Showing posts with label Мудл. Show all posts
Showing posts with label Мудл. Show all posts

Monday, November 28, 2022

Предавање на семинарски трудови

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,

Во врска со проблемите што се јавиле кај некои студенти за прикачување на семинарски труд, сакам да ве известам дека има алтернативно решение, а тоа е преку МУДЛ системот на ФЗФ. Кликнете на линкот и задолжително зачленете се во предметот ФФА или ХГФ, зависно од кој институт сте. Да ве потсетам дека семинарските се прикачуваат во програмот Ворд, а краен рок е 30.11.2022 година во 23:59 часот. Ова важи само за студентите што имаат проблем со Мајкрософт Тимс.

Со почит,

Предметен наставник

Saturday, January 8, 2022

Приклучување на Мудл платформата на ФЗФ

Почитувани студенти,

Најпрвин да ви ги честитам сите празници и да ви посакам успешна 2022 година. Како што ве информирав претходно, електорнските испити ќе се полагаат на Мудл платформата на ФЗФ, заради тоа што програмот Квалтрикс има прескапа претплата и едноставно договорот со нив ФЗФ не го продолжил за 2022 година. Доколку не сте се пријавиле во дотичниот предмет што го предавам јас, ќе ве замолам тоа да го сторите веднаш, особено студентите од ИП што ќе го полагаат вториот колоквиум по ХГФ во среда на 12.01.2022 година. Доколку имате технички проблеми, ве молам обратете се до ИТ лицето за контакт на ФЗФ на следната е-пошта: hristijan@fzf.ukim.edu.mk 

Без да бидете член на моите предмети кои треба да ги полагате, не можете да пристапите кон тестот и тоа нема да биде мој проблем, туку лично ваш. Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник