Wednesday, June 12, 2019

Резултати од испитот ХГ - 12.06.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по предметот Хумана генетика. Истите се очајно слаби. На две студентки им се дава шанса да дојдат повторно да го полагаат писмено испитот во втората декада, доколку сакаат. Не мора да носат повторно пријава. Доколку се одлучат да полагаат повторно задолжително да ми се јават со е-пошта.

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
24081/16
29.5
условно
2.       
9474/16
28.5
условно
3.       
24093/16
21.5
5
4.       
23577/14
15
5
5.       
9519/16
14.5
5
6.       
8939/15
12.5
5
7.       
23564/14
9.5
5
8.       
8182/12
9.5
5
9.       
23760/15
9
5
10.   
23758/15
8.5
5
11.   
7833/11
8.5
5
12.   
23137/13
8
5
13.   
7870/12
7.5
5
14.   
8575/14
7.5
5
15.   
9097/15
5
5
16.   
8193/12
5
5
17.   
8538/14
4.5
5
18.   
7875/12
4
5
19.   
7013/10
3
5
20.   
23152/13
2.5
5

Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - 12.06.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инвалидноста. Само една студентка го положи испитот. Честитки до неа!

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
23267/14
37
6
2.       
8526/14
14.5
5
3.       
8605/14
8.5
5
4.       
23144/13
7
5

Предеметен наставник

Tuesday, June 11, 2019

Резултати од испитот ФФА - 11.06.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Само една студентка е пуштена условно.

Реден број
Број на индекс
Бодови
тест
Оценка
1.       
8605/14
33
Усл.
2.       
9478/16
28
5
3.       
9493/16
27
5
4.       
24571/17
24
5
5.       
9127/15
20.5
5
6.       
9134/15
19.5
5
7.       
24051/16
17
5
8.       
8538/14
15.5
5
9.       
7833/11
13.5
5
10.   
23740/15
13
5
11.   
7906/12
11.5
5
12.   
7870/12
11
5
13.   
10080/17
10.5
5
14.   
9113/15
10.5
5
15.   
8193/12
10
5

Забелешка: студентката што е пуштена условно треба да се јави на устен испит на 17.06.2019 година во 11:00 часот доколку сака да има шанси да го положи испитот. Потребно е истата да ми испрати е-пошта во недела за да видам дали евентуално не би имало некои поместувања во времето на полагање.

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГФ - 11.06.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика и физиологија. Од пет студентки, само една го положи испитот. Честитки до неа. Оцени најверојатно ќе се пишуваат на 13.06.2019 за што ќе бидете навремено известени на овој блог.

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
10154/18
36
7
2.       
24611/18
24
5
3.       
24602/18
22
5
4.       
24610/18
18.5
5
5.       
10186/18
17
5

Предметен наставник

Monday, June 10, 2019

Прва декада јунска сесија - 2019

Почитувани студенти,
Од денес започнува првата декада на јунската сесија, а кај мене испитите започнуваат утре по следниот редослед:

Прва декада
11.06.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
12.06.2019 - ХГ, МОИ во 08:00
13.06.2019 - Аутизам - 09:00 часот
13.06.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Вие сте должни да дојдете 15 минути пред дадениот термин пред библиотеката на Институтот за дефектологија. Испитите од прв циклус студии ќе се одвиваат во Електронската лабораторија. На испит се доаѓа со пријава за испит. Ниту еден студент нема да биде примен на полагање без потпис, без освоени 15 ЕКТС поени и доколку доцни. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Вие сте должни да ги следите моите социјални медиуми и навреме да се информирате за сите новини и евентуални промени.

Предметен наставник

Tuesday, June 4, 2019

За конгресот во Русија

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели

Последниве три дена, а првите од месец јуни изминаа во знакот на фантастичниот и вонвремеснки успех на РК Вардар од Македонија. Јавно им честитам што не` направија горди сите Македонци и сите граѓани на Македонија кои го сакаат овој Вардар и секако и пошироко од нашата држава. Во неделата долго време по аеродроми и во воздух, па немав време да го направам стандардното осврнување на конгресот што се одржа во Санкт Петербург. Имено од мојот драг колега и пријател проф. д-р Дмитри Бутко бев поканет да присуствувам на нивниот трет педијатриски конгрес под наслов „Здрави деца - иднина на државата". Финансиските средства за мојот пат и престој беа обезбедени од Државниот педијатриски медицински универзитет од Санкт Петербург за што јавно им благодарам во оваа пригода на ректоратот и на колегата Бутко лично. На конгресот презентирав две теми под наслов: "Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities: one year of good practice" и "Screening for Comorbid Psychiatric Conditions in Persons with Autism Spectrum Disorders". На конгресот имаше околу 400 гости, а во мојата сесија 50-тина учесници. Малку е чудно што поголема чест ми прават руските педијатри, отколку на пример, македонските кои не ме не удостојуваат со покана на педијатриска школа. Но, отсекогаш било така: повеќе те ценат надвор, отколку внатре. Нејсе ќе преживеам и со тие неправди, какви ли не сум ги преживеал во овој половина век? На моја иницијатива за времето на престојот од нивниот ректор беше потпишан меморандум за разбирање меѓу нивниот универзитет и ФЗФ од Скопје. Слики од конгресот може да најдете на мојот официјален ФБ профил
На маргините на конгресот на 29 мај направив посета на регионалниот Центар за аутизам во Санкт Петербург кој постои 26 години во Русија, а во последните три години се наоѓа во нов објект, врвно опремен со стручњаци кои одлично си ја знаат работата. Овој центар во ништо не заостанува зад тие што сум ги гледал во западниот свет, дури во некои домени е и подобар. Таму имав можност да ги презентирам едногодишните резултати од списанието кое го водам #JRTDD (видете погоре линк). Беа разменети искуства и беше изразена двострана желба за понатамошна соработка. Слики од настанот ќе можете да видите овде.
Во социјалниот дел беа посетени музејот Ермитаж, Марински операта, летната градина и многу други знаменитости на преубавиот со не баш типична клима за нас Санкт Петербург.
По повеќе од 15 часовен пат, чекања на 4 аеродроми, сменети 3 авиони, проблеми со дрски стјуардеси, заборавен багаж претходно во Белград се вратив на 2 јуни на половина час пред големото финале меѓу Вардар и Веспрем. Другото веќе ви е познато и претставува златна историја за македонскиот спорт.
Конгресменот :)




Sunday, May 26, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 27.05.2019

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 27.05.2019 година во периодот од 10:30 до 12:00 часот да си ја завршите обврската за освојување на 15 ЕКТС поени. Ова најверојатно ќе биде и последниот ваков термин пред престојната јунска сесија. Кој нема освоено 15 ЕКТС поени нема да може да полага испит во јунската сесија.
Предметен наставник