Saturday, November 29, 2014

Соопштение за семинарски, предавања, вежби и теренска настава за идната седмица

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам за распоредот на моите активности за наредната седмица. Во понеделник, сепак останува терминот за вашите вежби кај колегата Киткањ, а тој ќе ни го отстапи терминот најверотјано во понеделникот на 15.12. или ќе мораме обврската да ја завршиме во саботата на 13.12. Ова е така, бидејќи на 08.12. е празник, т.е. неработен ден. Вежбите по ФФА со колешките Рашиќ Цаневска и Крчаноска ќе си ги имате редовно. Ова се однесува до студентите од втора и трета година. За студентите од прва година колешката Крчаноска дополнително ќе ви го соопшти терминот, а тој најверојатно ќе биде кога и јас ќе го имам дополнителното предавање или во некој друг термин.
Распоредот на моите активности за следната седмица изгледа вака:
Понеделник и само тој ден прием на семинарски трудови во мојот кабинет од 09:00 до 15:00 часот.
Вторник останува договорот од 8.00 до 10.30 часот да го одржам предавањето по ФФА во лабораторијата.
Од среда со петок на теренска настава со студентите од прва година, така што сите останати колешки и колеги на кои им требам, нека не ме бараат во тие денови. 
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment