Почитувани студенти, драги постдипломци,
Го објавувам овој интерен конкурс за службено патување во Малта во рамките на проектот на МНЗА и партнерски организации од ЕУ под наслов „Пријателски места за аутизам“. Патувањето ќе се реализира во периодот од 23 до 29 јануари 2022 година. Сите трошоци за патувањето и престојот ќе бидат покриени од МНЗА, т.е. од овој Еразмус плус проект. Таму ќе посетуваат курс во времетраење од 5 дена. Конкурсот се однесува на 3 студенти/постдипломци/млади колеги.
Услови кои треба да ги исполнуваат студентите или постдипломците:
- Да се студенти од трета или четврта година на ИСЕР или ИП, или пак постдипломци на насоката „Интелектуална попреченост и аутизам“, или скоро завршени специјални едукатори и рехабилитатори (невработени), или постдипломци на ИП;
- Да имаат интерес и волја да работат со деца и лица со АСН;
- Да имаат најмалку просек 8,50;
- Да ги имаат положено моите испити кај мене;
- Да се вакцинирани со 2 дози Фајзер или други „западни“ вакцини (за жал Малта не ги признава „источните“ вакцини). Ова е услов од домаќинот;
- Релативно добро да знаат англиски јазик за да можат да ги следат курсевите и да се разберат со колегите од другите земји;
- По враќањето да имаат желба во периодот од февруари до април да работат одреден број на часови во „Младински хабови за лица со АСН“ за што ќе добијат дополнителен хонорар. Во овие хабови ќе се работи на подобрување на социјалните вештини на младите лица со АСН во мали групи од по 2-3 лица.