Последниве три дена, а првите од месец јуни изминаа во знакот на фантастичниот и вонвремеснки успех на РК Вардар од Македонија. Јавно им честитам што не` направија горди сите Македонци и сите граѓани на Македонија кои го сакаат овој Вардар и секако и пошироко од нашата држава. Во неделата долго време по аеродроми и во воздух, па немав време да го направам стандардното осврнување на конгресот што се одржа во Санкт Петербург. Имено од мојот драг колега и пријател проф. д-р Дмитри Бутко бев поканет да присуствувам на нивниот трет педијатриски конгрес под наслов „Здрави деца - иднина на државата". Финансиските средства за мојот пат и престој беа обезбедени од Државниот педијатриски медицински универзитет од Санкт Петербург за што јавно им благодарам во оваа пригода на ректоратот и на колегата Бутко лично. На конгресот презентирав две теми под наслов: "Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities: one year of good practice" и "Screening for Comorbid Psychiatric Conditions in Persons with Autism Spectrum Disorders". На конгресот имаше околу 400 гости, а во мојата сесија 50-тина учесници. Малку е чудно што поголема чест ми прават руските педијатри, отколку на пример, македонските кои не ме не удостојуваат со покана на педијатриска школа. Но, отсекогаш било така: повеќе те ценат надвор, отколку внатре. Нејсе ќе преживеам и со тие неправди, какви ли не сум ги преживеал во овој половина век? На моја иницијатива за времето на престојот од нивниот ректор беше потпишан меморандум за разбирање меѓу нивниот универзитет и ФЗФ од Скопје. Слики од конгресот може да најдете на мојот официјален ФБ профил.
На маргините на конгресот на 29 мај направив посета на регионалниот Центар за аутизам во Санкт Петербург кој постои 26 години во Русија, а во последните три години се наоѓа во нов објект, врвно опремен со стручњаци кои одлично си ја знаат работата. Овој центар во ништо не заостанува зад тие што сум ги гледал во западниот свет, дури во некои домени е и подобар. Таму имав можност да ги презентирам едногодишните резултати од списанието кое го водам #JRTDD (видете погоре линк). Беа разменети искуства и беше изразена двострана желба за понатамошна соработка. Слики од настанот ќе можете да видите овде.
Во социјалниот дел беа посетени музејот Ермитаж, Марински операта, летната градина и многу други знаменитости на преубавиот со не баш типична клима за нас Санкт Петербург.
По повеќе од 15 часовен пат, чекања на 4 аеродроми, сменети 3 авиони, проблеми со дрски стјуардеси, заборавен багаж претходно во Белград се вратив на 2 јуни на половина час пред големото финале меѓу Вардар и Веспрем. Другото веќе ви е познато и претставува златна историја за македонскиот спорт.
Конгресменот :)
No comments:
Post a Comment