Tuesday, November 28, 2017

Ментор и менторирање

Почитувани колешки и колеги,

Често пати говорам за улогата на менторот во процесот на едукацијата. Дискутирам за тоа која е неговата улога, може ли секој секому да биде ментор? На што треба да внимава студентот при изборот на менторот. Затоа сега решив да споделам некои размислувања со вас. Можеби ова ќе му помогне на некој кандидат при изборот на ментор.
Менторот треба да:
  • понуди поддршка и охрабрување,
  • се подготви за својата сопствена експертиза за да им помогне наистражувачите да ги развијат своите истражувања и публикации,
  • обезбедува совети и дава поддршка на истражувач во изготвување налични истражувања и план за работа, вклучувајќи поставување на цели и задачи на истражувањето,
  • дејствува како резонатор или огледало за истражување на идеите ипрашањата што произлегуваат од истражувањата кои се спроведуваат на одредена тема,
  • даде конструктивен фидбек на истражувањето што се спроведува,
  • прочита и да даде коментари за нацрт документи за објавување,
  • нуди совети и насоки за соодветни списанија за трудовите да бидат доставени во правилна форма,
  • се ангажира во заеднички мониторинг на постигнувањето на целите и напланираните исходи заедно со истражувачот,
  • дејствува како соодветен пример во нивниот капацитет и како истражувач и како ментор,
  • биде колегијално настроен кон кандидатот.

Како да идентификувате добар ментор?

Основната група на ментори ќе бидат идентификувани од поискусни истражувачи на факултетите врз основа на следните размислувања:

Добриот ментор мора да има објавено најмалку пет труда во рецензирани академски списанија и тоа со фактор на влијание, да има покани за реализација како предавач на конференции, итн.
Искуство на менторство или слична улога (ова може да вклучуваат, на пример, учество во обезбедувањето поддршка и надзор на своите колеги, разгледување на материјали за објавување, спроведување на наставата и истражување на предмети).
Треба да има искуство за надгледување на други истражувачи (ова може да вклучува, на пример, надзор на напредни истражувања на студентите, да биде раководител на проект).

Драги студенти, размислете добро при одбирањето на менторот дали целта на дипломската, магистерската или докторската теза е побрзо да се заврши одбраната и да се протрча низ процесот на нејзина одбрана, или спротивното менторот постапно, со повеќе барања од вас да ве доведе до стадиум на зрел истражувач.

Потенцијален ментор

Избор на теми за магистерски труд

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви понудам некои можни теми за изработка на магистерски труд:
  1. Арт терапија и развој на комуникативни способности кај деца со аутизам.
  2. Аутизам во контекст на училиште за ученици со умерена ментална ретардација.
  3. Музичка когнитивност кај деца со аутизам.
  4. Студија за вклученост на можни фактори за ран морталитет кај адулти со Down синдром.
  5. Инциденција на ментални заболувања кај адулти со интелектуална попреченост.
  6. Процена на инвалидноста кај мултипна склероза.
Среќно,
Идниот ментор

Докторати во Македонија

Почитувани колешки и колеги,

Ова е репост на мој пост од стариот блог објавен во јануари 2011 година. Денес го мислам истото, со надополна дека денес и докажани плагиаторки се обидувбаат да поминат на нашиот факултет. Мораме да се бориме за академскиот интегритет, инаку ептен нема да не биде.

јануари 12, 2011

Драги пријатели и пријателки,

Во Македонија секој може да пријави докторат само треба да има желба и малку пари за административни трошоци (не мислам на мито). Пиљар, пазарџија и кондураџија ако им се посака нека се пријават и имаат големи шанси да поминат. Се случува за една година некому да му се посака да го заврши докторатот и доколку менторот тоа го одобри од разно разни причини тогаш на задоволството на кандидатот ќе му нема крај. Се случува кандидат без ниту еден објавен труд во домашно и странско списание да му помине докторатот. Можно е да помине и докторат кој методолошко статистички е катастрофално поставен и пак ништо. Тој/таа може пред 1,5 години да магистрирале и за тој временски период да не настапила научна ферментација и пак да си докторираат истите. Можете да се борите колку сакате против оваа аномалија, но ќе бидете како Давид против Голијат или 6:1 во ноќта глува. Можете и да пишувате петиции и да станете на ННС и да дискутирате против и повторно никому ништо. Некој си ја тера агендата, вие може попрво да цркнете од мака за неправдата према научната вистина, но за тоа нема никому да му биде гајле. Ако е вака на државните универзитети, како ли е на приватните се прашувам? Сигурно многу полошо и подраматично. Дали ние профсорите не сме доволно критични и пуштаме секого и сешто за некои други интереси? Дали тоа ние го допревме дното или има уште подолу и подлабоко тонење во калта? Многу жалам за оние вистински кандидати кои најмалку 3-4 години студиозно работат на своите докторати, кои истите ги објавуваат во списанија со импакт фактор, докторанти кои со многу мака ја стекнале таа титула. И тие и оние првите ќе се стекнат со титула доктор на науки. Но, овие првите секогаш ќе бидат лузери, недопечени сировини, подложни на потсмев. Тие нема да му донесат ништо добро на македонското општество и на македонската наука. Quo vadis homo professorius?

Раскажувачот

Должности на докторандот

Почитувани колешки и колеги,

Да не мислите дека само менторот има обврски и должности. Исто така и докторандот има свои обврски и должности. Мене како ментор најмногу ми смета плагијаторството кај докторандите и сите други кандидати кои изработуваат научни тези. Да го прегледаме тесктот:

Докторандот има обврска темелно да ја проучува областа на истражувањето пред да ја изработи докторската работа. Тој ја презема одговорноста за спроведување на истражувањето и е подготвен да ги совлада потребните вештини за да се соочи со сите проблеми и да има успешна комуникација со менторот. Тој е исто така одговорен за развојот на неговите таленти и да ги исполнува условите потребни за постигнување на титулата доктор на науки. Докторандот треба да ги искористи можностите што ги нуди менторот кога станува збор за ангажирање во научни истражувања во полето на неговото истражување и вмрежување со други научници (на пр. активно учество на конференции, соработка со други научници и институции).
Докторандот е одговорен за развој на научни трудови поврзани со докторски истражувања и го има правото да биде првиот автор на таков труд - се разбира, ако тоа притоа има соодветен придонес.
Докторандот секогаш треба да ги почитува принципите на академска чесност (на пр. добро управување со податоците за истражувањето и податоците добиени од истражувањето, примена на принципите на одговорно авторство, избегнување на конфликт на интереси и да не биде плагијатор).
Докторандот исто така е одговорен за правилно собирање на податоци поврзани со темата на докторската дисертација, кои секогаш треба да бидат достапни на менторот и да се проверат и заедно со менторот да се грижат за можни права на патент што можат да ги заштитат таквите податоци кога е потребно.
Докторандот, заедно со менторот, подготвува план за истражување и затоа ги избира субјектите кои ќе го направат тоа за да се спроведе на време докторската студија.
Докторандот треба да го информира менторот за проблемите што можат да се појават за време на истражувањето што е можно поскоро а се поврзани со докторска работа. Докторандот, заедно со менторот е одговорен за ефикасноста во пишувањето докторска работа, која треба да се заврши во соодветна временска рамка.
Докторандот треба активно да дејствува и да обезбеди напредок во истражувањата поврзани со докторска работа:
- активно да ги компилира прашањата што сака да ги одговори со неговото истражување;
- да биде одговорен за планирање, имплементација и модификација на истражувањето;
- да биде одговорен за анализа и толкување на податоците добиени со истражувањето;
- го става истражување во поширок научен контекст
- критички да размислува за истражувањето што го спроведува.

Менторот

Должности на менторот при изработка на докторска дисертација

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам со вас некои должноси на менторот при изработка на докторската дисертација.
Менторот треба да обезбеди соодветни работни услови и интелектуална клима во која докторандот ќе го развива и извршува своето истражување. Менторот осигурува дека за време на работата на докторската дисертација докторандот може да стекне и други основни вештини што ќе му овозможи успешно да ги извршува задачите што го чекаат откако ќе го одбрани докторатот надвор од научната заедница.
Менторот е одговорен за ефикасноста на докторската работа и тој мора да го поттикне докторандот да ја заврши својата работа во разумно време. Менторот е одговорен за создавање на пријатна професионална работна средина вклучувајќи ја тука помошта во одбирањето на истражувачка група. 
Менторот создава средина во која се почитува академскиот интегритет (на пример, заштитата на личните податоци на испитаниците, одговорното авторство, избегнување на конфликт на интереси).
Специфичните задачи на менторот се:
  • Помогнете го докторандот за да го спроведе планот на истражувањето и доколку е потребно да се прилагодите на секој поединец;
  • Да му помогне на докторандот да вклучи во истражувањето еден поширок контекст;
  • Да му помогне на докторандот во толкувањето и анализата на резултатите добиени од истражувањето;
  • Поттикнете го докторандот да ја претстави својата работа, редовно да присуствува при презентирање и давање повратни информации за неговиот успех во презентирањето на сопствените резултати на истражувањето;
  • Поттикнување на докторските студенти критички да размислуваат за сопствената истражувачка работа;
  • Воведување на докторандот во светот на истражувањето, вклучете го во истражувањата кои ги правите во рамките на своите истражувачки групи, направете му контакт со истражувачи кои вршат истражувања во неговата област на национално и меѓународно ниво и поттикнете го активно да учествува на конференции и да соработува со колеги и институции во областа на неговото истражување;
  • Поттикнување на докторандот да ги објави резултатите од своето истражување во меѓународно признати списанија;
  • Објаснете ги можностите за објавување на резултатите, и научете го да пишува научни трудови, помогнете во подготовка за нивно објавување, и во рамките на тоа, да докторандот да биде прв автор на публикации.
Менторот

Monday, November 27, 2017

Водич за етика на публицирање

Почитувани колешки и колеги,

Сведоци сме на слаба свесност во етиката на публицирањето. Доминира не цитирање, плагијаризам, објавување на едни исти резултати во повеќе списанија. Затоа сакав да делувам малку едукативно на вас и да ви приложам еден интересен труд во таа насока.

Best Practice Guidelines on Publication Ethics: a Publisher’s Perspective
Chris Graf, Elizabeth Wager, Alyson Bowman, Suzan Fiack, Diane Scott-Lichter, Andrew
Robinson
doi: 10.1111/j.1742-1241.2006.01230.x

Како да напиште апстракт?

Драги колешки и колеги,

Често пати студентите, постдипломците и останатите колeги имаат проблеми со пишувањето на резиме или апстракт. Особено тоа го гледав како пролбем во списанието „Дефектолошка теорија и практика„ додека бев главен и одговорен уредник.

Па еве неколку напатствија (извор: http://www.sciencebuddies.org)

An abstract is an abbreviated version of your science fair project final report. For most science fairs it is limited to a maximum of 250 words (check the rules for your competition). The science fair project abstract appears at the beginning of the report as well as on your display board.
Almost all scientists and engineers agree that an abstract should have the following five pieces:
Introduction. This is where you describe the purpose for doing your science fair project or invention. Why should anyone care about the work you did? You have to tell them why. Did you explain something that should cause people to change the way they go about their daily business? If you made an invention or developed a new procedure how is it better, faster, or cheaper than what is already out there? Motivate the reader to finish the abstract and read the entire paper or display board.

Problem Statement. Identify the problem you solved or the hypothesis you investigated.
Procedures. What was your approach for investigating the problem? Don’t go into detail about materials unless they were critical to your success. Do describe the most important variables if you have room.
Results. What answer did you obtain? Be specific and use numbers to describe your results. Do not use vague terms like "most" or "some."
Conclusions. State what your science fair project or invention contributes to the area you worked in. Did you meet your objectives? For an engineering project state whether you met your design criteria.

Things to Avoid
Avoid jargon or any technical terms that most readers won’t understand.
Avoid abbreviations or acronyms that are not commonly understood unless you describe what they mean.
Abstracts do not have a bibliography or citations.
Abstracts do not contain tables or graphs.
For most science fairs, the abstract must focus on the previous 12 months’ research (or less), and give only minimal reference to any earlier work.
If you are working with a scientist or mentor, your abstract should only include procedures done by you, and you should not put acknowledgements to anyone in your abstract.

Why Is an Abstract Important?
Your science fair project abstract lets people quickly determine if they want to read the entire report. Consequently, at least ten times as many people will read your abstract as any other part of your work. It’s like an advertisement for what you’ve done. If you want judges and the public to be excited about your science fair project, then write an exciting, engaging abstract!
Since an abstract is so short, each section is usually only one or two sentences long. Consequently, every word is important to conveying your message. If a word is boring or vague, refer to a thesaurus and find a better one! If a word is not adding something important, cut it! But, even with the abstract’s brief length, don’t be afraid to reinforce a key point by stating it in more than one way or referring to it in more than one section.

How to Meet the Word Limit
Most authors agree that it is harder to write a short description of something than a long one. Here’s a tip: for your first draft, don’t be overly concerned about the length. Just make sure you include all the key information. Then take your draft and start crossing our words, phrases, and sentences that are less important than others. Look for places where you can combine sentences in ways that shorten the total length. Put it aside for a while, then come back and re-read your draft. With a fresh eye, you’ll probably find new places to cut. Before you know it you will have a tightly written abstract.

15 ЕКТС поени - ноември 2017

Почитувани студенти,
Истите термини што важат за предавање на семинарските работи важат и за освојување на 15 ЕКТС поени на студенти од сите генерации кои досега не освоиле. Ве молам не чекајте крај на декември, користете ги сите можни опции.
Еве ги термините:

  • Денес од 10:00 до 13:00 часот,
  • Вторник од 10:00 до 13:00 часот,
  • Среда од 09.00 до 11:00 часот.
Предметен наставник

Sunday, November 26, 2017

Прием на семинарски трудови ХГ и ФФА

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да ве информирам дека овие денови: 27, 28 и 29 ноември ќе ги примам вашите семинарски трудови по ХГ и ФФА во кабинетот на ФЗФ и тоа по следниот распоред:

  • Понеделник од 10:00 до 13:00 часот,
  • Вторник од 10:00 до 13:00 часот,
  • Среда од 09.00 до 11:00 часот.

Сите што нема да успеат во тој наведен период да ги достават нема да може да сметаат на прегледување на истите и добивање на поени. Семинарските треба и да се закачат преку Гугл драјв во специјални фолдери што треба да ги изработи студентката Т.К. Податоците за тоа ќе ви бидат закачени на групата на ФБ. Електронското закачување на трудовите во Ворд формат треба да се изведе најдоцна до 30.11.2017 година во 23:59 часот.
Предметен наставник

Wednesday, November 22, 2017

Како да напишете теза

Почитувани студенти, постдипломци, драги колеги,
Сигурно сте се соочиле со проблемот како да напишете дипломска или магистерка теза, или пак докторска дисертација. Проблемот не е ни малку лесен. Има многу книги, прирачници напишано за тоа. Јас еве и на Интернет сакам да ви помогнам во таа дилема и ви нудам една интересна веб страница. Кликнете на линкот.
Предметен наставник

Saturday, November 11, 2017

Ours article cited in IF journal from Turkey

Dear colleagues,
I want to share with you our newest citation into impact factor journal EURASIA Journal of Mathematics, Science and Technology EducationImpact factor is 0.903.
This article coauthored by myself has been cited there: 
Karanfiloski, A., & Trajkovski, V. (2008). Sexual education for persons with intellectual disabilities. Journal of Special Education and Rehabilitation, 9(1-2), 55-66.
Cheers

Tuesday, November 7, 2017

Најава за одбрана на две магистерски тези за аутизам

Почитувани колешки и колеги,
Би сакал да најавам одбрана на две магистерски тези во наредната седмица и тоа првата за утре на Марија Максимовска од Институтот за психологија под наслов „Разлики во психолошките аспекти на родителството во семејства со дете со и без аутистичен спектар на нарушување", во која ќе бидам член на комисија и ќе се брани утре. Втората одбрана е закажана за 15.11.2017 година на колешката Ивана Василевска Петровска од Институтот за дефектологија под наслов: „Подобрување на разбирањето на емоции кај ученици со нарушување од аутистичниот спектар - евалуација на компјутерска интервенција, каде што сум ментор.
На овој начин нашата научна ризница што го обработува аутизмот како главен проблем се збогатува за уште две значајни теми.
Претседател на МНЗА


Monday, November 6, 2017

#ESIPP конференцијата за аутизам од мој агол

Почитувани колешки и колеги, драги пријателки и пријатели,
Конечно најдов време малку да се осврнам на #ESIPP конференцијата за аутизам што се одржа на 1 ноември во Музејот на македонската борба. Голема благодарност до менаџментот за отстапениот простор и за нивната љубезност. Не очекувајте во овој напис субјективни оцени од мене, туку само факти и прилози. Учествуваа преку 150 учесници. Конференцијата се подготвуваше напорно 3 месеци. Соопштението до медиумите по конференцијата можете да го симнете овде. Имаше одлична покриеност од медиумите. Прилогот од прес конференцијата на МРТ. Благодарност до сите нив што дојдоа и уште еднаш влијае на свесноста на населението во нашата држава. Настанот го фотографираше господинот Стојан Андонов, инаку член на МНЗА и доколку сакате да погледнете слики од истиот стиснете го следниот линк. На конференцијата го имав воведното предавање под наслов „МНЗА, родителите и аутизмот во Македонија", што ќе можете целосно да го погледнете подолу:


Ако имате потреба од слајдовите од моето предавање ве молам кликнете овде. Родителите на конференцијата беа застапени во 10%, а од Владата на РМ имаше еден претставник и две претставнички од МОН. Благодарност до секретарот на МНЗА Филип Јуртоски и студентите од прва и втора година на Институтот за дефектологија кои ми помогнаа на самиот ден на настанот.

Претседател на МНЗА

Sunday, November 5, 2017

#ESIPP press release за конференцијата: Помош и поддршка на родителите на децата со аутизам

Почитувани новинари, драги колеги и колешки,

Еднодневната конференција "Помош и поддршка на родителите на децата со аутизам#, која се одржа во рамките на европскиот проект "Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство# (ESIPP), ја подигна свеста за важноста на образованието на родителите на деца со аутизам и беше споделена работата и експертизата на партнерите во проектот со пошироката публика. 
Повеќе од 150 родители, креатори на политики, стручњаци, универзитетски професори и други засегнати страни имаа можност да научат повеќе за едукацијата на родителите на децата со аутизам во Македонија, Хрватска и Кипар и Програмата за образование на родители на ESIPP, развиена во соработка со партнери од Европа. Конференцијата се одржа во Музејот на македонската борба и беше организиран од Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). 
Пред конференцијата, креаторите на политиките во Македонија и претставниците на ESIPP проектот од Универзитетот во Нортхемптон (Обединето Кралство), МНЗА, родител на дете со аутизам, претставници на МОН и државен советник во Владата на РМ одржаа дискусија на округла маса за да разменат идеи и да видат кои се предизвиците со кои се соочуваат родителите на деца со аутизам во Македонија. 
Присутните на конференцијата учествуваа на работилниците "Управување со сензорната чувствителноста кај аутизмот" и "Несакано однесување - разбирање и практични стратегии", презентирани од партнерите на ESIPP и тоа од: Target Autism (Обединето Кралство), Центарот за пракса за проценка на аутизмот (Кипар) и МНЗА. Сите овие различни презентации од партнерите на ESIPP беа поддржани со видеа со цел споделување на сведоштва на различни родители кои веќе учествуваа во различни ESIPP тренинг сесии. 


Позадина
Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство (ESIPP) проектот кој се фокусира на нудење на едукација и обука за родителите на децата со аутизам. Во периодот од септември 2015 до август 2018 година, проектот е финансиран од Програмата Еразмус + на Европската комисија.
Аутизмот е невроразвојна состојба, која се карактеризира со тешкотии во социјалната комуникација и социјалната интеракција, како и ограничено и повторувачко однесување и интереси. Има околу 5 милиони луѓе во аутистичкиот спектар во Европа - околу 1 на секои 100 луѓе - кои секојдневно влијаат врз животот на повеќе од 20 милиони луѓе.

За повеќе информации:

МНЗА контакти:
www.mssa.org.mk
president@mssa.org.mk

ESIPP контакти:
www.esipp.eu
info@esipp.eu

Резултати од првиот колоквиум по ФФА - 05.11.2017

Почитувани студенти,
Во прилог ви ги давам резултатите од првиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија што се одржа утрово. Условно се пуштени само студентите со 17.5 и 17 поени и на наредниот колоквиум ќе мора да освојат најмалку 18.5 и 19 поени. Честитки до положените студенти.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
24529/17
27.5
2.       
24522/17
26
3.       
8555/14
25.5
4.       
24062/16
25.5
5.       
24048/16
22
6.       
9479/16
20.5
7.       
8575/14
20
8.       
9505/16
20
9.       
24547/17
20
10.   
10102/17
19.5
11.   
8583/14
19.5
12.   
24574/17
19
13.   
9487/16
19
14.   
24572/17
18
15.   
23577/14
18
16.   
10046/17
18
17.   
8521/14
17.5 условно
18.   
24569/17
17.5 условно
19.   
24093/16
17 условно
20.   
9489/16
16.5
21.   
24533/17
16
22.   
24081/16
16
23.   
9480/16
15
24.   
24095/16
14.5
25.   
9494/16
13.5
26.   
9466/16
13.5
27.   
23315/14
13.5
28.   
8590/14
13
29.   
9998/17
13
30.   
10110/17
12.5
31.   
23786/15
12.5
32.   
9477/16
12.5
33.   
9606/16
12
34.   
24052/16
12
35.   
10080/17
11.5
36.   
7904/12
11.5
37.   
24539/17
11
38.   
24099/16
10.5
39.   
8423/13
10
40.   
9501/16
10
41.   
24549/17
10
42.   
9119/15
10
43.   
10051/17
9.5
44.   
24508/17
9.5
45.   
9121/15
9.5
46.   
10039/17
9
47.   
23152/13
9
48.   
9447/16
9
49.   
24543/17
8.5
50.   
10111/17
8.5
51.   
10084/17
8.5
52.   
24523/17
8
53.   
10107/17
7.5
54.   
9519/16
7.5
55.   
10052/17
7.5
56.   
8538/14
7.5
57.   
24510/17
7
58.   
24513/17
6
59.   
10027/17
6
60.   
10017/17
5.5
61.   
10062/17
5
62.   
24515/17
5
63.   
10119/17
5
64.   
9470/16
5
65.   
23273/14
4.5
66.   
24208/17
4.5
67.   
8389/13
4.5
68.   
10070/17
4
69.   
24585/17
4
70.   
9574/16
4
71.   
24571/17
4
72.   
24538/17
4
73.   
9134/15
4
74.   
10030/17
3.5
75.   
10058/17
3
76.   
10074/17
2.5
77.   
24209/17
2.5
78.   
10028/17
2.5
79.   
10009/17
2
80.   
24535/17
2
81.   
10108/17
2
82.   
9455/16
1

Предметен наставник