Wednesday, August 10, 2016

Webometrics за македонските универзитети или Quo vadis UKIM?

Почитувани колешки и колеги,

Во јули излезе најновата едиција на Ranking Web of Universities, или популарниот Webometrics веб страница што ги рангира универзитетите според нивната видливост на интернет. Рангирањето го прави Cybermetrics Lab од Шпанија. Кога ќе ги видите резултатите за македонските универзитети ќе забележите дека истите се поразителни, особено поразителни за нашиот УКИМ кој се наоѓа на срамното 11.461 место, а на 5-то место во рамките на универзитетите во Македонија. Најдбро рангиран наш универзитет е универзитетот Гоце Делчев од Штип кој се наоѓа на 3091 место, па следува универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола кој е на 4992-ро место во светски рамки, а на трето место, односно 5290-то е универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.
Како за споредба со универзитетите ќе наведам дека универзитетите од Србија многу повисоко котираат. На пример: универизтетот во Белград е на високот 536 место, а универзитетот во Нови Сад на 886 позиција. Универзитот во Загреб се наоѓа на уште повисока позиција 479 место, а за универзитеот во Љубљана не сакам ни да зборувам, затоа што тој е милион светлосни години пред нас и се наоѓа на 286 место. Кај соседите од исток највисока 840 позиција зазема универзитетот во Софија.
Очигледно дека надлежните органи на УКИМ, на другите универзитети и конечно од МОН треба длабоко да се запрашаат и замислат за овие поразителни резултати. Веб страниците на факултетите не треба да бидат само обични информативни табли, туку многу повеќе од тоа. На пример каде се дигиталните репозиториуми на УКИМ? Тоа е елемент кој високо со цени во рангирањето. Дали некој на факултетите го разбира значењето на зборот дигитално складиште? Дали знаат за големата акција во земјите на ЕУ за се поприсутен отворен пристап до списанијата на ЕУ? Дали некој води сериозна грижа за видливоста на нашите стручно-научни списанија? Јас веќе 2 години ги убедувам нашите надлежни во деканатот да се започне со дигитален репозиториум на ФЗФ, каде ќе се складираат докторати, магистериуми, научни трудови на професорите и уште нема никаков ефект. Очигледно е дека се нема сенс и дека ова не допира до тој што треба да допре. Се прашувам, ќе го прочита ли овој пост некој од тие што се задолжени за креирање одлуки?
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER


No comments:

Post a Comment