Sunday, August 21, 2016

Термини за моите испити - августовска сесија 2016

Почитувани студенти,
Иако оваа информација беше објавена уште во април, нема да биде лошо да ве потсетам уште еднаш. Имено, оваа августовска сесија по моите предмети започнува утре со почеток во 8:15 часот. Ги молам сите студенти да дојдат 15-тина минути порано пред библиотеката на институтот и да имаат со себе пријава со уплатена такса за испит и доколку имат уплатница истата да биде уредно прикачена за пријавата. Испитите се полагаат со претходно освоени 15 ЕКТС поени. Никакви доцнења не се толерираат!

Прва декада:
22.08.2016 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:15 часот
23.08.2016 ХГ и МОИ во 08:15 часот

Втора декада
30.08.2016 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:15 часот
31.08.2016. ХГ и МОИ во 08:15 часот

Нека ви е со среќа полагањето на испитите!
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment