Вие многу добро знаете дека првата декада на ноември е предвидена за полагање на првите колоквиуми по моите предмети. Претпоставувам дека веќе континуирано учите ако посакувате успех на истите. Ви го проследувам распоредот за полагање на првите колоквиуми по одреден редослед на датуми на полагање.
2 ноември 2016 година 08:00 часот
Генетика, Физиологија (Институт за психологија, Институт за семјени студии), Физиологија со фунцкионална анатомија (апсолвенти на Институт за дефектологија).
3 ноември 2016 година 08:00 часот
Хумана генетика (I, II, III, IV година студенти на Институт за дефектологија).
11 ноември 2016 година 08:00 часот
Физиологија со функционална анатомија (I, II, III, IV година студенти на Институт за дефектологија).
Сите колоквиуми ќе се полагаат во слободни простории на Филозофскиот факултет (како можни се наведуваат: голем амфитеатар, сала за седници, амфитеатар 4, електронска лабораторија, слушална 11). За да не лутате по факултетот должни сте да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на колоквиумот т.е. пред библиотеката на Институтот за дефектологија. Искрено се надевам дека студентите што не учеле воопшто нема да ме оптеретуваат да прегледувам полупразни тестови со небулозни одоговри. На нив им го нудам тестот на увид по завршување на колоквиумот.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment