Wednesday, December 29, 2021

Термини за полагање испити од втор циклус на студии - јануарско-февруарска сесија 2022

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за зимската сесија:

Прва декада
27.01.2022 - Аутизам - 09:00 часот
27.01.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 11:00 часот
27.01.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот

Втора декада
04.02.2022 - Аутизам 09:00 часот
04.02.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот
04.02.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно на платформата Мајкрософт Тимс. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со Ковид-19 епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите! Ви посакувам среќни престојни празници!
Предметен наставник

Tuesday, December 28, 2021

15 ЕКТС поени - 29.12.2021

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,

Многу сум непријатно изненаден од вашето отсуство во двата термина на платформата. Сите вие кои што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени за да може да полагате во зимската сесија, повторно ве поканувам утре 29.12.2021 во 19:00 часот да се приклучите на следниот МТим. Претходно треба да побарате прием во групата ако досега не сте биле член. Ве молам бидете некоја минута порано онлајн. Ви укажувам дека нема да чекам никого повеќе од 2-3 минути. Имајте предвид дека до почетокот на сесијата нема да има уште повеќе од 1-2 термина и затоа искористете ја утрешната можност. Ова е последна средба за оваа намена во 2021 година.

Предметен наставник

Wednesday, December 22, 2021

15 ЕКТС поени - 23.12.2021

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,

Прилично сум непријатно изненаден од вашето вчерашно отсуство на платформата. Си пропуштивте еден термин Сите вие кои што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени за да може да полагате во зимската сесија, повторно ве поканувам утре 23.12.2021 во 19:00 часот да се приклучите на следниот МТим. Ве молам бидете некоја минута порано онлајн. Ви укажувам дека нема да чекам никого повеќе од 2-3 минути. Имајте предвид дека до почетокот на сесијата нема да има уште повеќе од 2-3 термини и затоа користете ги овие можности.

Предметен наставник

Monday, December 20, 2021

15 ЕКТС поени - 21.12.2021

Почитувани студенти,

Сите вие кои што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени за да може да полагате во зимската сесија, ве поканувам утре 21.12.2021 во 18:00 часот да се приклучите на следниот МТим. Ве молам бидете некоја минута порано онлајн. Ви укажувам дека нема да чекам никого повеќе од 2-3 минути. Имајте предвид дека до почетокот на сесијата нема да има многу вакви термини и затоа користете ги овие можности.

Предметен наставник

Friday, December 17, 2021

Информации за 15 ЕКТС поени

Почитувани студенти од двата института,

Сакам да ви дадам неколку информации во врска со освојување на 15 ЕКТС поени. Во изминатиот период ги прегледав сите 83 семинарски трудови по предметот ХГФ и дадов соодветни поени во платформата Мајкрософт Тимс. Доколку не сте добиле поени, значи дека не сте доставиле правилно семинарски труд, или воопшто не сте го изработиле. Во фаза на прегледување се семинарските трудови по ФФА и наскоро ќе бидат впишувани поените на секого поединечно.

За студентите од ИП креирав фолдер каде што треба да се ставаат други задачи: интернет ресурси и обработка на труд и тоа ќе треба да се заврши најдоцна до 12 јануари 2022 година, но за да освоите порано потребен број на поени не е лошо и порано да ја завршите таа обврска. Доколку не сте биле на сите предавања (најмногу 10 поени) и доколку не сте освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа (или не сте изработиле семинарски труд), вие треба задолжително веднаш да ми пишете е-пошта да ви дадам задача и час поскоро да ја завршите. Исто така креиран е фолдер за презентации на семинарските за тие што се пријавија на време. Краен рок е 8 јануари 2022 година. Студентите што се имаат пријавено за презентирање на семинарски, а им недостасуваат по 2-3 поени, немаат потреба да прават други дополнителни задачи.

За студентите од ИСЕР креирав фолдер каде што треба да се ставаат други задачи: интернет ресурси и обработка на труд и тоа ќе треба да се заврши најдоцна до 13 јануари 2022 година, но за да освоите порано потребен број на поени не е лошо и порано да ја завршите таа обврска. Доколку сте биле на сите предавања и вежби ќе освоите 15 ЕКТС поени и може да одите директно на испит и без семинарски труд. Секое отсуство од предавања одзема 1 поен и секое отсуство од вежби одзема 1 поен и тогаш морате да имате дополнителна активност. Поените од семинарскиот труд наскоро ќе ги добиете на МТ. Исто така креиран е фолдер за презентации на семинарските за тие што се пријавија на време. Краен рок е 8 јануари 2022 година.

За студентите повозрасни од прва година кои немаат освоено 15 ЕКТС поени веднаш да ми се обратат по е-пошта и да закажеме термин за одбрана на задачите. Оваа обврска со вас мора да биде завршена до 30 декекмври 2021 година, што значи дека нема да има многу термини за таа намена.

Запомнете по 15.01.2022 година нема многу да се занимавам со вакви работи. Тогаш почнува сесијата и имам други обврски.

Со почит,

Предметен наставник

Wednesday, December 15, 2021

Термини за полагање испити за прв циклус на студии јануарско-февруарска сесија 2022

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јануарско-февруарската сесија 2022 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат по електронски пат. Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Испитите најверојатно ќе се полагаат на МУДЛ платформата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени и за да добиете напомени за платформата на која ќе се изврши полагањето.

Прва декада
24.01.2022  ХГФ во 08:00 часот
24.01.2022  ФФА во 09:00 часот

25.01.2022 ХГ во 08:00 часот
25.01.2022 МОИ во 09:00 часот

Втора декада
31.01.2022 ХГФ во 08:00 часот

01.02.2022 ФФА во 08:00 часот

03.02.2022 ХГ во 08:00 часот
03.02.2022 МОИ во 09:00 часот

Предметен наставник

5-то и 6-то предавање АСН - 18-19.12.2021

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека петтото и шесттото предавање по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 18 и 19 декември 2021 година со почеток во 9:00 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Повторувам: предавањата се задолжителни и за актуелната прва година и за презапишаните постдипломци. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Wednesday, December 1, 2021

9-то заменето предавање ХГФ - 06.12.2021

Почитувани студенти од ИП,

Како што веќе се договаравме деветтото предавање по предметот Хумана генетика и физиологија ќе се одржи во понеделник на 06.12.2021 година со почеток во 8:30 часот и ќе трае најдоцна до 11:15 часот. Го задржувам правото за промена на терминот заради непредвидени работи. Ве очекувам сите.

Предметен наставник

3-то и 4-то предавање АСН - 04-05.12.2021

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека третото и четвртото по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 4 и 5 декември 2021 година со почеток во 9:00 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Повторувам предавањата се задолжителни и за актуелната прва година и за презапишаните постдипломци. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Wednesday, November 24, 2021

Конкурс за патување во Малта

Почитувани студенти, драги постдипломци,

Го објавувам овој интерен конкурс за службено патување во Малта во рамките на проектот на МНЗА и партнерски организации од ЕУ под наслов „Пријателски места за аутизам“. Патувањето ќе се реализира во периодот од 23 до 29 јануари 2022 година. Сите трошоци за патувањето и престојот ќе бидат покриени од МНЗА, т.е. од овој Еразмус плус проект. Таму ќе посетуваат курс во времетраење од 5 дена. Конкурсот се однесува на 3 студенти/постдипломци/млади колеги.

Услови кои треба да ги исполнуваат студентите или постдипломците:

  • Да се студенти од трета или четврта година на ИСЕР или ИП, или пак постдипломци на насоката „Интелектуална попреченост и аутизам“, или скоро завршени специјални едукатори и рехабилитатори (невработени), или постдипломци на ИП;
  • Да имаат интерес и волја да работат со деца и лица со АСН;
  • Да имаат најмалку просек 8,50;
  • Да ги имаат положено моите испити кај мене;
  • Да се вакцинирани со 2 дози Фајзер или други „западни“ вакцини (за жал Малта не ги признава „источните“ вакцини). Ова е услов од домаќинот;
  • Релативно добро да знаат англиски јазик за да можат да ги следат курсевите и да се разберат со колегите од другите земји;
  • По враќањето да имаат желба во периодот од февруари до април да работат одреден број на часови во „Младински хабови за лица со АСН“ за што ќе добијат дополнителен хонорар. Во овие хабови ќе се работи на подобрување на социјалните вештини на младите лица со АСН во мали групи од по 2-3 лица.
Ве молам сите заинтересирани најдоцна до 3 декември да се пријавите на следната е-пошта: vladotra@fzf.ukim.edu.mk. Доколку има повеќе пријавени од потребната бројка, ќе се прави селекција според успехот на студиите и други објективни критериуми.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот ЛИНК.

Со почит,
Претседател на МНЗА

Thursday, November 18, 2021

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 18.11.2021

Почитувани студенти,

Ви ги споделувам резултатите од утринскиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. Може да се заклучи дека доста сте го потцениле предметот. Некои изгледа немале попаметна работа па дошле само да го погледнат тестот. Резултатите се конечни и никакви спуштања на граници, притискања и ургенции не се дозволени.

Колоквиумот се смета за положен со освоени најмалку 18 поени. Условно се пуштени само студентите со 16 и 17 поени и на наредниот колоквиум ќе мора да освојат најмалку 19, т.е. 20 поени.

Реден број

Број на индекс

ЕКТС

поени

1.     

25639/21

21

2.     

25671/21

20

3.     

25338/20

19

4.     

24510/17

19

5.     

10945/21

17 усл.

6.     

25689/21

17 усл.

7.     

9453/16

16 усл.

8.     

10504/19

16 усл.

9.     

25376/20

15

10.  

10939/21

14

11.  

10727/20

14

12.  

10935/21

14

13.  

25673/21

12

14.  

25602/21

12

15.  

10074/17

11

16.  

10959/21

10

17.  

25677/21

10

18.  

25612/21

10

19.  

10510/19

9

20.  

10910/21

9

21.  

25336/20

9

22.  

10717/20

9

23.  

10924/21

9

24.  

25640/21

8

25.  

10911/21

8

26.  

25631/21

8

27.  

10903/21

8

28.  

25608/21

8

29.  

10957/21

7

30.  

10908/21

7

31.  

25616/21

7

32.  

10916/21

7

33.  

10914/21

6

34.  

25633/21

6

35.  

25626/21

6

36.  

10905/21

5

37.  

10930/21

5

38.  

10158/18

5

39.  

25615/21

5

40.  

10946/21

4

41.  

8206/12

4

42.  

10925/21

3

43.  

10961/21

2

44.  

25628/21

2

45.  

10937/21

2

46.  

10920/21

2

47.  

10907/21

2

48.  

10941/21

1


Предметен наставник

Предавања Аутистичен спектар на нарушувања 20.11.2021 и 21.11.2021

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека на првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 20 и 21 ноември 2021 година со почеток во 9:30 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Повторувам предавањата се задолжителни и за актуелната прва година и за презапишаните постдипломци. Новите постдипломци треба да побараат прием во тимот час поскоро. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник