Friday, August 12, 2016

15 ЕКТС поени на 15.08.2016

Почитувани студенти,
Се надевам дека убаво се одморивте ова лето. Одамна веќе требаше да почнете да учите за престојната августовска сесија. Кај мене испитите ќе се полагаат на 22 и 23 за првата декада и 30 и 31 за втората декада. Во поранешните постови ги имам објавено точните термини и предмети. Сите студенти кои немаат се` уште освоено 15 ЕКТС поени по одредени предмети ги поканувам во понеделник на 15.08. во периодот од 11:00 до 14:00 часот да ја завршат таа задача. Испитот не може да се полага без освоени 15 ЕКТС поени кои се задолжителни според правилата за студирање кои ги имате во Прирачникот. Ве замолувам за придржување на терминот, бидејќи не сум сигурен дали ќе има уште еден таков термин за оваа сесија. Дури и да има ќе биде само уште еден, никако повеќе.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment