Tuesday, February 1, 2022

Пишување оцени - 02.02.2022

Почитувани студенти,

Сите вие кои положивте испити во последните два дена или порано, ве поканувам утре во период од 9:30 до 10:00 (или ако сакате и пред тоа) да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР во кутија каде ќе биде назначено моето име. Бидејќи имам доста обврски не ветувам дека би биле готови пред 12:00 до 13:00 часот. Сукцесивно ќе ги враќам во кутијата како ќе ги пишувам оцените. Можете да ги земете назад потоа и некој друг ден. Ве молам да не доаѓате кај мене пред кабинет заради ладното време и заради превенција од Ковид-19. Не примам консултации со физичко присуство. Ваков термин официјален ќе има уште еден наредната седмица, а потоа вие можете да ги оставите индексите во библиотеката, но не ви гарантирам кога ќе ви напишам оцена.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment