Сакам да ве информирам дека првиот колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста ќе се полага на 31.03.2018 година. Да, добро прочитавте ќе се полага во сабота со почеток во 09:00 часот во големиот амфитеатар на ФЗФ. Заради виша сила го задржувам правото на промена на терминот, а вие сте должни да го следите овој блог како ваш информатор. Ги молам да се пријават сите заинтересирани студенти кои ќе го полагаат колоквиумот кај своите претставници од генерациите.
Актуелната генерација која го слуша предметот ќе го има 6-тото предавање во вторник на 27.03.2018 година во редовниот термин, а вежби ќе имаат заедно двете групи веднаш по завршување на предавањето, што значи дека на 29.03.2018 година втората група ќе биде ослободена од обврската да доаѓа на вежби.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment