Monday, November 30, 2020

Првите две предавања Аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека на првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 5 и 6 декември 2020 година со почеток во 9:30 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Sunday, November 29, 2020

Прием на семинарски работи - 30.11.2020

Почитувани студенти од прва година од ИСЕР и ИП,

Сакам да ве информирам дека ви истекува рокот за вашите семинарски трудови по ХГФ и ФФА, а тоа е понеделник 30 ноември 2020 година во 23:59 часот.
Сите што нема да успеат во тој наведен период да ги достават нема да може да сметаат на прегледување на истите и добивање на поени. Семинарските треба да се закачат во делот Assignments во вашиот Мајкрософт Тим. Никакво испраќање на е-пошта не се признава и не сакам да ми го трупате сандачето со семинарски трудови, кога за тоа си постои одлична алатка на МТ. Електронското закачување на трудовите треба да биде во Ворд формат. Насловот на фајлот треба да биде именуван на следниот начин: Име презиме-Наслов на тема-ХГФ или ФФА, зависно по кој предмет ја правите семинарската работа.
Предметен наставник

Saturday, November 28, 2020

Вторите колоквиуми - јануари 2021

Почитувани студенти,

Сите вие кои ги положивте првите колоквиуми по ХГФ и ФФА, ве известувам дека вторите колоквиуми ќе се одржат во периодот од 8 до 15 јануари 2021 година. За точниот датум ќе бидете навремено информирани по Нова година. Поради малиот број на положени студенти, вториот колоквиум ќе се одвива устно на платформата Мајкрософт Тимс. Тоа значи дека ќе добиете повеќе прашања од целиот материјал од вториот дел кој започнав да го предавам минатава седмица.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Monday, November 23, 2020

Студенти медиокритети vs. одлични студенти

 

Карактеристики

Студенти медиокритети

Одлични студенти

Работни навики

Истражувањето го гледа како административна работа од  "8-16". Не работи ништо во време на викендите и за него завршува работата во петокот попладне. За нив експериментот е "губење премногу време." Врши експерименти само ако го подбуцнува менторот.

Го користи времето ефикасно и се подготвени да работат надвор од вообичаените работни часови, вклучувајќи ги и вечери и викенди, за да се обезбеди истражувањето и да се заврши навремено и да се работи по највисоките стандарди. Проактивно и самоиницијативно иницира експерименти.

Читање списанија

Чита само трудови обезбедени од страна на менторот или други студенти, или воопшто не чита.

Активно и континуирано врши литературни пребарувања и самостојно  лоцира добри трудови.

Истражувачка хипотеза

Работи на истражувачка хипотеза развиена од страна на менторот или други.

Независно и континуирано формулира истражувачки хипотези за неговиот сопствен проект и за други проекти кои не се директно поврзани со проектот за студентот.

Пишување

Пишува само кога е принуден од страна на менторот.

Постојано пишува, вклучувајќи одржување ажуриран преглед на литература на релевантни теми, пишување на публикации и извештаи, како и развивање на истражувачки протоколи.

Публицирање

Гледа на објавување како на мачна работа. Мал напор вложува во развојот на ракописи и се претпоставува дека менторот ќе му го допише или поправа трудот.

Сфаќа дека објавувањето на резултатите од истражувањата е огромно и фокусира значителен напор во развивање и пишување ракописи. Постојано развива нови идеи и проактивно пристапува заедно со менторот во потенцијални ракописи.

Решавање проблеми

Од менторот бара помош за решавање на одредени проблеми

Гледа на истражувачките проблеми како можност да расте и да научи. Развива потенцијални решенија на проблемите и дискутира за нив со менторот.

Тимска работа

Се фокусира исклучиво на сопствени истражувања.

Разбира дека заедничката работа е клучна компонента на сопствениот успех на студентот, и затоа доброволно помага на другите колеги во проекти и други лабораториски задолженија.

Предавања Аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани постдипломци,

Ви се обраќам вам од насоката Интелектуална попреченост и аутизам за да ве известам за задолжителниот предмет Аутистичен спектар на нарушувања. Заради жестокоста на епидемијата со Ковид-19 и огромниот морталитет принудени сме наставата да ја организираме само по електронски пат. Вие треба да си ја симнете платформата Мајкрософт Тимс на вашите компјутери, таблети или мобилни телефони и да побарате да ви одобрам вклучување во тимот. Тимот за предметот АСН ќе го најдете на следниот ЛИНК. Ве молам побрзо регистрирајте се со е-пошта и побарајте пристап. Предавањата ќе започнат и ќе се одвиваат во текот на декември. За предметот се предвидени 18 часа кои ќе бидат поделени во 6 денови по 3 часа. Наставата ќе започнува во 17:00 часот и најверојатно ќе се одвива во деновите понеделник, вторник и петок. По потреба можеме да вклучиме и викенд сабота или недела. Кога ќе ми биде појасна сликата со вашиот распоред по другите предмети и мојата агенда ќе го закажам првото предавање во декември.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Saturday, November 21, 2020

Термини за консултации

Почитувани студенти, дипломци, драги постдипломци,

Во тек на тешка пандемија, каде бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19 екстремно се зголемува, консултациите кај мене се одвиваат исклучиво електронски. Првата опција е преку мојата е-пошта: vladotra@fzf.ukim.edu.mk а доколку сакате да стапите во контакт во живо со мене, тоа ќе можете да го сторите преку платформата на Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК. Термините се:

Понеделник од 10:00 до 11:30

Вторник од 10:00 до 11:30

За да оствариме средба во живо сепак ќе треба да се најавите претходно на е-пошта и да побарате термин, затоа што јас нема да бидам нон стоп во овие термин присутен и да чекам на платформата. Се разбира дека стојам на располагање по потреба и во други термини да закажеме состанок.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Thursday, November 19, 2020

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 19.11.2020

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. Тие се поразително лоши. Морате веднаш да седнете и да поченете посериозно да го учите овој предмет. Само пет студентки условно го положија колоквиумот, а дури четири имаат 0 поени на тестот. Мислам дека страшно сте го потцениле овој предмет. Студентите што се условно пуштени на следниот колоквиум ќе треба да освојат најмалку 19, 19.5, или 20 поени консекутивно до збирот од 36. Наместо во време на корона, кога треба да се седи дома и да се учи, да го искористите тоа, вие напротив, како некој да ви рекол да шетате и да не учите.

Реден број

Број на индекс

ЕКТС

поени

1.     

10736/20

17 условно

2.     

24051/16

17 условно

3.     

25389/20

16.5 условно

4.     

24631/18

16 условно

5.     

24978/19

16 условно

6.     

9557/16

15

7.     

10717/20

15

8.     

10477/19

15

9.     

24072/16

14.5

10.  

10027/17

14

11.  

9501/16

13.5

12.  

9474/16

13

13.  

25338/20

13

14.  

25342/20

13

15.  

10196/18

12.5

16.  

10491/19

12.5

17.  

25364/20

12.5

18.  

10490/19

12

19.  

10713/20

12

20.  

10727/20

12

21.  

25355/20

12

22.  

10737/20

11.5

23.  

10503/19

10

24.  

10156/18

9.5

25.  

25735/20

9.5

26.  

10732/20

9

27.  

25336/20

8

28.  

10706/20

7

29.  

25345/20

7

30.  

10721/20

6.5

31.  

25343/20

6.5

32.  

10698/20

6

33.  

25359/20

6

34.  

25376/20

6

35.  

10695/20

5

36.  

10712/20

5

37.  

25361/20

4

38.  

10518/19

3.5

39.  

25349/20

3.5

40.  

10722/20

3

41.  

10728/20

3

42.  

25048/19

3

43.  

10705/20

2

44.  

10710/20

2

45.  

25384/20

1.5

46.  

10697/20

1.5

47.  

25353/20

1

48.  

10709/20

0

49.  

10734/20

0

50.  

25333/20

0

51.  

25466/20

0

Предметен наставник