите не смеат да бидат изгубени. Затоа ги молам и втора и трета година да си ја сфатат сериозно работата. Трета година ќе ги одработи вежбите кај доц. Рашиќ-Цаневска во понеделник од 08.45 до 10.15 часот целата генерација заедно во слушална 11.
Јас во петок на 07.11.2014 ќе ви одржам предавање ФФА во 08.15 часот, а веднаш потоа и предавање ХГ во 11.00 часот кое би требало да заврши во 13.15 часот.
На 12.11.2014 е закажан вториот колоквиум по ФФА за сите генерации со почеток во 08.15 часот со претходно присуство 15 минути порано.
На 13.11.2014 во 08.15 часот почнуваме предавање ХГ, а од 11.00 часот предавање ФФА.
На 14.11.2014 најверојатно во 09.00 часот прва група вежби ФФА кај Мануела, а потоа во 11.15 часот втора група вежби ФФА.
Искрено се надевам дека сето ова е кристално јасно објаснето.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment