Во животот постојат луѓе и нелуѓе. Во последниот период како загари ме опкружуваат повеќе овие вториве. Денес, се убедив дека уште има по некој ГОЛЕМ човек. Не се познаваме многу, сме се виделе 2-3 пати по 5 минути. Сме размениле 2-3 смс или вибер пораки во последните 5 години и нешто. Кај блиските познат сум како професор што не бара спонзорства, затоа што оцените на испит немаат цена. Но, од тоа правило има неколку исклучоци. Два пати сум му побарал спонзорство и тоа за првата манифестација што ја одбележа МНЗА по повод 2 април, меѓународниот ден на лица со аутизам во 2011 година и истата година за мојот последен учебник Аутизам и первазивни развојни нарушувања. И во двата наврати воопшто не размислуваше дали да донира пари за нашето здружение кое хронично пати од недостаток на средства, бидејќи државата не го есапи невладиниот сектор. Ние професорите дојдовме во таква ситуација да молиме за општо добро. Последнава недела списанието Дефектолошка теорија и практика се најде во тешка ситуција и тоа не финансиска туку се најде пред препрека наречена непрофесионална печатница. Имено, заради тендер добиен на ФЗФ, бев принуден да одам во фирма што нема никава врска со издаваштво на научни списанија. Цели 8 дена ги чекав да ми дадат некаков рок за завршување на првиот принт, некаков сигнал за можно излегување од печат. Но, да не ја ширам многу приказната бидејќи не ми е поентата неспособната фирма, туку човекот мецена на науката. Решив со тешко срце да му побарам и по трет пат одредена сума пари која ќе ги покрие печатарските трошоци за да можам да ја избегнам тендерската фирма и понижувањето од нејзините вработени. Вчера напишав е-пошта, денес ми беа одобрени средствата. Подобро да побарам средства од господин човек, отколку да ме „возат" приучени фирми. За воља на вистината тој човек никогаш не ми побарал противуслуга, на пример да му „пуштам" некој студент, да му „фатам" врска за некаков преглед на клиника. Верувајте никогаш ништо во овие 5 години. Веројатно тоа го прави бидејќи е голем чоовек, знае дека науката е во криза, општеството длабоко закоравено во примитивизам и незаинтересираност за наука. Тоа е богат човек, но можеби не толку во материјални средства, туку богат во духот. Претпоставувам дека тој ќе рече дека не сум морал ниту овој текст да му го напишам и сето тоа од скромност. Не сака многу да се експонира, кога му реков дека во знак на благодарност ќе отпечатиме на една страна реклама на неговата компанија, рече дека нема никава потреба од тоа.
Драги мои,
Сигурно се прашувате кој е тоа, кој во време на поплави и криза кога некои од донаторите се сликаат на ТВ и со тоа си прават реклама, тој дава пари на списание кое се бори за да добие импакт фактор и меѓународна препознатливост и списание од кое можеби никогаш нема економски да му се вратат вложените средства. Но, тоа тој не го прави за да има некаква корист, туку затоа што го препознава квалитетот на она што го работам и заради тоа што едноставно сака да помогне на човек во невоља.
Тоа е човекот со големо срце, директорот на команијата ТИНЕКС, господинот Владимир Тодоровиќ. A name is a name! Човекот што во овие тешки месеци за мене, ми ја врати вербата во луѓето. Упатувам јавна благодарност до него и до оваа општествено одговорна компанија.
Претседател на МНЗА,
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment