Showing posts with label јануари-февруари. Show all posts
Showing posts with label јануари-февруари. Show all posts

Saturday, January 8, 2022

Приклучување на Мудл платформата на ФЗФ

Почитувани студенти,

Најпрвин да ви ги честитам сите празници и да ви посакам успешна 2022 година. Како што ве информирав претходно, електорнските испити ќе се полагаат на Мудл платформата на ФЗФ, заради тоа што програмот Квалтрикс има прескапа претплата и едноставно договорот со нив ФЗФ не го продолжил за 2022 година. Доколку не сте се пријавиле во дотичниот предмет што го предавам јас, ќе ве замолам тоа да го сторите веднаш, особено студентите од ИП што ќе го полагаат вториот колоквиум по ХГФ во среда на 12.01.2022 година. Доколку имате технички проблеми, ве молам обратете се до ИТ лицето за контакт на ФЗФ на следната е-пошта: hristijan@fzf.ukim.edu.mk 

Без да бидете член на моите предмети кои треба да ги полагате, не можете да пристапите кон тестот и тоа нема да биде мој проблем, туку лично ваш. Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник

Wednesday, December 29, 2021

Термини за полагање испити од втор циклус на студии - јануарско-февруарска сесија 2022

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за зимската сесија:

Прва декада
27.01.2022 - Аутизам - 09:00 часот
27.01.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 11:00 часот
27.01.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот

Втора декада
04.02.2022 - Аутизам 09:00 часот
04.02.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот
04.02.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно на платформата Мајкрософт Тимс. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со Ковид-19 епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите! Ви посакувам среќни престојни празници!
Предметен наставник